Ради секретот, ми смета многу ама тоа е што е, најверојатно до крај на бременоста ќе ги користам па најдобро е да си се навикнам.
Prvo kje ti se javat mene nakaj 4 popladne mi se javija pisle mi pratija mail. Pa denes bi trebalo da te pobaraat pokasno.
Да бев од Скопје сигурно ќе одев кај него, и би пробала природно ако секако има можност за тоа. Многу се задоволни од него како што читав по форумов. Бев пратена кај него на скрининг заради возраст и близначка бременост постигната со ивф . Од друга страна пак толку сум исплашена што се две и измачена во сиве овие 10 години што мислам дека и најпаметно е царски. Ја прашав докторката што ме води како би се пораѓала и ми рече ,, секако царски,, . Рано ми е се уште 19 недела сум а толку сакам да заспијам и да се разбудам во јуни негде
Девојки како е за кај Димчев? Многу се чека за термин? Ми треба трето мислење. Матичниот ми вика се е во ред, на ендокринолог ми викаат се е во ред со шеќерот, но др од плодност ми вика лошо Цел ден сум под стрес и само плачам. Незнам више кого да слушам. Ем сум прегладнети, ништо не јадам ем не чини вика. Сегде прочитав дека после јадење после 1ч треба да е помал од 10, Др ми вика треба да е помал од 7,8. На гладно 5.2. Треба да е под 5.1. Толку е страшно што е минимално над граница???
Ставај си влошка и сабајле само си млака вода замивај се. Знам досадно е ама има многу бенефити. Др. Димчев вика дека кога се пијат ефектот е на целото тело а вагинално е 100 % врз самата матка што е најпотребно сега. Само треба многу хигиена на раце за да не се предизвика некаква инфекција
Цела бременост ја истерав со шеќер 5,7-5,8. Немаше никакви негативни последици. Кај тебе е 5.2 и навистина е во ред. Што толку лошо ти кажаа во Плодност? Видоа нешто кај бебето?
Има термини кај него. Мене ми ја води бременоста знам дека кога е итно прима и вон термин. Јави се во систина објасни ја ситацијата и замоли ги да те примат што е можно побрзо
Почни да јадеш тонус леб, топла вода и лимон на сабајле на гладно, бел леб никако, не само благо туку се што е вештачко исфрли( смоки чипс) овошје на гладно не јади, после јадење како ужина јади.Ако ти се плаче исплачи се- ама немој да се стресираш, тоа го качува шеќерот. И ако смееш да се движиш- пешачи колку можеш
Утрогестан Вагинално цц 3 месци х 3 пати на ден ставам . Само кога прокрварив ми рекоа две од еднаш да се напијам и бев како дрогирана. Вагинално имале подобар ефект. Околу хигена на раце покрај добро миење со сапун ги дезифицирам прстите со екосал , цекам некоја мин и ги плакнам со вода , ги бришам и го ставам. За сега е ок..... скоро правев уринарен статус и култура и ок излезе,
Со детето фала му на Бога се е во ред. Само 2 недели е понапред, ама кај мене од Сам старт е со недела дена понапред. Кај матичниот кога бев рече одговара на неделите малце е понапред, некој ден. Затоа сакам трето мислење зашто од памет више сум извадена. Првото ми почина на пораѓај(грешка на докторите), недај Боже нешто со ова ако се деси нема да си опростам. После доручек ми е 8.9, 8.1, 8.4 а после ручек и вечера ми е под 8. На тоа др од плодност ми рече дека ми е лошо, требало под 7,8 Сега више се сомневам и во мерките..... Фала мила Значи ништо не јадам. Ни благо, ни чипс, ни никакви глупости, ни овошје. Вчера и денеска пр истиот доручек го јадев и количински и се. Вчера 7.4 денеска 8.4
Истиот ефект и кај мене, ќе испијам две и сум како потпивната. Легнувам да спијам, спијам ко топ. Од денеска пијам по едно,па ќе видам како делуваат. Може и од тоа што ти е стресно. За инсулинска резистенција ги препишуваат Глуко Витал Фимејл- на природна база се. Ова обично оди доколку имаш полицистични јајници( по блага фирма) па го контролира инсулинот што индиректно влијае врз шеќерот. Ама прво види со др. Не знам дали може во понапредна бременост
Ништо овој од плодност не ми кажува. Само се лоши резултатите и толку. Ни дали да пијам нешто ни дали да не пијан. Некој кога ќе ти рече лошо е треба да каже зошто и што треба да се превземе а не само на лошо е да останеме. Многу се разочарав а најпозитивно мислење имав за него. Ќе пробам за кај Димчев
Смени др што те води Шо му е бе на овие од Плодност? Шо се повампирија? Деновиве само лоши искуства од нив читаме Ти смири се се е ок и со тебе и со бебе само смени др и болница