Мислам дека топломериве што изгледаат како старите со жива, одамна по аптеки не се продаваат со жива туку со некоја друга материја, што не е опасна. Не знам како се вика. Како и да е, изгледаат и функционираат исто топломерите. Ептен од старите е, или во поново време го имаш купено?
Ептен сакам курс за доење пошто некако ми се чини дека на таа тема најмалку знаеме како прворотки а е евидентно една од побитните. Имаш предлог за добар курс на темава?
Ич дс не се секираш и да не се мислиш, ни ќе слушаш ни ќе знаеш што зборат. Ќе помине дур трепнеш а уствари процесот си трае. Сериозно не мисли на оваа ич.
Наташа од doenjesoljubov на инста има курс, ама јас лично го немам слушано. Но и самиот профил има многу едукативна содржина, па во комбинација со youtube видеа за правилен фат некако доволно ми беше. Ми текна и дека следев еден курс британски како подготвителен за новороденче, првите денови, нега, капење, пелени и сл., бесплатен беше, ако го најдам линкот и ако уште е активен ќе го постирам овде .
Баш вчера имаше курс за доење преку Дм и Матрона на Зум, јас тука на форумов видов дека ќе има и се пријавив. Многу интересни работи кажаа. Штета што не си видела...
Не ми требаше многу @Baby warrior https://mybabyacademy.co.uk/free-class/free-baby-care-class/ Термините нон стоп се обновуваат иначе, мислам дека секој месец пуштаат, ако евентуално некоја не успее да фати место за февруари.
Го видов и јас ама имав некои активности и не можев да се вклучам ќе следиме и понатака до мај/јуни имам време за темава
https://www.thethompsonmethod.com/g...kg16bCTZV2tWgGTgCQ_aem_l2K6bSHuWpSA4jw7tjnGGA Разгледај има видеа и на јутуб, многу години одамна ја следам.
Не е нов топломер постар е не знам колку време има, сега купен не е да има 5 6 години толку не се секавам искрено
Здраво Сакам да прашам дали некоја има искуство со др. Билјана Гиговска од Ложанковски за водење бременост? И дали се наплаќа ехо за трудници?
Трудниците не треба да плаќаат ништо ако бременоста ја водат во државното здравство, тука секако се и матичните. За жал, ретко кои не наплаќаат. Една од причините што сменив матичниот е тоа што секој преглед го наплаќаше 1000 ден. На новиот матичен му нагласив дека знам дека не треба да плаќам, секако ми потврди дека не наплаќаат на бремени, па сега дали му беше незгодно или не после муабетот не знам, ама ни 1 денар не треба да ни земат.
Никогаш не сум платила ниеден преглед. Стварно не знам зошто се премолчува во врска со ова прашање, па не секој има да плати. Во мојот град трудници не плаќаат нигде, ни крвна слика ни уринокултура, ни прегледи без разлика дали се гинеколошки или не.
и мене многу ме иритира ова, за брисеви 1200 денари, секој преглед 500 денари, во ГАК / Чаир сѐ бесплатно и секој пат сакам да искоментирам, но, пусти страв да не ми направи проблем за боледување или нешто и си плаќам..
Секој преглед кај матичната 500 денари, прв скрининг 3400, со брисевите 4300. Втор скрининг не се сеќавам колку ми зема. За потврдата за првородено дете 300 денари му земала на мм. Си побарал фискална човекот, му дале А секаде кај што бев со упат денар не платив.
Ги претеруваат сите граници, и ја користат таа научена беспомошност од народот. Како навика ни е, ај да поќутам, да не ми потреба, да не треба да ми се најде. Не ќутам реков па што сака нека е. Приватно го платив само скринингот по своја желба и одлука кај приватен доктор, ама другото нема шанса.