Јас во 37+ 5 се издепилирав. 38+2 се породив. Издепилирај се до 37ма макс. Иначе бричат во болница, не се секирај.
Нема посета. А деца па ич не пуштаат, бидејќи може да почне да плаче, па повеќе тешко да е. Од блиски и по приватните, деца не пуштаат. Биди сигурна дека супер ќе ка чуваат. И кои 5 дена? И царски 3 дена ќе си.
Јас сум 15+5 а плодот одговара на 16+5, мислам дека веќе малку почнува да се познава меше. Инаку уште ме собираат истите алишта, се мерев пред некој ден немав вишок, се надевам ќе терам уште месецов на иста килажа. Инаку, не знам дали претерувам, навистина не знам која е позадината на бричењето, ама го доживувам како насилно однесување кон жена, појдена на раѓање и ќе ја расчепатат да ја бричат за 2 милиметри подраснати. Не гледам причина зошто?
и ја сум 12та недела, многу малце ми се познава, само јас можам да приметам дека се анализирам, а во килажа сум иста и минатата бременост цела се ширев некако не само во стомак и цело време изгледав како да сум многу здебелена, а трудна изгледав дури после 6-7 ми месец.... мислам дека и сега така ќе биде
Да и ако за нешто ми е криво што имам женско и носам женско тоа е ова ,сите циклуси ,депилации ,бременост ,пораѓај чуда шо жената ги носи на плеќите.. ама тоа е Иста сум двете бремености а ми дотежи нешто жал ми е дека се девојчиња Ау бљак Мислам бљак ми е и општо тоа дека застануваат да бричат бе Додуша мене ни клизма не ми ставија ич не им се работеше трета смена и низа пропусти имаше ама тоа друга тема е
За природно не знам, претпоставувам за епизиотомија, исто и за царски, може сметаат на сечењето и шиењето. Јас среќа средена бев од вечерта, таму акушерката ме помина на стомакот, ама џабе, докторот сечел подоле
Ви се случило после подолго движење или некаква физичка активност да се осеќате како шеќерот да ви паднал ? Овој период приметувам дека ми се стресва душата ако се движам подолго време, дури ми се снеарнува. Изгледа слабо доручкувам јас, треба повеќе внес на витамини и минерали.
Да од сам почеток ми е така шо и да внесам ако на 1.5 ч не јадам нешто ми се слошува на последната к.с шеќерот 3.9 ми беше дека немав јадено 12 саати фактички од вечерта пред да се испитам. Ми се дешавало и да станам сред ноќ да морам да јадам банана најчесто јадам така.
Хаха морав да се надоврзам… и мене ме прашаа дали сум средена, викам да скроз, вика крени спаваќата да видам… се замислив дали ме зеза или… ама кренав, и ми рече ок е
Мене не ме бричеа. Дента од сабајлето бев на преглед, па мислааам дека бев добро средена , се обидов да се средам де. На прием, на бокс, никој ништо не направи. Дури ни клизма не ми ставија.
Кратко едно прашање ама не се сеќавам мн време немам уринокултура направено не сум имала потреба искрено... може од дома да се земе прва утринска и да се однесе за сат време додека земам упат тоа пример или мора таму да се даде утрински примерок да е свежа?