Ајде официјално 9ти месец. И официјално не можам веќе да издржам. Немам проблем кога се движам, уште одам на вежбање неколку пати неделно, ама бе спиењево... ми се плаче кога ќе легнам. Боли карлица, симфизата доле, се кочи левава нога, пулсов ми е безвезе во спиење скроз. Стани мочај, легни мести се пола саат. 4-5 саати расцепкани ако успеам да спијам е успех. Да помине неделава само, ќе славиме роденден на ќерка (порано го закажавме, не можам со бебе од неколку недели да се зафркавам) и ајде веќе нека излегува. Уште да се подречам сега и да му го зафркнам роденденот на детево.
Здраво на сите Денес официјално сум во 12 гастациска недела. Вчера бев на преглед , ми рекоја големо бебе и мн активно. Само едно ме исплаши што ми рече плацента превиа. Ја прашав дали треба да внимавам на нешто. Рече сега за сега не, понатаму ќе видиме можеби ќе се помести плацентата како што ќе расти матката. Малце сум загрижена. Незнам што да правам, вежбав до сега, затоа што имам болки во половината, работата ми е 9 сати седење Читам искуства од други жени , тие што се со оваа дијагноза не стануваат од кревет. До сега фала богу сум немала крварење, само понекогаш така 2 секунди како да ме пресекува нешто, дури и потскокнувам. Уфф се надевам дека ќе се среди Ќе ставам сликче да видите , и колку би требало да биди тежината на фетусот во 12 недела? Кај мене е 54 гр. Читам, негде просечна тежина треба да биди околу 13 гр. Да не носам близнаци , па едното да се крие? Незнам што е причината навистина.
Во 12та недела е прерано да се даде дијагноза, плацента превиа. Тек сега ќе почне да се крева плацентата. Тоа тек во 28ма се констатира. Не знам што е со докториве со плашењево. Не може да промаши близнаци, поготово во 12та недела, каде веќе се гледа цело човече. И мерките не се баш точни. Така да опушти се, се е супер.
Не знам зошто ти кажале големо по мерките е 11+5; 11+6, што си одговара идеално. Тежината исто е ок, за плацента превиа во 12 недела е мислам многу рано зошто тогаш почнува да си се крева матката, ако е плацента превиа ќе треба да одмараш и царски да биде пораѓајот, не е ништо страшно, не читај по интернет ништо, се и сешто има, само ќе се испаничиш. И по мене, ако имаш услови отиди на уште едно мислење во некоја од приватните болници да видиш и за плодот и за постелката што ќе кажат.
Здраво на сите. Пред околу 1ипол недела правев тест, и тестот е позитивен. Оваа ми е втора бременост, и со првата бременост имав веднаш мачнини и бев постојано поспана, сега не сум. Исто така скоро секој ден имам по малку краварење, до сега беше кафеаво, денес е бледо црвено. Имам закажно термин наредната недела, но психички се малтретирам со секакви мисли и ќе пукнам веќе. Според апликацијата сум 4та недела. Дали имал некој слична ситуација?
Секоја бременост е различна. Оди на гинеколог да ти дадат терапија за крварењето. Ќе ти препишат прогестерон. Честа појава е ваков исцедок во првите три месеци. Со лесно.
Ооооо ептен ситно броиш јас, 36 полна на 17 март. Сега сум 31 Мачно е да се наведнеш, да се свртиш и сл, ама ајде уште малце
Девојки можда не е за овде прашањево ама да пробам. Скоро недела дена во лево уво осеќам пулсирање, она како кога мериме притисок и почнува да лупа, е таков ист звук само во едно уво, притисок добар. Ова е фамозниот тинитус или е нешто друго? Поврзано е со бременост? Како да си помогнам?
Сите сме грипосани дома. Јас сум со темп што варира 37-38, погоре не оди ама ужасно се осеќам. Грлото ме гребе ко шмиргла, што е дозволено знае некој? Матичната ми е втора смена, ако успеам да се измкнам од кревет ќе отидам. Инаку класика терам парацетамол, вит Ц, супа, течности. Ама ужасно се осеќам. 21+5 сум
Јас ја земав од Сомниа.. презадоволна сум, многу е удобна, тоа го потврди и сопругот кој спие со неа додека мене ме нема Единствена мана кај перницата ми е навлаката која тешко се става.
Јас имам тинитус одамна, а тие пулсирања (кои сами по себе не мора да се поврзани со тинитусот) ми биле најнеподносливи. Инаку тунитус е зуење во уши, нема реален звук а ти слушаш зззззз . Пулсирањето (може и не мора) се јавува како придружен симптом, а докторката ми објаснуваше дека ни тие не ја знаат вистинската причина, особено ако прегледите се во ред, притисок е во ред. Мене ме испрстија и на невролошки преглед, и се беше уредно, освен што имам наод на врат, спондилоза & лордоза, и оттаму го поврзаа јавувањето на овие симптоми. Сум си помагала со благи рсздвижувања и масажи на вратот. Нема што друго, ми дадоа тогаш да пијам селеногин, испив една доза и тоа беше. Дали смее во бременост не знам.
Лала, супер е голема уфобна за гушкање и маж ми на нејзе од надворешната страна се наслонува го гледам во тек на ноќта
Морам да земам некаква. Секоја вечер се фаќам свртена на стомак, никако да се одвикнам. Помага во превенирање на вртење?
Каква плацента превија во 12та недела кога бебето е скроз доле… матичниве се хаос оди си на доктор како што треба специјалист на скрининг, по мерките бебето си е точно за неделата
Да ја едната нога ја ставам над едниот дел другата под и како подигнат е колкот да не правиш тежина странично и таман ти дава некако простор како полу легната на меше да бидеш а да не стискаш на мешето. Јас баш убаво спијам засега 20та недела веќе
Да, помага. Исто како што објасни @Baby warrior. Пернициве треба да бидат "задолжителна опрема" за секоја трудница За спиењето на стомак јас мислам дека и природно ке се одвикнеш штом почне стомакот да се познава.
Јас имав уреаплазма мене докторката ми рече после 5 дена од кога ќе го испијам антибиотикот да проверам секој различно
Јас да не појдев чисто онака на контролен брис немаше да знам дека имам уреаплазма никаков буквално симптом немав дека имам бактерија затоа и се стредувам така понекогаш сакам све да имам испитано да си сум раат