апсолутно е така и се согласувам. Јас имам и приватно здравствено и скрининзите во приватна болница ги правев и не платив ништо. Баш се смеевме со сопругот поевтино ми е приватно да водам бременост, ама пак си велам порастеретени се матичните и водат многу повеќе бремености, да терам и таму и таму. Проблемот ми е што изминатава година сменив 2 матични, првиот заради место на живеење што сменив и не беше опција, втората имаше ставови од типот дека ако сум настинела прв триместар сигурно спонтан ќе сум имала и само паники ми правеше и сега немам право да ја сменам оваа и затоа си преќутувам, во спротивно сигурно би се побунила..
Јас сум кај Билјана и ми е број 1. Прегледи наплаќаат и плаќав. Будала сум што не пријавив, ама долго очекувана бременост и некако не се замарав. За следна бременост ако имам,би пријавила.
За жал, мислам дека имаат најдено некоја дупка во закон, зошто мене пример фискална сметка ми даваат за секој преглед, што значи не ги земаат на црно парите.. А и штом 90% од матичните го прават, залудно би било пријавување ако си имаат оправдување за истото..
Во истата ординација @Tea SK ги имаше пријавено и не и наплаќаа. Која дупка? Како ќе оправда парите ако влезе инспекција и на лице место види?
тоа е само мое мислење, чим масовно се прави од матичните дека нашле начин да ги оправдаат парите. Една од претпоставките ми е дека наплаќаат за потрошен материјал, а “прегледот е бесплатен”; а инаку сметам и јас дека е апсолутно безобразно затоа што имам претстава колку заработуваат од капитација и фонд колку им исплаќа месечно и повеќето заработуваат повеќе од докториве на клиника и приватните болници коишто постојано спасуваат животи и дежураат и сѐ попратно..
Така прават оти ретко кој пријавува. Фискална ќе ти даде не е проблем тоа не е никаква дупка, ќе се води во промет како обичен преглед кај пациент. Ама ако трудница пријави дека и наплатиле е тогаш ќе го папа
па според закон и жена којашто не е бремена, не треба да плаќа преглед кај матичен лекар… зарем ако дојде инспекција, аргументот е дека секој ден имаат по 50 приватни прегледи? Не дека би била изненадена, повеќе разочарана ама ете размслувам гласно што им дозволува така масивно да наплаќаат..
Еве можда ќе ви влее надеж, да почнете сите да пријавувате. 2 бремености од тогаш до сега, измеѓу прегледи кога не сум била бремена, денар не ми зеле.
Тоа е тоа додека не почнат да пријавуват.. Ќе се наплаќа. Матични до сега за ништо не ми наплатиле... Двајца гиниколози сум имала до сега. Значи во бременоста и пред неа до сега сум платила мутации, хсг, хомоцистеин приватно зошто јас сум избрала така. Све друго прегледи, крв, пап, брисеви, скринизи ми е бесплатно. И така треба да биде зошто мн пари во фонд идат и за здраствено осигурување.
Одлично. Секоја чест! Ме интересира дали потоа нешто се смени во нејзиниот однос кон тебе? И дали оваа пријава ги освести да не наплаќаат и на сите останати пациентки?
Ништо не се смени ама па не е на докторката ординацијата, она е вработена. Инаку си наплаќаат на др пациенти не дека се освестија, другарка ми е кај нив, под 2000 не е од преглед. Му кажал некој на Ложанковски дека јас, со име и презиме сум го пријавила и сигурно ради тоа не ми наплаќаат, обележан ми е картонот . Сепак да пријават 50 пациентки согурно ќе има ппголем ефект, вака јас нема да плаќам, другите ќе ги дерат....
Фала што помисли на мене мила 38ма недела од денес, цтг мирно, минимално омекнато грло и бебе не е спуштен ич, високо е сеуште Сѐ надевам дека ќе се породам за брзо дека веќе се распаѓам, не се функционира повеќе, јасно ви е мислам и така си чекамее.. Термински другарчиња - @Noemi @Калатеа @Bubicaljubica како се држите вие?
Jas se drzam uste, edvaj mrdam,mnogu se popraviv i mnogu mi e tesko. Ama imam termin so carski ke bidam. Vo brzo vreme ke vi soopstam vesti deka beba pristignala
Ако си ја земам сметката како ќе сторнира? Освен ако не иде во УЈП да вади копија од сметки и да го прави тоа. Си пикаат пари кај стигнат. Најчесто во лични ташни.
Исто и ја кај матичен за преглед пари и пред и сега во бременост ми нема земено. Само за ПАП тест ми имаат наплатено 300 или 500 денари дека и они го праќаат во приватна лабораторија ова пред бременоста зборувам