Здраво и од мене Нова воедно и болна трудница. Инаку сум 10та недела, прва бебица и сега малку ми е страв. Некако се чуствувам слаба како пиленце од мисирка, втор пат се разболувам во рок од 15 дена, првиот пат не знаев за бременоста па пиев и антибиотик, сега по втор пат не ни замислував, ама ете од пациентка си го презедов пак. Почнав да читам некои книги околу бременоста и мајчинството исто така за да бидам позитивна. Малку се разочарав бидејќи читав статија дека не смеам да го чистам вц-то од мачорот бидејќи имало токсини, сега како што сум дома и сама се читам и се нешто ми смета Се на се, се надевам дека и ова брзо ќе помине, и дека ќе ме дружите
Како некоја што помина бременост и веќе 5 полни месеци се гушка со најсовршеното суштество, да ти дадам еден совет: НЕ читај , помалце анализирај, најди гинеколог на кого му веруваш и никогаш ама никогаш , не се споредувај со друга трудница! Ти посакувам убава, лесна и безгрижна бременост исто како што поминав јас
Zdravo devojki, vcera bev na prv skrinig vo remedika, sega sum 13 + 4 bliznacka bremenost, kaj edniot plod mi pisuva placenta previela totalis so sto dokotorkata mi rece rano e moze i da se podigne, dali nekoj se soocil so vakvo nesto i dali podocna se podignala placentata ?
мене веќе ништо не ме чуди, минатата бременост ја водев во приватна клиника, ама негде накај 20 та недела ме фати стомачен вирус со повраќање, се исцедив, докторката ми беше на одмор и пишав на вибер и ми рече оди нека те ѕирнат, као можеш и на клиника. одам таму, тие ми викаат ајде влезе да видиме дали има срцева акција, неаме ние тука некое ехо сеа ќе видиме дали има уште срцева акција или не .... каков муабет значи страшно
Добредојде во клубот. Внимавај со чистењето на изметот од мачето. Во изметот од мачките може да се најде паразит токсоплазма (се испитува преку Торч тестот), а заразувањето во бременост не е препорачливо. Доколку некогаш одамна си прележана, немаш гајле, ама тешко може да се знае тоа без да се испита.
Дали е нормално да имам мал бел исцедок на гаките? 13+2 недела сум.Пред неколку дена прекинав со утрогестан и пролутекс. Миризба нема непријатна....
Па ако немаш чешање, печење, во боја, тогаш е нормално. Мене во бременост ми е многу засилен исцедокот, прозирен до бел, баш пред една недела ги правев сите брисеви, а имав таков исцедок. Брисевите беа чисти, исцедокот се уште го има, тамам сум сменила гаќи, тече и така, менувам почесто, се одмивам обавезно. Ако се сомневаш на нешто, или има нешто чудно во боја и мирис ќе си побараш брисеви да си сигурна.
Доколку е мачето здраво, нема зошто да се плашиш. И јас имам маче, и му го чистев песокот. Тоа ни е дел од фамилија, здраво право маче, кое седи само дома. Му чистев песок и во првата бременост, еве сега и во втората. Сигурно нема да го оставам песокот цел ден нечистен додека сум сама дома. И тоа има душа. Помалку читање на интернет, живеј си нормално и прави тоа што ти е убаво. Со лесно бременоста.
Женски дозволен ли е спрејот за нос од диво оригано во бременост? Затната сум скроз некој грип закачивме сите по дома не се трпи ова..
Лелеее цел ден не се приклучив на форумов и кога отворам што да видам, црна хроника од нашите "знаени" доктори. Чувајте се женички и само позитивни мисли, од стрес веќе ќе се мрдниме