@Bubicaljubica Ти честитам, живо и здраво, цел живот да ве радува. ❤️ @DreamOn Втора кутија Биофемин пробиотик пијам, јас сум многу задоволна.
Да се пријавам и јас со разболување. Грип закачивме сите по дома страшно нешто е. Затната сум скроз матичната гинекологот ми рече да земам Оперил П за деца тој што е,рече пишува не е дозволен во бременост ама ко ке си многу многу затната стави слободно ништо нема да биде. Колку толку само тоа помага,ништо од ова спрејови на база на морска сол. Чувајте се колку можете периодов избегнувајте гужви,зошто не е играчка,одма на плуќа удира.
Еве и ја да пријавам маж ми дигна некоја опасна температура 38 со 8 ја се преселив во дневна он остана во спална баш се плашам да не се испоразболам ради бебе таман завршивме со втор скрининг се супер … вирусов изглеа хара низ цело скопје и сите се со високи температури… само се молам да не префатам ама вероватноста е мала
Кај нас дома сите фативме во размак од два три дена и само син ми беше со температура до 38,другите сите без температура ама затнати скроз и со кашлање.
не се секирај, малата нас ни донесе од градинка, 7 дена беше со 40 температура, сите дома префатија, ја со нејзе по болници, лекари, лаборатории, фала богу не фатив, дали од волку витамини не знам, само се молев да не ме фати пошо ептен рана бременост
Стави маска, јас мм донесе стомачен се спасив он во дневна спиеше јас во спална, ама цел ден тука му праев јадење, чаеви, дури го масирав со ракија изгоре.. ова пред месец и не фатив среќа реков уште тоа да ме исцеди. двајцата он хирушка јас н99
Дечки што пиете при диареа? Од сумамедот добив диареа. Како пробиотик пијам биофемин форте ама тој е за вагинална флора. Докторот не ми кажа ништо за др пробиотик. Дали провен форте за возрасни смеам да ги пијам или линекс форте да земам?
Пиј си го и вагиналниот пробиотик и плус земи си или Дармфлора или Провен. Прошлата бременост од почеток до крај бев со антибиотици пиев и за вагинална флора и обичен.
Imam pominato mn neubavi raboti I zatoa sum uplashena. Inace fala mn na sovet, se trudam kolku mozam da sum ok so psiha ama ne e lesno. Inace imam odbrano dr vo plodnost I zatoa se isplasiv zasto se iznacitav I iznaslusav vo posledno losi rab za tamu
Здраво девојки,да се пријавам и јас во настинати. Бремена сум 19+2 носот ми е скрос затнат и цело време некој секрет водлест имам од него,повремено кашлица а и температура подкревам вчера најмногу 37.8 Матичниот гинеколог а и во аптека освен парацетамол ни рекоа ништо друго несмеам. За кашлицата направив 2лажици маслиново масло 2 лажици мед и еден цеден лимон се заедно измешано и се конзумира.
Пишав баш пред некој ден дали има нешто што помага за овој ужасен грип ама очигледно нема. Ние сме дома цела недела болни. Мм 4 дена со темп до 39, синчето два дена најмногу крена 38.5, општо весел, апетит 0 и многу секрет. Јас 2 дена 38 ама кашлица и нос ме убија 3 дена. Толку силно кашлам што мислам го распарав грлото. Носот одран од дување. Пантенол маалку ми помага за грлото и гаргара со жалфија. Чувајте се сите, не одете во затворени простории беспотребно.
Ние со грипов исто хаос,на инхалации со дексаметазон сме. Прашајте доктор ако многу кашлате дали може и вие да правите.
Звучи на болка на симфизата/ срамната коска. Јас имам таму болка, гинекологот ми рече се ширела коската, нормално било.
Мм прави инхалации, мене матичната не ми кажа ништо за тоа, инаку сум 22 недела. А малово нејќе да го види инхалаторот вришти небаре кожата му ја дереш. Не знам што сирупи пробавме, од боквица, до исландски па и експулмо бел слез ама џабе.
Ние во Систина го носевме одма рече инхалација со дексазон за да не спушти на плуќа,и многу му помогнаа,после и јас коа почнав со кашлање ми рече матичниот гинеколог слободно и ти инхалирај. Инаку јас сум 14+4. Од сирупи се пробавме со малиот џабе,само дексазонот помогна. Зборам за кашлање со шлајмови,преполн беше.