Јас сум имала јака болка во ребрата од левата страна некаде 8 ми месец. Докторот ми кажа дека таму му се нозете и ме мава иако јас не го осеќав таму.
Внимавај со анален секс ради бактерии во бременост, одма туш и мн внимателно … крв вероватно од позади е … друг канал тотално
Минатата недела кај мене имав некои вакви болки и при мокрење, засилив брусница чајче по два пати дневно и се смири, неделава ќе правам и уринокултура за секој случај … јас изгледа малце се преладив ама помина
Јас избегнувам сок од калинка на гладно бидејќи ми се лоши од него исто и на сопругот му се има случено да исповрати од сок на калинка на гладно.
Мислам дека нема ништо сериозно ако не пече и боли во тек на мокрење Можеби си е настинка Само чај од брусница
Брусница од good nature вертикалното кутиче го зимам стално со 60% брусница јаболко и малку хибискус… битно е што помалце хибискус во составот и плус си грицкам цела недела брусница сува киселка од оваа и смирено е скроз
Следнава недела треба да правам цтг во Ремедика и да ги платам тие 7000 и нешто, па сакав да прашам освен цтг-то прават нешто друго? Исто така ми рекоа да дојдам во период од 4-7 часот, тоа значи дека можам било кога да отидам во тој период?
Да, можеш било кога. Ќе ти направат цтг, ќе ти земат крв за инфективен скрининг и ќе пополниш усно со сестра општ здравствен прашалник поврзан со бременоста. Мене и ехо ми правеа.
Супер фала ти уште едно малку глупаво прашање - имам потреба од сопругот да е таму? Дали му дозволуваат да седи со мене на цтг, дали е присутен при процесиве со мене како на ехо и скрининзи или ќе си чека во чекална? Да не го малтретирам џабе
На ехо дозволуваат, влегуваше со мене во амбуланта кога ме прегледуваше докторот. На цтг не влегуваше пошо се два кревети во една ординација и може да се погодат две жени во исто време па заради приватност.