Колку ми треба таква слобода... Како што врви времето, наместо да се опуштам, обратно, како да се укочувам уште толку. Страв ми е да излезам сама без сопругот, да не ми се случи нешто... Избегавам средби со луѓе да не префатам нешто, 4 месеци не сме се виделе со никој, ни со најблиските...
Иста сум и јас, некогаш дури ни до маркет не излегувам сама… ама гледам да не се обвинувам зошто имав негативно претходно искуство и знам дека доаѓа со некаква заштитничка улога..
За железо, да не јадеш многу месо ? Нема врска бре, како се мачкаме со алкохол за да боцкаме инекции? Дури тој е појак алкохол. Некои пијат во бременост ене ги гајле немаат
Хмм па јадам месо ама не знам дали е тоа многу од прилика 4 пати неделно. Ама па цел живот јадам толку и никогаш не ми било волку високо. Ајде денес и тоа ќе го прашам трансфузиологот, може ќе знае нешто да ми каже
Здраво Јас сум трудна и рокот ми е до први септември Прв пат сум породена со царски, но некоја колешка ми спомна дека овој пат ќе ме породеле 2 3 недели порано дека така им правече на сите да не испука раната од првиот царски. Стварно ова? Пред 2 гос. Бев со првото породена... Фала.
Nema vrska, obicno 38+4, 38+5 poragaat carski moze radi toa ti rekla taka nema vrska so ranata osven nesto ako se napravi komplikacija, ama 2 god e taman
Дефинитивно не си. Кај мене физичките промени на телото, поттикнуваат вознемиреност. И не е нешто ново, таква сум одамна. Но сега, овие нормални промени во бременоста, ги доживувам интензивно. Осаменоста дополнително си го прави своето, во градов кај што сум, скоро и да немам пријателки. И со тие што се, немам желба за излегување, штитејќи се од една страна од вируси, настинки, а од друга од муабети кои дополнително ме замараат наместо да ме опуштат. Сосема се оддалечив и од работата, ги прекинав активностите, немам идеи, немам мотив...
38+ пораѓаат втор пат со царски. После прв мислам не оставаат до 40, а и што е важно, бар раат ќе си, на закажано ќе си отидеш.
Снаа ми пред 6 години е породена царски. Сега бебето и е карлично и и рекоа дека поради првиот царски, нема да чекаат до термин, туку 38 ма ќе ја породат.
@arwen93 Да се надоврзам околу докториве. Ќе повиваме бебе ко кифла и точка! Ако каже доктор велам ќе повиваме. Што знае доктор бе, никого не прашувај мене слушај ме ти тетра преку глава обавезно да било потемно , подобро ќе спиеле, перници на сите страни да им било меко. Луѓе напади на паника добивам, се што читам дека не е добро за неа е врв во одгледување на дете. Не знам дали мм имал среќа што е жив или стварно и делуваат техниките Реално, сега единствена грижа ми е да истерам до крај и да ги родам живи и здрави. Кај се плашам за тоа треба да се плашам и да не му текне на некој в гардеробер дан ги пикне, за потемно де За капењето исто, логично ми е првите две три недели да не се бања дете ама па што знаеле таму некои доктори кои учеле 10 години медицина, Стојна и Митра изгледале по две деца и сега се експерти и така...
Ааа да. Доктори ништо незнаеле. Е зошто одиш на доктор викам? Ќутииии…. Дај бре кажи зошто идеш, ако ништо незнаат. А и марама преку глава, да не ја гледале луѓе Ќе си тераш како сакаш и само да да и пак по твое.
Хахаха така де, они сѐ знаат, докторите појма немаат. Свашта… терај си по твое па кој сака нека се лути и што сака нека збори.
Кога ќе слушнам шо знаат докторите црева ми се превртуваат. Инаку и мене со капа да спиела ладно ќе и било ,викам ако ја навлече и се угуши после цел живот ќе ти жежи. Нормално не ставив капа.
Додека не падне папочната не е препорачливо да се бања, тоа е за недела, две, после тоа може (како што ми кажа мене доктор).
Јас од прв ден го бањав син ми дома, во најжешкото во Август уште да не се бањавме. И во Систина го бањаа под чешма. Папочето нема врска, битно е само да не го ставаш во стоена вода, значи да протекува вода низ него и да е убаво исушено отпосле. Јас на рака го бањав првите денови дури падна папочето, после го спуштив во коритце. Муабетот е на почеток уште имаат од оној заштитен слој што биле во матка, па да не користиш јаки шампони да остане што подолго за да не му се јават црвенила и сл., па поради тоа препорачуваат да не го бањаш секој ден. Ама само со водичка нема проблем.
И твојот доктор ништо не знаел, дете се бања директ од болница, по можност што повеќе баби околу, во 2-3 води се поминува дека од на копање иде