Здраво Само што го завршив вториот скрининг как др. Димчев. Се е во ред со бебето, уредно се развива, полипот што го имав паднал но ми се појавил слаѓ. Ми препиша сумамед и вагиналети. Тврди дека е од тоа што не се движам и ми е паднат имунитетот. Дали некоја имала слаѓ и и средил? Грлото е затворено со уредна должина
Кога ќе седнеш на столот, ќе земеш длабоко воздух и кога ќе осетиш дека веќе почнува да прегледува , пополека испуштај воздух и фокусирај се на дишењето.
Лиле од овој магнезиум не би требало да имаш мачнини, го раствараш така во чаша вода? Може да видиш крвна слика да не се намалило железото? Јас патам од гастрит па имам еден од џејмисон прашок за растварање ама го избегнувам, идам на таблети од Now цитрат 200мг и пијам по 3-4, овие прашкасти форми ми прават киселини многу има коригенси внатре за вкус.
Убаво ти кажа @BellaBibi вдиши длабоко и испуштај полека, не трае долго. Јас пред да се породам последната недела секојдневно одев на цтг и преку ден можеби вагинален преглед, а посебно денот пред да се породам не знам колку пати ме прегледаа зависи и до докторот не боли од секого што знам. Нормално е да те фаќа паника, се ближи време ама ќе видиш дека ништо не си заборавила напротив се ќе знаеш сама кога ќе го видиш и ќе е бебе до тебе. Уживај
За sludge има мн малку информации јас минатата бременост толку мн пробував да најдам и да читам … од мое видување се појавува најчесто кај жени пто лежат или прокрвариле во бременост… му доаѓа како некоја инфекција внатрешно на брисеви се си е чисто сма на ехо се гледаат како партикули/парченца во плацентата. Сумамед е лекот нема друго … и следење како ќе се одвива… познат е по тоа пто крати грло ама со терапија навреме откриен треба да се анулира за некоја недела
Да го растворам. уфф што може да е? Правев крвна слика пред 2 недели се беше во ред. Утрогестан ставам 2 ×1 да не е до нив? Леле таман се израдував дека добив енергија и почнав да функционирам нормално сега пак исто. Фала ти мила за одговорот.
Сега откако рековте дека дивото оригано не е за бремени се консултирав со општата матична и таа ми рече дека не треба да се користи, а јас го користев ама неколку пати само оти ми беше лошо од мирисот. ЗАТОА ЗА СЕ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ ОД ПОВЕЌЕ СТРАНИ ПРЕД ДА ЗЕМЕТЕ НЕШТО
Сега откако рековте дека дивото оригано не е за бремени се консултирав со општата матична и таа ми рече дека не треба да се користи, а јас го користев ама неколку пати само оти ми беше лошо од мирисот. ЗАТОА ЗА СЕ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ ОД ПОВЕЌЕ СТРАНИ ПРЕД ДА ЗЕМЕТЕ НЕШТО
Не сум најсоодветна на темава зошто од слаџ сум исплашена смртно … кај мене беше со неубав исход. Сумамед/антибиотик и следење на ситуацијата нема друго … од истражувања правени што читав … скоро сите од жените што прокрварувааат или се со кафен исцедок подолго време … кај мене минатат бременост од 5та недела до 18та скоро цело време бев де со крв де со кафено како да се ствара некоја инфекција внатрешно и тоа е тоа што се забележува на ехо како парченца. Има жени што го преживуваат успешно и после си тераат до крај, од организам до организам е ваљда… мене од специјалистот ми беа препишани сумамед и жолти вагиналети едни ама името ич не ми текнува лежев три месеци претходно … со станување само до вц во 17та недела ми го дијагностицираа и фанелинг имаше на цервикс кај мене веќе
Леле страшно Оти не кажуваат да сме информирани на време за вакви можни исходи И ја крварам кафено тек тук и лежам New fear unlocked
Ама ваљда лежењето и неактивноста сами по себе не се ризик, ако нема инфекција или крварење? Многу ми е жал за претходното искуство, да ви дари Господ најголема радост за некој месец .
Мене кога 4 дена по ред ме болеше така една страна дури ми чукаше ,легни со главоболка стани со главоболка толку јака што ми се темнеше пред очи, испадна слабо железо ..
Дали е нормално од што мава бебето во бешика да осеќате на моменти као симптоми на цистит? Правев мокраќа пред 3 4 дена, немаше ништо невообичаено. Не го осеќав до сега околу бешика ич. Овие 2 3 дена некако се закачи таму и нон стоп ми се оди во ВЦ, а кога одам по малце е, плус наболува.