Mene taka me bolese..kako strekanje swga pomina vo bolki na leviathan kolk I trnenje na rakatq..postp sako na strana mozam sa legnam...I plus vrtoglavicite ..mi rekoa da pojacam doza magnezium....pa ke vidime....
@ShtruMfeticka кај кој доктор во Плодност одиш на преглед? Не се секирај се се средува, јас уште пред да забременам сум со терапија од инсулинската резистенција.
Не се секирај, се се средува. Можеби не му бил денот. Колку повеќе знаеме толку повеќе паника си правиме. Секој ден само се преиспитуваме, се анализираме нови тегоби си наоѓаме. Хормонскиов коктел не го поднесувам најдобро но сега почнав да си велам дека тоа што е мое само ќе си дојде. Верувај јас од петокот се борам со општа болница Охрид да добијам информација кога ќе биде докторката на работа и упорно секој ден ми велат "денес не е, не знам кога ќе биде на работа" и во истата секунда ми спуштаат слушалка. Ситуацијава почнува веќе да ми станува комична но тоа е што е. Можеби се е со причина. Пред некој ден вие ме тешевте мене, стисни заби, јака си и се ќе надминиш. Бебчето ќе си биде добро
И мене ме интересира ова Јас пред два дена купив курс од акушерка Николина (moja_akusherka на инстаграм), моментално е на 50% попуст и е 1200 денари. Само што почнав да ги гледам видеата, кога ќе зсвршам ќе споделам мислење. Исто така сакав да го купам и на mamma.mk.prenatal.education, ама тоа понатака (ако има некоја купено може да сподели како е задоволна). Во меѓувреме слушам бесплатни вебинари што ми излегуваат на instagram. Јас сум на патолошка бременост, па имам доста слободно време, викам да го искористам барем и за нешто корисно да научам.
Здраво, пишував и пред некое време, 11+4 сум бремена, имам главоболки само на десна страна, притисокот ми е 90 со 60 ама и пред бременост сум со низок притисок, не сум мерела само дали до волку ми е низок... Многу паничам си правам лоши филмови да не ми е нешто лошо во главата, страшен хипохондрик сум, немам мир на душата... Пијам црн сок, многу ретко пијам кафе, ама незнам уствари дали е тоа ногу низок притисок, матичната гинеколог не кажа ништо посебно од шо може да е главоболката... Ми рече парцетамол по потреба и магнезиум да пијам,ама магнезиумот и фолната со б12 ги пијам од печеток на бременост. Имаше период од 10 дена бев ок, сега пак ме фатија главоболки, дали има некоја слично вака со главоболки на една страна на главата, до кога сте ги имале, од што може да бидат, јас ќе полудам само се стресирам како ќе ме штрекне и одма си правам лоши филмови, нешто да не ми е лошо... Со првата бременост апсолутно немав микакви тегоби, а лежев многу повеќе од колку сега,ретко се движев...
и мене баш претходниве два дена ме болеше, ама левата страна, некогаш и цела глава ме боли а до пред бременоста не сум имала никогаш главоболка. Ако случајно примаш прогестерон, јас имам приметено од нив дека ми е, зошто ми дадоа овие денови заради грчеви и одма почнаа главоболки.. а прв триместар често имав само можно е и од утрогестанот а може и од самиот хормонален шок. Притисокот нормално, мене пред бременост ми бил 110/70 или 100/70; до 14та недела се имаше случено на неколку пати и до 70/30, 80/40 да ми падне ама нормално е, не се паничи, кафе ако можеш, ако не, солено нешто, биено сирење, ајран или легни си да спиеш и тоа е..
Да не се плашиш, повеќето и имаат низок притисок во бременост, што е многу поубаво од висок да имаш. Напиј се кафе, кока кола, ќе го крене. Хидрирај се повеќе.
Имам пишувано претходно, цела недела бев со главоболка, никако не поминуваше, ни со парацетамол, на крај не можев да издржам се напив бруфен од 200мг, спиев во темно, масажа, и едвај некако се намири. Сега ми е страв само главата да не ме фати оти тешко ми мине, повремено знаат да ми се јават главоболки и тоа така само од едната страна почнува, а ако потрае и цела глава почнува да ме боли.
