Сите што проверуваме д димери проверуваме по индиција, повеќето сме со генетски мутации и под терапија која мора да се следи секој месец. Не дека и без терапија не можиме да истуркаме ама после претходни абортуси не би ризикувале
Како што реков погоре, тоа е веќе друга работа ако има индикација, фала богу се ќе направиме за малото душе во нас. Ама читам и често трудници, што се е во ред, па на своја рака да проверам ова или она. Според мене во таков случај непотребен стрес дополнително. Сите претпостсвувам одиме и сме оделе кај др што е стручен и му веруваме и доверуваме да ни ја води бременоста. Кога викаат дека нема потреба, уживајте...
Затоа сега гледам колку што можам да сум попретпазлива. Џабе не е речено, еднаш кога ќе се изгориш, после ќе дуваш и на ладно..
Немаше потреба и пред три години и уживав па ете се деси... За жал здравството кај нас се гледа какво е. Уклучи вести и само такви срања има од што цветаме....
Да создава контракции, подобро ти е глицеринско чепче да ставиш. Го има пиено пред да останам бремена.
Од кај знае он со кого спиеш или маж ти дали спие со некоја друга, а и да не спиете, тие 4 бриса се ОБАВЕЗНИ секоја година сосе пап-от, бидејќи инфекција може да се појави и во моногамен пар. Е од такви доктори останаа неплодни илјадници луѓе, ради устојани инфекции.
Сакав да му речам, јас за мене можам да гарантирам со кого спијам, ама за маж ми неможам Затоа погоре кажав дека здравството ни е за нигде. Оставени сме сами на себе А и сами треба по нет да читаме кога ќе отидеме на матичен што да побараме. Јас на првото со ненормални болки и зелени исцедоци 5 дена, тие ме враќаа и ми викаа дека на цтг не покажувало болки, дека се ми било на психа. Мене не ме болело туку психички ми било.... Да земеш да ги утепаш ама тоа е. Место да ме зема одма царски да ме средија, чекаја болки а јас буквално умирав. После паника ги фати за мене, минути биле и за мене пресудни....
Еве јас имав супер протоци, а високи димери. Не се мерило протоците за состојбата на димерите секогаш.
Си имала среќа. Дај Боже кај секоја трудница да е така. Јас заради ивф примав клексани и бидејќи се беше ок, ддимери времиња се др специјалист мимкажа дека немам потреба ама од време на време да си испитам. Среќа што разговарав во чат со @@Baby warrior што ми спомна да видам со мутации. Цел живот ќе сум и благодарна, проверив на своја рака, имам мутации. Др. Јани кажал дека можам и без клексани ама да не ризикувам. Секое испитување кое сакаме да го наоравиме и плус не следува- треба да го направиме. Можеби нема потреба- ама си ги купуваш мирот. Не сме сите силни и смирени. Мене ми е прва бременист, без компликации во минатото, ама од туѓи судбини сакам да бидам претпазлива. Знам дека се е во Бижји раце ама знам и дека некогаш за да нешто успее треба да се потрудиш. Секој има право да си ја тера бременоста онака како што сака. А искрено, да ни беа поасални докториве во државата( секоја чест на исклучоци) никоја од нас немаше да биде параноична. Ама сведоци сме на многу жални судбини, кои за жал се докторска немарливост и грешка. Така да, точно не треба да се паничи за се ама ако мојот инстинкт ми вика провери- должност на докторот е да провери а не да ми кажува кога треба и како.
Д-димери кај уредна бременост совесен гинеколог препорачуваат околу 28ма, а уринокултура е по индикација ако се покажат на урина плусеви за бактерии. А ако немаш испитано мутации, д-димери и порано се испитуваат за превенција. Тоа што ти без испитувања си родила 2 деца не го прави тоа правило, поскоро си исклучок.
Незнам Сената е вака тешка, а не во бременост. Све нудат више. Појачај магнезиум 600мг или 800мх и суви сливи, кајсии, течност, еве секој ден излегувам без мака ќе ти помогне и тебе.
Јас го имам пиено ама не во бременост. И мене вака ми правеше како тебе исто веројатно е нормална реакција ама не би се осудила да го земам во бременост.
Цело време пред бременост си терам низок притисок _60/90 или 50/80 мене тој не ми смета едноставно си го носам. Два пати што ми мерат при контрола имам 85/130 или 125 значи овој си е нормален знам но јас не сум го носела претходно и вчера баш имав женење во вратот кога измерив исто ми беше 130 со 85. Што мислите дали е во ред што сега во бременост ми се покачи
Па малку ти е повисок, сега и тоа се гледа како си имала претходно, а твојот бил доста низок. Ајде мери неколку дена сабајле вечер во 8час и запишувај. Па ќе се консултираш со доктор.
Нормално е да се покачи во бременост, ама следи можеби ќе треба да пиеш и терапија.Не ти е висок ама следи обавезно и консултирај со доктор Јас имав висок притисок од крај на 8ми месец се до пораѓај. И тоа ми беше од страв и паника секое одење на цтг и преглед притисокот ми беше висок почнав со метилдопа прво 2х1 па 3х1 и на крај 4х2 на 6часа откако се породив притисок немам ми е нормален како и претходно 120/80-70
Колку високи ? Мене Јани трансфузиологот ми рече протоците се најбитни, д димерите не мора да ги следам често оти е нормално да се покачат во бременост.
Терам 16 недела, некако лошо се осетив со овој притисок најверојатно дека не сум имала таков претходно и за мене е малку покачен. Ќе следам и ќе го известам матичниот ако продолжува, чудно и во првата бременост го терав цело време низок како што ми е обично. Абе викам ја на муж ми дека не за џабе се карам низ куќа ме нервира значи он е крив не ми се причинува Хаха да се насмееме. Инаку да си прашам со време и за ова за да закажам за втор скрининг од која недела се прави?