Дали сте имале болка на едната страна од задникот, како некој мускул да стега на горниот дел , не знам како да објаснам, и при седнување знае да боли посилно. Бремена сум 28 недела, не знам дали е нормално или не
Мене при станување ми се кочи десната страна од бутот, задникот ми требаат неколку секунди да стојам па да почнам да одам. Сега и левата страна ребрата ме болат, бебето не е застанато дали се врти којзнае што прави . 29+3 сум јас. Сум прашувала некој нерв фаќало не било ништо страшно
И мене ме фаќа десната страна, исто и во првата бременост ме фаќаше само покасно почна, сега уште вод 16та недела почна. Мислам дека е ишијасот, болката некогаш се шири и по должина на бутот. Некогаш толку силно ме фаќа што не можам да мрднам, среќа трае само неколку минути. Има вежби на youtube баш за sciatica pain и тоа во време на бременост. Мене ми помагаат. И нежна масажа може да се прави.
Баш пишувавме за ова пред некоја недела, за прегледот со рака. Дека повеќе е непријатен од што се стегаме. Така да само опуштено и нема да е толку страшен.
Знам како е. Јас бев до степен да неможам чекор да направам, страшни болки неописливи имав. Плачев во гласови кога требаше навечер да станам за до вц, маж ми ме враќаше назад....лудница... Ногата неможев да ја кренам на кревет за да легнам, појќе од 2цм неможев да ја кренам.
Со првото колку и да не се стегав, ме болеше. Со второто помалце. Нема да се толку чести прегледите до рака, немај гајле. Каде ќе де пораѓаш?
Трет ден кај што ме боли главава само на едно место. Денеска зедов се напив и парацетамол но џабе, сега боли заедно со окото Освен парацетамол друго чаре? Притисокот ми е ок...
Kako migrena da e toa. Jas cel zivot patam od migrena. Ama sega ne smeam nisto da pijam. Imam eden sprej so ladies Aqua ice , prskam na raka I se masiram. Imam uv lamba za greenje ama mi e strav sega da ja koristam pa se duvam so topol fen. I mi pomaga.
Мене Јас мислам дека е дозволен. Мене гинекологот ми го препорача кога имав затнат нос. Но сепак прашај си !
Во Систина.И во 35та ме провери и во 36та бидејќи на цтг покажа мали контракции.Не знам како се опуштате јас никако
Психички никако, ама седнуваш на стол и го опушташ мускулот доле скроз значи ќе се концентрираш на дишење као да медитираш и доле да ти е скроз лабаво да не си во грч, само така, инаку колку повеќе си во грч толку повеќе боли.
Мигрена. Со години си ја имам ама за среќа во бременост и сега ПП уште не ме фатило. Темна соба, вода доста, кофеин не и не знам дали некое од појакиве апчиња е дозволено. Поминува до 24 часа во најтешки случаи знае и подолго да трае
Здрабо мешиња ве читам редовно ама сега сакав да прашам. Бремена сум 19 недела денес не се осеќам како што треба односно мачно,тешко ми е како цело тело да ме боли. Сега мерев и температура имам 37.3 Прашањето ми е на колку часа смеам да пијам парацетамол? Фала многу на одговорот
Девојки, можно е од магнезиумов да ми се вратија мачнините, вртоглавиците, имам болки во желудник претежно во спиење, цревата страшно ми кркорат како да сум 3 дена нејадена а нема врска, матно ми е во главата, како да се вратив во прво тромесечие. Последнава недела ми е така, и плус несоница имам а спиев како топ по минимум 12 часа, сега едвај по 4-5. Цела недела се мачам, сега ми текна дека го сменив магнезиумот. @Ladyme мислам беше во браншава, ама секако и секоја друга упатена дали е од нив и кој магнезиум го земате? Тек другата недела контрола, почнав список со прашања да спремам