Супер ја симнав апликацијата логирана одма tnx еве линк за превземање за останатите да не чекаат матични кога им се брза https://apps.apple.com/mk/app/moe-zdravje/id1585980981
Втора бременост. Првата бев со целосна. Од Струга сум. Се породив во државна во Струга, сега здравје план ми е во Плодност, ама во Плодност само со спинал ги оперираат. Јас малце сум анксиозна и затоа сум успаничена од процесот 30+ гн сум. Имам уште време
Да знаеш дека можеш да си земеш под фонд со извештај од хирург или ортопед, бар јас така го зедов пред 4 години од Зегин.
Мене мака веќе ептен, како тераат до 40та мајки леле. ЦТГ мирно ама бебе наместен, напикан во канал скроз, докторка вика ако сакаш царски да закажеме побрзо зошто дечково ќе тргне сам кај и да е. Па денес најверојатно ќе закажеме термин. Ви пуштам среќа.
Ајдееее со лесно. Блазеси ти, ептен најситно броиш А заш не сакаш да пробаш со природно? Или имаш некои индикации? Која недела си сега? Јас ради прв царски и втор ќе ми закажат, ама 3год се поминати незнам зашто не би можело природно. Они си знаат
Жени, ќе прашам овде бидејќи сте ми најактивни. Дали ги правевте (ќе ги правите) контролните брисеви во 28 недела, тие кое имавте уредни во 12та? Мене матичната ми рече да одам во 28ма повторно да ми земе (последно сум била за првите), но еве докторкава што ме води Систина не ми рече да правам нови.
Првото ми е со царски, имам дијабетес и тахикардија - иако докторката рече дека ништо од ова освен првиот царски не е индикација за втор, ама мене искрено ми е многу страв. Не знам ни за царскиов како ќе се спремам иако веќе го знам процесот, за природно после царски читав доста и страв ми е од компликации, а и од фактот што јас за жал психички не сум спремна па не знам колку ќе соработувам.
Јас први брисеви праев во 8 недела. Очекував во 28ма пак, оти минатиот пат памтам 27ма се погодив и праев брисеви. Сега ништо од тоа… На 5ти сум на следен преглед, 31ва ќе сум не знам дали ќе имам… Не дека ти помогнав нешто ама и мене ми е чудно оти не добив. А бев распаметена ради шеќерот и забораив да спомнам. Искрено, колку е груб овој мојов, ич не сакам ни да ми земе брисеви. Знам дека е секунда работа, ама минатиот пат така ме изгреба, ај што болеше, туку имав и кафен исцедок цела недела после тоа.
Појма немам зошто. Преферираат спинална.... Благодарам мила Мене никој ништо не ми спомна. За недела, две сум на контрола кј матичниот па ќе прашам Ајдее само со лесно. Како што треба така ќе си правиш Сите сме испоуплашени
Исто во 11та во систина правев проширен тип брисеви и цервикални и вагинален 7+1 вкупно беа и уште тогаш ја прашав докторкава во систина што ме води кога се наредни. Ми рече ако се чисти сите овие и немаш односи или пак имаш односи ама со кондом не правиме ништо до пороѓај
Јас некни ги правев вторите во 32 недела сите комплет како првиот пат иако се беше чисто првиот пат и ме праша за каде ќе се пораѓам демек на државно ако било барале само за стрептокока повторен брис а на приватно па сите комплет ги барале по 2 пат
Јас би ги направила, направив еднаш во 9та недела, сега во 19-20 та правев само брис миркобилошки за кандида. И планирам последните да ги направам. Тогаш хормоните се најпроменливи многу жени и што имале чисти брисеви можно е да имаат промени посебно ако се цели на спонтано пораѓање.
Па би требало негде до 35 да се направени во случај да имаш пример нешто бактерија да може да се излечи до пораѓај еве јас некни правев и ми зедоја 6 т.е. истите од првиот пат
Денеска 3 ден со вртоглавици. Дали се соочувате во поодмината бременост со таква состојба? Знам во прв триместар дека е вообичаено и нормално ама во 30 недела...?