Големи се... и јас едвај голтам викам ќерко све за тебе... па феронава огромни, омега исто, јас незнам технологија иде напред они по пола прст капсули и таблети..
Па девојки јас бев со тт 39, завршив на инфективно, ајде слезе до 37,7. И се будам прееска пак со 39. И тоа дека сум сама дома ме плаши уште повеќе. Од утре ќе мора да земам антибиотик, само чекам да ме раздени и да одам кај матичната. Малце да кренам со енергија и одам одам да ја видам беба. Некако испаничив и нема да сум раат, прееска дури си плачев .
Знам дека кај многумина се појавуваат како израстоци на вратот во тек на бременост поради хормони,а дали кај некого се појавуваат на самите гради?Уште од почеток на бременост некаде почнаа по некое ситно како младежче буквално ама со тек на време си паѓаа самите.Сега гледам на едната града има едно малце поголемко така одвај си се држи мислам дека можам да го откорнам ама страв ми е.Не знам каде да се обратам за ова?Некој да имал слично искуство?
Леле и мене ми никна ко мало младежче на едната града и баш се зачудив од кај па сега ова. Мислам никако да не ги корнеш сама. Моето се исуши некако и падна за нецел месец. А вчера приметив исто такво минијатурно на раката над лактот од внатрешна страна.
Дали е можно навечер стомакот да ми изгледа како поголем? Исто така, чувствувам мала нелагодност, тегнење на кожата. Претпоставувам дека се е нормално, но сепак да прашам.
Да до сега сами си паѓаа при бањање ама ова уште така виси,не е не знам колку големо ко сусамче ама страв ми е да не се породам а бебуш да цица и да му пречи или нешто не дај боже...зошто баш на аеролата е.
И мене на градите,имав една поголема како бенка,јас мислев јас ја имам скинато несакајќи ама може и сама паднала од кога се породив. Исто и на лицето добив како "флеки" темна кожа,што ги снема по пораѓај
Месец дена од прилика по пораѓај почнаа да се намалуваат,а кога престанав да крварам(по 40) скроз ги снема на лицето,ќе ги снема и кај тебе обавезно исчезнувале,така читав
Оваа тема е посебно пишана ама тука сте најактивни па се надевам повеќе ќе прочитате и ќе ми кажете искуство доколку имате Дали некоја има искуство со поголем миом (над 6 цм) во бременост и како ја поминавте бременоста Дали ви кажаа посебни совети или на нешто особено да се внимава? Кај мене е на фундус Ми кажаа да не го мислам ама не можам цело време ми е во позадина на мислите Дали мора да се мирува цела бременост? Фала однапред многу ми значи да слушнам мислење
Тоа е внатрешна инфекција, буквално се гледа како пливаат парталчиња(како хартија во вода кога ќе ставиш). Нема некое посебно испитување, се гледа на ехо. Јас во првата бременост го имав, а никакви симтоми немав. Знае да се собира на куп доле накај цервикс па да направи фанелинг, па тогаш голема беља прави. Јас прокрварив во 13 недела и бев на стог бед рест и во 21 недела веќе немав цервикс па на итен серклаж, бидејќи на време не ми го открија. Со терапија антибиотик, јас плус и вагиналети ставав после, се средува и нема проблем. Баш на тема бед рест зборев и со другарка во америка што е и она е бремена прокрвари од хематом и не и кажаа да лежи туку да продолжи со секојдневни активности како до сега, само скали да избегнува некој период. Исто важело и за серклаж кај нив, ваљда од таа причина иако не е баш докажано.
Сестрами има, и баш на левата страна од матката, на надворешниот ѕид и тука беше баш и поврзана плацентата од внатре, има и преграда на матката.. во текот на бременоста порасна малку миомот што е нормално од хормоните, знаеше да има контракции порано и од 34та недела беше на бед рест (пред тоа супер) пиеше но спа за релаксација на матката скоро цела бременост , магнезиум 1200мг. Истера до 37+3. После пораѓајот на прва контрола миомот беше вратен на стара големина. Рачунај и преградата играла улога кај неа ради просторот, без неа може и повеќе ќе издржеше малтене нормална бременост. Јас еве немам ништо па пак сум на бед рест од грлото порано почна да се крати. Уживај не се секирај.
Mene praskovite kiselina mi stvaraat, zemav na magne d'oro tecen magnezium 815mg ubav vkus samo navecer go pijam moze i taka da proba
Серклажот е друга приказна за ризици, зависи каква е ситуацијата во моментот кога го ставаат, мене отпосле ми ги ставија. Слаџот ми беше после лежење долго време и крварењето, беше обилно крварење дека делумно ми се одлепи постелката. Исто така мислам дека не ми земаа убаво брис и плус 2 бриса само имав место 4, дека кога испитував одма после серклажот и бактерија имав, па се заедно лечев месец ипол. Истражував после дали од бактериите(уреаплазма, микоплазма и другите што редовно ги испитуваат) може да се појави и за нив пишува дека е причина. Но имало и многу жени што ги имаат некои од бактериите па немале слаџ, така да само редовни контроли и слушање соодветен доктор, јас барем тоа го сфатив.
После вторава бременост и мене 4 години не ми поминаа. Дури ми рекоја од УВ зрачење се шират. Зедов крем за флеки и обавезно фактор и во зима, па избледија после можеби година дена континуирано користење креми.
Да, го имам и него пиено добар е, ама не нашол мм и ми донесе како на сликата што ја имав постирано. Нешто ми се случува дали е со времево поврзано, на кого и да се пожалам вели не се чувствува добро. Најмногу ќе прашам за утрогестанот на контрола, да не треба да ги намалиме на еднаш дневно. Фала ви девојки.