Што помалку читаш и слушаш секакви ситуации подобро за тебе...не се секирај, не си прави стресови за џабе.
и за природен и за царски. постелката мора и таа да се роди. не смеат да ја заборават. Те читав поназад доста си уплашена гледам да не ја заборават . не се плаши само позитивно и ќе видиш се ќе биде во ред. само одбери кај ќе се пораѓаш и доктор на кој ќе му веруваш. Само позитивно и да се молиме на Господ да не чува сите секоја жена да се породи да е во ред и таа и бебето. И секој пораѓај секое искуство е различно , секоја жена е различна и секоја има различно тело и организам. различен праг на толеранција на болка и мн др работи не прашувајте не читајте многу ќе ви биде полесно и помалку стресно.
Трет пат се разболувам во бременост и се со истите симптоми: ем затнат ем растечен нос, болка во грло и повремено кашлање. Многу споро ми оди опоравување само со прскање солен раствор и стандард повеќе течности. Има ли нешто плус што е дозволено да се пие за побрз опоравак или мора само од себе да пројде?
Јас плус правам инхалација со физиолошки, електролити 2,3 пати на ден, мн течности и парацетамол по потреба зашто качував тт баш вчера...а 5ти пат мислам се разболува оваа бременост
Јас чекав само од себе да помине кашлицата најмогу ме држеше, пиев горен шеќер со млеко, чај, гаргара со морска сол само така ми се ублажуваше болката во грлото, иначе на доктор ништо не ми даваа
Затоа јас и не направив а имам 35 год ми рекоа дека над 35 год приската скоро секогаш давала резултати од памет да те извадат, на скринингот докторот ми рече се е во ред за приска ти одлучуваш ти како сакаш и не проверив
Ти помага инхалацијата за одзатнување на носот и дали ја правиш со инхалатор? Инаку исто и јас со електролити сум, многу цедени сокови, супи ама џабе. Матичната само септаназал за деца ми дозволи ама три пати на ден и тоа помага ама моментално. Остатокот од денот пак затната сум, тоа мислам најмногу ми ствара мака. Исто. Ништо не дозволуваат само супи, чаеви и само од себе да помине, ама премачно е.
Јас денес бев до брза помош да ме прегледа дежурен. На гради немам ништо грло не е црвено. Температура веќе не качувам тоа е добро. веќе гледам денеска подобрување и телото не ме боли. Рече докторката настинка е . исто и мене нос ми тече а затната сум . секрет ми тече водлест проѕирен се отепав од секнење од кај иде тој секрет јас нз. и тоа што кашлам од носот што ми се сливало е . ве читам доста се пожаливте дека сте настинати добро си викам мислев единствена сум само јас со имунитет крш. Јас инхалација не правам на пареа стојам покриена со пешкир и така дишам со крупна сол чај од камилица мајчина душица планински.
Девојки малце шубе ме фати. Веќе некои 4 саати сум на нозе и сега веќе почна да ме боли кичма. Јас сум 11+1, матичната уште не ми вратила. И се случило на некоја?
Па и на природен да заборават е грешка голема. Излегување на постелка е дел од целиот процес пораѓај. Сега ако не искочи и е залепена, рачно ја вадат, ама ги успиваат , за да не осетат ништо. Цимерката до мене беше породена 42 недела, природен пораѓај, ама постелката и била залепена и ја успале на кратко за да ја извадат.
Да со инхалатор ја правам со 5мл синомарин, пред спиење правам, па ми помага да можам да спијам. Матичниот вика доволно е тоа уште првиот пат кога ме фати. А само со ова држи налет додека пројде, ама ќе стигнеме заби
Jas tri nedeli..I uste tra samo sto se naali kaslicata...takov e gripot....mi go preporacaa devojcinjava sirupot od islandski lisaj..ki pomogna...I vreme treba za zal...koga mi bese najloso jadev samo petlova supa...ha ha...I me osvezuvase...
Земате главица кромид ја сецкате и ја преливате со мед домашен. Ставате преку ноќ во фрижидер, ќе пушти сок. Колку сакате пиете во текот на денот. Ова го знам вака од око немам рецепт ама ако пишете кромид на лупата и пребарате во оваа тема ќе наидете на повеќе рецепти има и со кромид и јаболка се вари, чај од лушпата од кромид ... Може да има и детално како се прави. Помага за кашлица и настинка. Исто знам и сечкан кромид ставате на тацна близу кај главата каде спиете ако ви е затнат носот. Мириса можеби лошо некој не поднесува кромид ама е доста ефикасен лек.
Здраво девојки, бремена сум 16та недела со близнаци, и имам многу мака со дигестијата. Страшно се дувам после храна постепено од сабајле со кулуминација после ручек да не можам да дишам. Имала ли некој сличен проблем? Има ли некое помагало пробиотик, ензим, нешто?
За жал тоа со рака јас го искусив прехлани кога имав спонтан во 17та недела. Постелката не излезе и со рака до лакт мислам цела ми ја стави внатре таа докторката за да ја извади. На крај пак останаа некои делчиња и мораше плус чистење
жал ми е што си искусила такво нешто особено загубата на бебето. Знам скоро се породи нели . Сега уживај со бебенцето .
Jas se porodiv pred skoro 3 meseci, devojkata sto lezese so mene vo soba I imaa zaboraveno del od postelkata pa posle I pravele revizija ama toa ne se slucuva tolku cesto ne se sekiraj