Јас бев со бронхитис, бев и за антибиотик ама поминав само со алпенкрафт сируп и тоа многу долго траеше кашлицата и со парацетамол. Многу течности, чаеви, супи, толку чај пиев што сега неможам да го смислам.
Која недела си? Јас имам од средина на трет триместар преку неколку дена неподнослива болка во левите ребра а бебето е на десно. Сеа 38ма уште полошо. Не можам да спијам, изгледа јако маваат таму на периоди или другите органи притискаат. Една вечер мислев сум скршила нешто
28+6 сум. На вртење, на земање длабоко воздух, на рака кревање мислиш некој ме мава со нешто, неможам ни да спијам. Се тешам да е од бебево, се надевам не е нешто друго
Мене ми дадоа антибиотик не го испив, истиот сируп го пиев за кашлица плус тие пастелите за трудници што се и мн супа, чај, млеко со шеќер
Сирупот на приватно е или од др ? Многу силно кашлам дури и глава и гради ме болат. А поминав еднаш бронхитис на почеток на бременоста... аман веќе
13 недела сум, сабајле станав и на гладно испив цела чаша цеден сок од калинка по 2-3 саати ми се пријаде и јадев топла пита со јајце и месо и после тоа ги испив фемибионот. По пола саат-саат имав ненормална тежина во желудник и ми дојде нагон и трчанка во тоалет да се испразнам.Сега сум како зашеметена и потресена дали се е во ред , ви се има ли случено вака ? и што можам да се напијам мислам дека болки во желудник?
Ќе се навикнеш Само се да си е ок. Секогаш на почетокот сите сме така. После се навикнуваш на се и неудобност во спиење, лоши мисли, сфаќаш дека телото не е истото како што било пред бременост. И јас сум со ивф и на бед рест сум а пред тоа спортував секој ден и не седнував ама се навикнуваш Може премногу храна му дошло на организмот а тестото од пита, посебно топло ако е знае да влијае на желудникот, плус и витамините. Не е ништо страшно, содабикарбона со водичка или некоха голтка кока кола мене тоа ми помогна сабајлево(само гледај да не внесуваш многу кофеин во текот на денот дека кока колата има доста во него) И кога ги пиеш витамините пиј ги со многу вода. Знаат да застанат некаде во грло па после тешко се топат и влијаат на желудникот
@Baby Girl123 кафе не пијам претежно фемибионот ги пијам или со вода или со газиран сок а погоре во случајот исто беше со газирано мислам дека се каша попара ми се направи и уште нешто на питата уште мајонез и ставив
Во бременоста и онака е зголемено лачењето на киселина во желудник, многу си измешала, сокот од калинка на гладно исто така го дразни желудникот, плус тесто, витамините како шлаг на тортата, тие и така се тешки за пиење. Чај од нане мене ми помага, сода, и избегнувај тешка храна.
Ауу, ова ти е баш тешка комбинација. Јас пред бременоста имав многу силен желудник, мислам најлон да изедев ќе го свареше. Ама сега внимавам. Како се шири матката, се скратува простор за дигестивниот систем. Така да, гледај полесна храна. А ако е потешка, во помали количини во повеќе наврати и нема да имаш проблем со желудник. Вака можеш и дијареа да си создадеш. Витамините се пијат исклучиво со вода. Земи чајче а после некое време банана и таа помага за желудочни болки
Женски едно прашање, бремена сум 22 недела, имав анален секс, притоа во бришење малце крвче може од незгодно или некој хемороид, дали нешто тоа е страшно за бебето и таквиот секс, бидејќивагинален секс од кога сум останатабремена немамимано воопшто …???
Види 2 x2 од 200 тоа ти е 800 мг прогестерон, а сега самото тело од бременоста создава и тоа е шок на телото. Секоја жена создава хормон различно некои повеќе некои помалку и затоа некои имаат лошење некои полесно поминуваат. Јас исто ем лошење таква бременост ем 800мг циклогест неможев глава да кренам ни да јадам ни ништо и знам прогрестерон што нус појави има се јавив му викам докторе јас ќе умрам глава неможам да кренам вака и вака ми вика намали само навечер 400 мг циклогест.. и после се префрлив само навечер 200мг утрогестан. Така да ако осеќаш тежина, комуникација со доктор и намали терапија. Ти ќе си го слушаш телото неможе да идеш против него. И тоа што вика феникс самиот страв ти прави појачани симптоми. Ајде уште некоја недела и после 12та ќе се преродиш. ❤️ И тоа со забите го поминав све, неможев четка да ставам па маж ми викаше заби не миеш.. само еднаш во ден со мака болка едвај.