Не е многу кратко грлото а и најбитно е затворено. Мирувај, продолжи со терапијата и ако можеш земи и Ферона. Јас исто би ти препорачала да си појдеш и на уште едно мислење плус за да си бидеш мирна.
Баш ми е жал што те испаничиле. Смирено само, ако имаш можност отиди до систина или ремедика. Не ги можам овие по државниве колку знаат да бидат безчувствителни...
Ме гледаа но ништо такво не ми кажаа и само тоа има и во извештајот а усно ми рекоа скратен цервикс. Ќе одам и на второ нема да чекам без никакво објаснување останав што се вика дури и спонтан ми спомнаа.Се беше добро до сега и брисеви и мокраќа и крвни слики и прегледи ниту пак се заморив со нешто односи воопшто немав си примав терапија уредно и наеднаш така но гледам уште тече имам на бришење во вц кога идам и точки на гаките ми капеле
37мм воопшто не е лошо за 15та недела ! Без паника може да е само дефицит на прогестерон… те боцнаа ли? Ти препиша циклогест или утрагестан? Легни и мирувај а во меѓувреме закажи во Систина кај специјалист било кој има термин да те погледне утре
Оди Лана, покриена си со терапија ама може треба и нешто плус, за циркулацијата . Сепак да видат убаво плацента, од негде крвариш. Ако нема хематом да се најде што е причината. Нема да имаш спонтан мн се сурови и неписмени. Грлото ако е толку не е кратко а ако е кратко требале да запишат. Те ставиле во мисла.
Да тоа е сукрвица не е крварење. Најдобро второ мислење. Не се секирај, има многу што крварат па имаат успешна бременост.
Само што завршив бев на приватно и ме прегледаа вагинални и на ехо грло затворено не ми рекоа дека е скратено нема полипи и хематом бебето е во ред строго мирување и терапија магнезиум и утрогестан. Не гледаат причина за крварењето сега ми рекоа може и од капилари да пукаат расте бебе се шири матка... Само стресови леле толку ми беше страв од ова и сега ми се чини нема да мрднам од кревет а си викав ајде помина прв триместар ама ете нема правила
Јас не знам што луѓе во државна беа како може да те испотресат така се вика ли на трудница за спонтан одма , добро што одма си побарала второ мислење во секој случај добро завршило одмарај сега и не се потресувај
На ГАК ти го пишаа првиот извештај?? Срам да им е на малодушноста, и јас имав мн сличен момент во претходната бременост … слушај специјалисти на бременост и води си ја бременоста на клиника што и веруваш … наместо да дадат кураж они најлесното спонтан чекај …мизерии од доктори
@nice-girl @Baby warrior да баш со тие зборови спонтан може ќе имаш тука ништо неможеме да направиме освен да мирување и да видиме како ќе биде.И јас викам е како бе спонтан ли е сега што да очекувам ...незнаеме можно е скратено ти е и грлото на матката може да се очекува се...
непотребен стрес искрено можеле со други зборови ако не се сигурни во тоа што го гледат да викнеле некој поискусен или да ти речат отворено да си побараш друго мислење а не одма заклучоци
Катастрофа од Доктори. Од памет да те извадат. Одмарај и не мисли на тоа штом потврдено ти е дека е се во ред. Јас за мене да кажам што ми се деси. Од пред некоја недела што коментирам во врска со тежината на плодот Во 29+4 бев кај матичниот ми го измери 1300, во 30+4 бев во плодност, ми го измери 1800, викаа ааа многу ти е големо бебево , 2 недели... денеска (31+1) отидов тука на приватно на трето мислење и сакав да видам како сум со постелка, со плодова вода и сл, докторов ми вика 1600 ти е тешко, што значи дека одговара на неделите. Горе долу со овој приватниот од тука и матичниот мерките и мислењата се идентични. Овој од плодност од ум ме извади. Сега малце сум порелакс после денешниот преглед ама пак сум некако со сто ума...
Мене истото ми се случи во 12та недела - ама ОБИЛНО крварење - пантолони носев, до колена скоро се наполнија со крв додека стигнав до болница (на Сицилија, со брза помош ме земаа и ме однесоа на клиника). Таму продолжи да ми тече, 2 улошки сменив додека прогестеронот што ме боцнаа не проделува, па да се намали и утредента да прекине да тече. Тројца доктори ме гледаа и сите потврдија дека е се во ред со бебињата, нема хематом и нема одлепување на постелката, нема скратување на грло. Всушност немаше конкретна причина за толкаво крварење - рекоа има многу крвни садови, бебињата почнуваат повеќе да растат, матката брзо се шири и веројатно затоа дошло до крварење. Терапијата ми беше само прогестеронска поддршка плус од циклогестот што го ставав тогаш и мирување - 3 дена ме задржаа во болница за набљудување. Ми рекоа едноставно некогаш се случува, среќа се беше добро. Ти посакувам и тебе да ти е така и да немаш веќе вакви стресови
Ненормални бе. и да е се во ред со такви зборови од голем стрес ќе поттикнат спонтан. никаква комуникација и речник немаат. јас вториот скрининг се излажав ај таму ќе го правам ме испоплашија плаченката идпаднав ремедика бев после тоа се супер со бебето посовршено неможе да биде. само џабе стресови ми направија. Уживај и одмарај , пиј терапијата и ќе видиш се ќе биде во ред ќе си го гушнеш бебето кое ќе си се роди во термин Јас во 13 недела со син ми локва крв прокрварев и правец во велешка болница кај мене било циста. пукнала. одма ме буцнаа терапија и да одмарам запра крварењето после се си беше во ред најуредна бременост се роди 39 недела. ама се испоплашивме нормално многу. Фала му на Господ се беше супер .
Жени да ве прашам како се тие лажни контракции?? Што се чувствува што боли ?? Кога мрда плодот во 34та недела што чувствувате???
Ама како може да и кажат скратено грло а во извештај да напишат 3,7цм и дека е затворено. Па има жени со 2цм во рана бременост па со мирување и терапија им се зголемува и на крај се излегува како што треба, а какви се овие будали од доктори стварно не знам.
Све сум видела од доктори ама Гиниколозиве се врв на пропаст. Идам кај една матична, Скопје фул пациенти. Седи Докторкава со мене разговараме за раб. и ѕвони тел сестрата се јавува го дава тел на докторкава и пазете.. иии која недела си? 17? течност осеќаш спонтан абортус мила абортус... ајде дојди да потврдиме, спушта тел. Се врти еве девојка млада 17 недела течност на гаќи осеќа абортус спонтан ми вика и викам добро може и кандида докторке прави таков симптом. Девојчево влага за 15 мин сама дома била, удишана седнува внатре, отворена вратата и тишина... и вика на сестрава пиши полигинакс кандида е... и излегов запрепастена. Девојчево преплашена ми остана во ум.. викам ебати докторот ебати све.. со извинување на израз никакво понашање.