Точно, има супер доктори и на државно, искусни и коректни ама тешко се стига до нив, ако немаш врски или пари невозможна мисија. Со првата бременост се породив на ГАК, денар не дадов а ни врски пак фаќав, се породив ноќта во 4 сатот доктор не ни видов, акушерки ме породија, специјализантка ме соши, фала му на бога се помина добро ама ако во некој момент нешто тргнеше на лошо не знам што ќе се случеше. Е сеа моментот од после во соба со бебе.. почнаа да ми "помагаат" сестрите од како им кажав дека мм раб.на клиника до тогаш никој не ме погледна. Од кејф им купи мм благо, сок да се почастат ама пари не гледам причина да им се дава, си зимаат плата за тоа што го работат. Никој не оди на приватно ради што има вишок пари, туку сите бегаме од НЕодносот на државно.
Сите пре би ставиле на штедна ама ако пак се пораѓам сакам да се чувствувам како жена, а не да бидам третирана како стока во штала.
Се согласувам дека е прескапо. На ГАК ми е одбивно и не одам. Премногу гужва, секакви луѓе, не баш чисто. Правев едно време хормони во лабораторијата, долу во подрумот. Премрачно и језиво ми беше. А за Чаир не ми се прави муабет. И таму отидов за хормони. Општ хаос ми се виде. Јас сум со ИВФ и бескрајно му верувам на докторот. И втората бременост ќе ја водам кај него до крај и тој ќе ме породи. Не дека имам одвишок пари за давање, но ни на крај памет не ми е да одам кај друг доктор и допрва да стекнувам доверба. Пари се заработуваат. Секако, личен избор е кој каде ќе води бременост и ќе се породи.
Моја другарка 12 и повеќе саати не сакаа да ја породат и тоа лично од докторот кажано оти маж и не дал 500е за побргу да биде работата.На крај царски мораше оти се искомплицира и имаше трауми после тоа.Немам зборови плаќаш цел живот здравствено за на крај да се плашиш како ќе завршиш и за тоа бегаш на приватно.
Како опиша како државниве болници да ни цветаат, се да е под контрола и ко никој никогаш да не се пожалил од нив. Ти држи вода муабетот за во некои подобри времиња. Сега за сега не. Со првото се породив во Чаир, за стручни, стручни се, но само ако имаш дебели врски. Претежок пораѓај, не сакам да коментирам како ми се обраќаа додека бев на бокс, едвај останав жива се онесвестував таа едната што и да беше сестра, бабица, акушерка ми вика еве ти го телефонот јави се на маж ти торта да донесе, не битно претходно што дадов и од после. Од хмг 130 на 69 ми се спушти, 2 дена никој не дојде да ме види, јер викенд... После ми рекоа потпиши се ако неќеш да примаш крв.. Среќа бев во апартман па моите можеа да доаѓаат инаку нз што ќе беше со мене. На некои жени самата поддршка и фин збор ите како им значат на самиот чин, а не да те третираат ко партал. Затоа луѓето одат во Систина, не затоа што сите имаме по 3к евра да дадеме.
14та недела од денес, а од пред некој ден почнав да си ја осеќам пеперуткава во меше, не ми се веруваше првиот пат дека е можно толку рано, ама како почна секој ден тоа е тоа. Фала ти господе за среќава
Со ќерка во Чаир такви глупости поминав, едвај се извлековме, а имав школска бременост. Да не си испитав се на своја рака кога излегов сега најверојатно под земја ќе бев. И тогаш реков дека ако некогаш се решам за второ, на трепки ќе одам ама моја нога на гак и во чаир не стапнува. 6 години ми требаа да се решам за второ, за 10 дена ќе се пораѓам и се тресам. Сите ми викаат да не се замарам супер ќе ми биде, ама мене само ми се враќа филмот како се струполувам пред бокс, се будам еден момент со кислород и тонови на бебе под 50. Како тоа специјализантките како кокошки раскрекани се растрчаа и не знаеа што да прават. Не, ич не сакам 3000 евра да лупнам, мнооогу дупки ќе се пополнат со тие пари, ама здравјето ми е поважно. Со стока во штала се има подобар однос отколку со жените на породување во државните. И некој што не поминал лошо никогаш нема да разбере зошто во широк лак ги одбегнуваме гореспоменатите.
Девојки, што мислите за патување со авион во бременост? Имам службено патување во мај на преубава дестинација која не сакам да ја пропуштам. Ќе бидам 21-ва недела. Како би постапиле да сте на мое место?
Ако имаш уредна бременост и дозвола од гинеколог да си патуваш. Во 21ва тамански нема ни тешко да се осеќаш, ни мачно да ти биде. Мислам @happygirl во тие недели леташе со авион.
Доколку имаш уредна бременост па една консултација со матичниот гинеколог ако даде зелено светло зошто да не.
Слободно патувај си. Ако си имаш нормална бременост до 28ма недела можеш без потврда од доктор да патуваш. Јас во 17та и во 26та летав Македонија-Германија.
@thinkerbell @nice-girl @arwen93 @LaTama Ви благодарам на сите. Преголема поддршка ми дадовте! Секако ќе се консултирам и со доктори, но ова што ми го пишавте многу вреди
Затоа што при патување со авион постои ризик од хиперкоагулација на крвта па затоа се препорачува зголемување на дозата. Од лично искуство ден пред лет, на самиот ден на лет и 1 ден потоа др Јани ми зголеми од 1 на 2 клексани
Доктори има се сложувам ама нема однос и грижа. Така Другарката одкако и споделив дека сакам приватно, што се породи во чаир со врски демек фаќаше а ја сошиле и напраеле израсток доле и еве две години крвари и има болен однос и сега за да не прави одново операција чека следна бременост. Немало вода топла со грч ладна се одмивала, вика никој не ти збори македонски и глава миела со ладна вода фен немало дека малата заглави во инкубатор може 6-7 дена и пренеле инфекција некоја. Најинтересно толку лошо поминала и ми вика што ќе трошиш пари да те тинтраат, ти ќе раѓаш нема тие за тебе да стенкаат и да раѓаат за тебе. Непотребни коментари искрено а ме знае што човек сум по однос на тие работи ама ок. Пак ќе речам на крај добро прошла со тоа што детето е добро, она ќе трпи но кај тие што имало друг крај во пораѓајот по однос животот на детето не мислат така. Мене па покрај односот за мене, најважно ми е односот и грижата за детето и несакам да идам на ризик. И да немам би зела кредит да се породам како што треба. Луѓе за iPhone земаат кредити, за одмори.. секој за што му е важно во животот мене ова ми е најважно.
Пред некој ден пишувавме во темава за оваа перница. Побарај ги мислењата. Јас ја имам, презадоволна сум. Преудобно ми е со неа. Пак ке кажам, само навлаката кога ја перам… ја враќам еден саат
И на ГАК не ти е без пари, цел живот плаќаш здравствено и пак имаш партиципација у случајот 700 денари. Здравственото ти покрива 80% и не е дека нема разлика да не се лажеме. Имате и приватно здравствено сега ако плаќате секој месец години уназад и таму нема ништо да платите ни за пораѓај ни за преглед. Вака ем плаќаме за државно ем завршуваме по приватниве клиники.