Јас вакви треперења за прв пат осетив во 14 недела, секунда - две и толку, на исто место ги осеќав неколку пати, мајка ми ме убедува дека е бебето, нема што. А прв пат осеќам баш тука. Ретки се, еднаш во неколку дена, ама интересно е.
Од 16та веќе може да се осетат со прво бебе. Порано не, цревата се. А со второ може и порано. Не е возможно да се осети порано, премало е бебето. На почеток е така како пеперутки, како скокоткање.
Јас почнав во 16та крај да го осеќам како балончиња како да прави нешто и после неколку дена почна да ги осеќам и движењата, А престрелката ми е ма преден ѕид, викаат покасно се осеќа ама кај мене ете почна порано. Ќе биде деновиве кај и да е ❤️
Зависи каде ти е постелката, дали на преден или заден ѕид. Со првото ми беше на заден, прв пат осетив движења во 16 недела. Сега е на преден, во 20недела осетив прв пат, баш е како пеперутки, како скокоткање.
Вчера бев на контрола, скоро 30та недела сум, матичната ми виде калцификати на постелка, но некако не им даде на значење. Дали е нешто страшно? Ќе се изгура ли до безбедни недели? Патем не сум пушач, и сеа за сеа бебе супер се развива, и е за 4 дена понапредно. Некој со слично искуство да утеши?
Исто и јас ги осетив во 13та недела скроз доле над бешика, на прв скрининг потврди докторката дека е бебето и ми рече мнооогу е активна а сега веќе ребрата лом ми ги прави
Може и да осеќаш а не си свесна. Јас од 16 недела негде осеќав некои слаби вибрации ама мислев цревата се, сега во 21 ги осеќам истите вибрации само појако. Може и не сум репер дека две носам па кај мене е се поизразено. Во 16 осеќав како меурче во газирана вода кога се качува на врвот, како клокотење.
Здраво, дали некоја мајка имала слично, искуство... Бремена сум 13+5 недели, пред една недела излегов пешки и изодив малку повеќе, а бев залегната многу не се движев првите неколку недели од бременоста и кога си дојдов, осетив како некоја чудна болка околу задникот повеќе накај десната страна,како да имам нешто меѓу нозе, дури ногата не можам да ја стапнам убаво,полежав ми се смири да речам делумно. Но, еве вчера и денес пак почна да ме боле, живееме на 3 спрат во зграда без лифт и овие денови повеќе сум активна, нагоре надоле плус и со мало дете... Од што може да ми биде стварно ми е во мисла, овие 2 дена мислам и посилно ме боле, утре сум на преглед, ама се штрекнав од мислачка веќе... Само се стресирам си велам да не сум отворена Бог да чува нештоили да ми е спуштен плодот, уф уф, ќе се изместам од умот.. Пс. А минатата среда бев на редовниот преглед ок беше, и приска праев, др мереше тоа што треба таму, рече во ред е, ама ова почна да ме боле после тоа...
Од движењето ти е најверојатно, магнезиум пиеш? Не се секирај првите недели сите залежуваме и после ни е тешко.
Од каде купувате гардероба? Имам 3 пара панталони кои можам да ги носам, а не сакам да купувам баш труднички.. барам некои со ластик и слично што ке можам да искористам и после пораѓање Барем уште март да го истераме, после ке затоплува па полесно ке биде
Онлајн од Кали труднички фармерки 300 ден, тр. хеланки 240 ден имаше и блузи мислам 160 денари... Рано ми е за нив ама беа преевтини и си нарачав