И јас сум со термин крај на јули, лани испоцркав од жештина, годинава што ќе се прави не знам Има многу убави ленени бебешки комплетчиња сум гледала, ќе бараме нешто лесно и тенко.
И ние бевме разделени скоро 3 месеци. Не е тоа нешто многу време, поминува брзо. Гледајте до 7ми да средите оти после 8ми месец и не знам дали ќе ти дозволат да леташ. За виза ќе си аплицирате за бебенцето откако ќе се роди. Немам искуство со мутации, ама не верувам дека за тоа ќе ти дозволат почесто од еднаш месечно контрола. Носи медицински испитувања преведени со тебе. Уредна бременост се следи еднаш месечно. На гинеколог земаат урина и прават крвна слика секој месец. Кога ќе ја среди визата маж ти одма поднеси во Германска амбасада во Македонија и за тебе. Тоа знае и да потрае. Само што ќе ја добиеш визата, маж ти може да те приклучи на неговото осигурување и да ти направи онлајн термин за пријава на адреса. Па кога ќе стасаш да си средиш се побрзо. Одма ќе побараш и гинеколог и таму ќе ти објаснат што ќе ти следува.
Јас вака се породив. Со бебе напред шо гледа. На ехото пред пораѓај, докторката ми рече Види и ги очињата, како трепка, едвај чека да излезе 39+3 , прелесно поминав. Со оглед на тоа дека се пораѓав од 36та... Отворена ко пештера бев ама мораше девојкава до последна недела да тера
Да, сега видов ти си 3 дена пред мене исто со девојче со лесно сега тоа е мора да се прилагодуваме на ситуацијата
Не се секирај гледај на сето тоа како убаво, ново искуство, ќе си почнете нов почеток. Во кој град ќе бидете? Пиши ми приватно порака ако сакаш, јас живеам во Германија веќе 6 години, ако ти треба помош тука сум. Јас сега влегов во 7ми а 5ти месец и до средина на 6ти си ги поминав во Македонија без маж ми со моите дома. Медицината тука е кај кај понапредна од Македонија и да не ти биде страв тука да се породиш, маж ти може да биде со тебе на пораѓајот ако сакаш. Лесна бременост ти посакувам и само позитивни мисли
Здраво мешиња, јас само да се пријавам. Денес бев напреглед и ми кажаа пол. Маже на мама ќе биде Инаку долго ме нема, испонастинав, го фатив вирусот со температура 38, кашлање, нос и повраќање до фаза на дехидрирање. Сега сум на антибиотик Еритромицин и електролити за да нафокнадам течности...
Па кој друг малер ќе биде отворен 4цм 3 и пол недели? Ко ми кажа докторката 5 и дека ќе ме примат, за кума ќе ја барав од среќа Таа па златната уште и ми вика Свесна си дека сега иде потешкото? Потешко од тоа што 3 недели си гледав доле со огледалце дали можам да приметам отворено? Нема такво нешто
Хахахахаххаха Имав колешка 3 прста беше 3 недели отворена. Лаганица на испити, на работа одеше. Друга другарка 4 прсти две недели, па и со 7 прсти ја пратија дома, дека споро се отварала. Да оди ако има нешто и рекле. До 42 ра износија деца. Јас 38+6 се породив и мислам дека се препородив. Се тркалав.
Исто сме, мене 5 август ми е термин, ден плус минус оти не знаев точно последна менструација За вадење ич не се секирам, туку маката ми е како ќе се турка бременоста во тие пеколни горештини
Го почнав првиот антибиотик за оваа бременост држете среќа да е последен. Минатата бременост цела од почеток до крај и после пораѓај бев со антибиотик. Ја незнам што бактерија ке беше ова да не реагира на ништо..
Исто ми се случува и на мене во текот на денот не само ноќта не користам ништо 37 недела сум ова ми се случува некаде од 30 нед па навака