Јас реков како што се останува и сменив тема. Ама навистина е иритирачки кога ќе прашаат, посебно личности кои не ти се ни толку блиски за да прашуваат вакви работи. Долги години сум во брак, прва бременост па сега да разберат како било. Бог да чува се ама од сега на таму ќе бидам безобразна па да не им текне веќе некогаш да ме прашаат нешто.
Не бе маче бе. Ќе си бидеш безобразна. Какви прашања добивав ауууу. Ама и какви одговори ехеее. Не те прашале дали ти мрда бебето? А кога мрда? Само безобразно.
Јас повеќе мислам од некој тип на завидливост, лошотија го прават тоа. А глумат дека се радуваат за тебе. Пример иста личност што ме праша за тоа дали природно или со вештачко после тоа нареден месец ми се јави само за да праша за пол и реков ко ќе се породам ќе знаеш што е. И од тогаш ја нема. Со таквите не треба ќутење и културен да бидеш очигледно
Дали мрда на чоколадо Едни па исти само за полот ме прашуваат Па име дали одбравме А пак една пријателка што живее надвор од мк стално ми пишува како сте со бебето, не си легнувате со бебето веќе ми се смачи и од тоа што некои знаат дека сум бремена баш поради вакви работи ама стомакот не се крие. Само да сме живи и здрави да си ги земеме во раце ова ќе го изгураме некако
Каков безобразлук… јас мислам дека прашува или од љубомора или од радозналост па после да те оговара со други. Дистанцирај се ако ти влијае лошо.
Можеби стварно се грижи пријателката. Мене лично ако некој праша како сме не ми смета. А тоа за полот ми се има неколку пати десено продавачки во продавница рандом да ме прашаат што носам. Толку ли им е на сите интересно тоа прашање… што е битно кога не се ни знаеме
Ма ги игнорирам сите, се држам подалеку од такви ама некогаш се неизбежни ќе се сретнеш случајно и оп ќе ти постави некое глупо прашање тотално неочекувано. Па ко ќе ми каже леле се расплакав ко разбрав одма знам кое прашање е следно. Боже колку можам да напишам на таа тема. На почеток кога ми беше мало стомачето па некои како се обидуваа да дојдат до информации дали сум бремена роман можам да напишам
Па за пријателката не мислам дека со лоша намера го кажува ама логично бебето е во мене што значи тоа не си легнувате со бебето, не се одмарате со бебето. Па во мене е жено одмара тоа кога сака, спие, јаде кога сака. А оваа со полот веќе на сите им е ко в кладилница коефициент да фаќаат
Може статистика води И за тоа има модерен одговор сега барем да има за што да те збори речи ,,само ќе одбере кога ќе порасне "
L Lele kolku original note .bas taka e...aloo da bideme realno samo roditeli I braka sestri mpzat d ase rasplakaat od sreka..jas sum se raduvala na 5 mesta sum starosfatica ama deka sum placela...mislam.....lele do kaj odat ljugevo.....
Потполно те разбирам ама гледај да не ги сфаќаш озбилно. Некои и не знаат како да изреагираат па тропаат глупости немаат обзир дека бремена жена е осетлива. Таа кај што одам на депилација ме праша какво носам и викам девојче и она вика “ооо ај следното машко ќе биде.”
хахаха ме насмеа, добри се балканска работа само да е машко... така во тетово викаат што имаш? дете или дејче? Дека дејчето не е дете хаха...
И кај нас слична ситуација. Се зедовме кога имав 21г. и сега точно по 10 години сум трудна и тоа од прва се фати, фала му на Бога. Ама ние пред тоа не ни пробувавме за бебе. Не дека не сме сакале, туку сме сметале дека сеуште не ни е време. Па во овие 9-10 години што се се намам изнаслушано. Прво дека мала сум се омажила мислеа дека сум трудна, па после филмови како јас сум неможела да останам трудна. Дури со препораки од болници каде да одам да си го барам ќарето Алоо не ни пробуваме за бебе, што ви е?! Затоа од такви луѓе што подалеку за да ни биди полесен животот
Хахаха тоа за полот и мене ми се има случено од повеке личности. Кога ќе кажам женско дека е ми викат е добро ајде следно машко, као најразочарувачки е да имаш женско чедо а мене буквално најнебитен ми беше полот после толку години
И мене ми даваа контакти од манастири, болници, гатачки, бајачки. Ама ајде тоа пак си велам луѓе сакат да помогнат па ајде. Овие што никнуваат ко печурки само за да разберат е они ми се посебна приказна.
Да помогнат би можеле едноставно ако ги прашаш за помош.. ама така сами од себе да си даваат "дијагнози" дека нас нешто ни е некако ми немам логика.
Исто ние сме во брак 6 години и сега се одлучивме за бебе, и луѓе и коментирале на мајка ми као леле ете фала Богу имало Господ… хахах wtf као ако немаш одма дете чим се венчаш одма нешто не е у ред со тебе. Заостанати луѓе…