Јас па имам другарка што на секое ми викаше што чекате бе одете инвитро... Божем ние чекавме, ама никогаш не зборував за тоа ни па со најблиските. И на секое гледање ми кажуваше пози како се правело бебе да сме пробале ваква поза онаква поза, не сме пробувале како требало затоа и да сме се опуштеле. Дека ние нели/ мислевме штркот ќе ни го донесе
Да се вклучам и јас со ова леле се расплакав, се наежив буквално колешка од работа ми рече, а потоа цела бременост ми поминуваше на работно место додека сум во нервоза, се додека не превздов нормално други мерки за неа, за да се дистанцира од мене. Кој ќе се наежи освен како што спомнавте најблизок? Никој, само филмови...
Женски јас се породив вчера пак со царски...мојот господин дојде побрзо на светов да го испочитува празникот вчерашен...36+4 се родивме и фала богу супер сме. Дајбоже кај сите лесен и брз пораѓај
Ќе ви се смешам малце во муабет. Лично јас имам плачено за некои членки од темата Вонтелесно пошто таа ми е матична тема. Нит ги знам нит ги познавам, ама кога им ги читам приказните не можам да се воздржам. Друга работа, кога некој близок ќе соопшти бременост брзо после брак се радувам ама онака, пошто е нормално. Кога подалечни пријатели, познаници ќе разберам дека успеале после години и години борба не плачам, липам од радост. Јас кога почнав да им соопштувам немаше некој што не заплака, пред мене ги гледав. Ми сметаат и мене прашања, ми смета да ме чепкаат за стомак, ама дека има луѓе што искрено се радуваат ИМА.
Има луѓе што искрено се радуваат да ама тоа се познава, а глумење лудило се познава исто така. Плаче пред мене и ме прашува, а со вештачко остана бремена? Дали во тој момент е тоа најбитно да го праша прво. Наместо да посака лесна бременост, се да биде во ред, нив тоа да им биде прво прашање. Се познава кога луѓе искрено се радуваат. Јас пред да останам бремена знаев блиски личности кои успеале после години во ова борба и баш затоа што имам поминато низ тој пат освен да им посакам се најдобро немам прашано нит отворено никаква тема за тоа. Кога ќе сакаат ако сакаат ќе се отворат и ќе кажат, не ги чувствуваме сите исто блиски за со секого да зборуваме за тоа. Муабетот ми беше дека луѓе кои и не ни се блиски со кои се гледаш два пати годишно тоа им е прво прашање, они најмногу се радуваат, плачаат од среќа и сл.