Ставам утрогестан, не ги пијам, незнам дали е можно и од тоа, од почетокот ги терам утрогестанот... Ви благодарам многу на советот и споделеното искиство❤️ Ќе почнам да пијам кафе почесто и електролити, белким ќе се управе малку притисокок ако е од него главоболката, ако е од хормони може ќе потрае
@Maria921 @Marijance3 Јас посетував кај Јасна @bebelogija на инстаграм, има опција за онлајн или со физичко присуство. Секој месец е нова група што ја формира и на вибер отпосле и е достапна за прашања. Презадоволна сум, препорачувам, 3000ден се 6 часа од по 1ипол саат, по 2 неделно. Опфаќа подготовка за породување, постпартум нега, доење, нега на бебе. За разлика од Ѓакиев(mamma prenatal) од која едвај ислушав едно онајн предавање и прави отследи заследи на инстаграм да собере фоловерси, разликата е огромна.
Јас го слушав нејзиниот и сум задоволна. Објаснува детално и за случај во Германија и во Македонија. Детална е и нема да ви треба дополнителен курс. Можете и на инста да и пишете одговара кога ќе види. Јас бидејќи живеам во Гер и тука ќе се пораѓам ми одговара нејзиниот курс.
Мигрената ти е тоа мила. И јас патам од низок притисок и мигрена. Јас сум 15+1 бремена. Од 10 недела од бременоста ме фати јако и ме мачеше секој ден до 12 недела. Сега на променава на времево од денес пак ми е ужасно лошо. Освен Парацетамол ништо друго и не смееме. Пиј течности и малку соленко не е на одмет да ти го покачи нискиот притисок.
И мене периодов често ме боли главата. Не е неиздржлива болка, ама е тапа, присутна долго и прилично непријатна. Советот од докторката е мери притисок, ако не е над 140/90, немаш гајле, ќе помине. Претежно ме боли напред, чело, меѓу очи, и се префрлува нагоре, па назад во тил. Нервозно ми е ептен. Не можам да ви опишам колку нерационален страв имам од апарат за притисок, цел живот. А го земам да мерам, мислам срцето од гради ќе ми излезе, а не е убаво ни толку да се вознемирувам. Иако знам дека нема реална опасност, посилно е од мене во тој момент. Деновиве притисокот ми беше нормален при секое мерење, а при мерење пулсот ми скока 90/100. После осеќам дека се смирува. И на доктор кога ми мерат ми е или понизок или нормален. Цел живот имам проблем со ветар, а ме фати ветар, главата ми реагира, а периодов, нема бегање од ветар, морам и да излезам и воздух да ме фати. Читам дека членките пишувале за поврзаност меѓу прогестеронска терапија и главоболки. Да бидам искрена, јас не сум поврзала, а почести главоболки имам од кога почнав да пијам. Пробувам да си помогнам со лежење во удобна положба, масажа со топли раце (ги натоплувам на шише), топол долг туш со фокус на масажи на врат - глава, јога, и секогаш кога можам, колку и да ме боли да излезам на чист воздух. Ако не можам да одам, седнувам на клупа и дишам длабоко. Исто, гледам да останам хидрирана. Парацетамол се уште не сум се напила од страв. Од гинеколог дозволено, со општата матична докторка повеќе пати сме испаднале на муабет, ми вика парацетамол да избегнуваш, не е така наивен. Зошто така вели, стварно врска немам, еднаш ми објасни и пак не запаметив.
Мој најдобронамерен совет е ако веќе земате курсеви да земете (и) курс за доење, секако тие што сакате да доите. Ако ништо друго, ќе бидете спремни и ќе знаете со што сѐ може да се соочите во тој период, ќе знаете што е нормално и очекувано, што не и ќе добиете повеќе самодоверба да се изборите со сите повикани и неповикани “совети и дијагнози” од баби, стринки и тетки. Не оставајте на она “ќе се пораѓам во приватна болница, ќе ме научат таму”, не знаете со какви небулози се сретнав, да оставев на нивните препораки сигурно немаше да истерам ни два месеци доенечки стаж, а не две години.
Сигурно ништо не може да биде лошо Не се оптоварувај без потреба Колку што сум сфатила јас битно е карлично мирување Ти не си имала никакви активности тоа е ваг исцедок нормално од жлездите Не го мисли веќе и толку
Исто, земав курс кај Сандра, ама не сум задоволна, многу општи, нафрлани информации кои веќе ги знаев.