Еее вака убави зборови, јас имам многу доверба во докторите и општо во болницата. Честитки за тебе мама, да сте здрави и живи Природно се породи? За таму не треба ништо да се носи претпоставувам? Ми имаат кажано дека од болницата обезбезбедуваат се (спавачи, влошки…), треба само документи и алишта за заминување?
Лелеее извини, да знаев немаше да пишам, ама од др страна добро е и да се знае. И на маж ми му реков што потреба да ме труеш со вакви информации Јас сум 31+ и јас се успаничив. Што немора да значи дека и ние ќе сме едни од тие Ахахаха убаво си помина на Крф,а ? Се најубаво мајка. Во последно на форумов се изначитавме секакви неубави раб за др Влатко Секоја си е индивидуа за себе Што мене ми беше чудно, само читав се најпофално за него и од еднаш буммм се негативно
Полнач за тел само. Така ми имаат кажано Ништо ни за тебе ни за бебе Дури ни основни работи за хигиена не било потребно
На гак апартмани се првите соби до вратата? И која е поволноста во нив? Јас со првото бев исто во двокреветна соба, јас и уште една женичка ама скоро на крај од ходникот бевме, мислам и јас дека сите соби се со 2 кревети..
Незнам кај се апартманите. Јас бев во обична соба , ама сите се такви. Баш бев на другиот крај од кај што беа сестри и бебиња и имав потреба да земам нешто, баш ги видов сите соби беа по две. Апартман мислам дека е разлика што би имала посета и мислам дека има фрижидер. Сите беа со тв, купатило.
Природно се породив девојки, и како за првородка баш брзо бидна сѐ. Фала ви многу, уште малку и вие сте на ред. За бебето ништо не треба. А за мене до сега што ми притреба беше само полнач, чешел за коса, стегач, и плус јас влажни марамици си зедов за мене. Друго сѐ ви даваат. За докторот, јас имам многу убаво искуство со него. Пораѓајот ми го направи како песна, буквално докторот е шљакнат и само глупости треси, а воедно многу професионален. Секоја трудница поминува различно, ама убаво е вака човек кога ќе слушни искуство.
И мене ме фати паника, затоа пишав, иако до терминот имам уше 2 месеца. Ама секако планирам до крајот на месецов се да средам, се надевам само дека беба нема да ме изненади порано па да нз каде сум…
На моја другарка истото ѝ се случи со плацентата, се породи во Плодност во мај 2024та. Многу лошо помина…
Царски се породила? Бидејќи при природен пораѓај, плацентата ( барем кај мене и блиски) сама излага. Ме оставија, без напони и напор, сама искочи. Осетив кај ми излага од мене.
Истото е и кај мене ...Ужас ми е вратов не сакам да си го видам ...Дали користевте нешто ?? Не знаам каде да се обратам бидејќи сигурно 15тина сити брадавици имам
Ништо, исто ми е така. Еве три месеци ќе правиме. И флеки на лицето исто. Ќе видиме понатака дали ќе се исчистат.
Она сама излага, ама во ретки случаи може да остане парче внатре и да направи беља, затоа мора да се прегледа после пораѓај дали е цела без разлика царски/спонтано.