Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    1.247
    Допаѓања:
    1.124
    Пол:
    Женски
    Жив и здрав :inlove::inlove::inlove:
    Што се случи што забрза?:D
    Љубопитност. А што се замараш, одјебиги и терај. Нека си прашуваат, неможеш да ги запреш, за жал. Гледај си ти и бебчето да сте ок и терај. И по природен и по ивф да е, твое си е :inlove:
     
    На Bum, Трагедијаупмм и jagoda777 им се допаѓа ова.
  2. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    727
    Пол:
    Женски
    Па фала богу знам дека си е мое. Вакви и да се трудиш не можеш да ги запреш за жал, затоа и ги оставаме да си тераат по свое.
     
    На ShtruMfeticka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    272
    Честитки за @Joraa и @ray111. Нека ви се живи и здрави бебињата.

    Делам слична приказна.
    5 години во брак, немавме проблем, ама имаше работи кои одлучивме да се завршат пред да добиеме бебе.

    Муабети од најблиски другарки, "ајде уште не прајте бебе", "што чекате", "животот уште ви нема смисла, не разбирате, затоа мислите вака", "што ќе ти е таков живот, џабе се имате"...

    Па муабети на мајка ми од луѓе што се вели - што никако не им е местото, "ајде побрзо да си се израдувате"," да го бараме дејчето", на што мајка ми секогаш одговарала дека е наша одлука, до убедување дека ја лажам, дека сигурно не можам да имам деца, дека ова не е можно, дека сум греота, до каѓување разни трикови како и што се останува трудна.

    Еднаш, една пребезобразна жена, прв пат ме виде, ама ме знаеше оти сме некако фамилијарно исповрзани, прво што кажа е дека тој ден, оти беше празник, бил многу убав за правење деца, обавезно се фаќало. Значи, сум била оговарана кај сватовите, туф дејчето да го бараме

    На сите сум им враќала дрско, а сега реков, и на мајка ми строго и забрснив, кажување по тие луѓе не. Тие женштурии просто толку ме нервираат, па не сакам никако да се поврзани со овај период, дури ни со информации кои ќе ги разберат за мене.

    Се согласувам со членките, дека радост кај искрен човек се гледа, а радост кај расипник, немс што дс се коментира. За жал, се повеќе се.

    Не сум сподлила ни со некои блиски пријателки, врват низ тежок животен период, и секој втор збор им е, ете што згрешив јас да ми биде вака, што е поарна таа од мене да биде среќна. Едноставно животот ролку им е упропастен да зависта е посилна од се кај нив, и им треба терапија. Да им бидам јас терапевт, или издувен вентил за завист, немам намера.

    За жал искуствата се такви со многумина.
     
    На LiquidLuna, ray111, Baby warrior и 15 други им се допаѓа ова.
  4. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    6.093
    Допаѓања:
    19.030
    Пол:
    Женски
    Честитики мамички :inlove:
     
    На ray111 и Joraa им се допаѓа ова.
  5. NewMember23

    NewMember23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2021
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    99
    Пол:
    Женски
    Во врска со муабетот за клиниките. Никакво мерило не е дека во приватна клиника ќе поминеш мед и млеко, а во државна е хорор. Јас лично повеќе доверба имам во државна, одошто во приватна клиника, секако кога е правиот доктор во прашање.
    Пријателка пред 10 години се крстеше во Систина, немала шанси да оди државно, со надминат термин и починат плод, поради компликации кои не ги виделе навремено, во животозагрозувачка состојба беше префрлена во државна клиника. Едвај преживеа и она. Во државна ја спасија.
    Вашето лично негативно или позитивно искуство не треба да е мерило за сите жени. Бебиња умирале и приватно и државно, грешки се правеле и приватно и државно. Никој со гаранција нема да ти каже каде како ќе пројдеш.
     
    На LiquidLuna, Maricheee, the12345 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.780
    Допаѓања:
    16.551
    Пол:
    Женски
    Не се замарам кој што кажал и како кажал, а немам ни намера на некој да му толкувам зборови што сака да каже, воопшто не си го оптерерувам мозокот имам побитни работи на кои се посветувам.Со близок круг на луѓе другарки, пријатели не ми е проблем да разговарам на темата, другарките барем еднаш во текот на неделата ќе најдат време да ме прашаат како сум, дали сум добра и не гледам ништо лошо во тоа и јас сум го правела истото исто не гледам проблем и колешките од работа кога ќе ме прашаат нити ми е нападно, нити ми е некултурно да ме прашаат како напредува бременоста.
     
    На LiquidLuna, Bum, WonkaMonkaa и 3 други им се допаѓа ова.
  7. arwen93

    arwen93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    281
    Пол:
    Женски
    Колку помалце луѓе знаат за твојата среќа толку посреќен ќе си. На такви зли луѓе не кажувајте, а муцката не можеш за жал да им ја затнеш. Мој живот моја работа. Мене фризерот ми рече “што бе маж ти не знае деца како се прават?” Од кај знаеш бе може немам матка? Од кај знаеш што е проблемот за да се дрзнеш да прашаш такво нешто? Мајка ми и татко ми ме немаат прашано на таа тема ништо а не па некојси што го гледам два пати у живот. Заостанати во камено доба. На такви не планирам нерви да трошам, ќе си ги чувам нервите за попаметни работи.
     
    На LiquidLuna, Anyshka, WonkaMonkaa и 2 други им се допаѓа ова.
  8. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    6.093
    Допаѓања:
    19.030
    Пол:
    Женски
    Не е за замарање, ама има луѓе што толку до детали сакаат да знаат се, па толку и си зимаат за право да кажат некои работи и ништо друго освен нивното не се прифаќа.
    Секојдневно ме прашувале како сум , дали треба нешто.
    Ама имало и муабети дека може бебето ќе ми умре на пораѓај, па да не сум се спремала толку, па докторите што знаеле, тие апарати не ги бивало, од авион се гледало дека носам машко, а не женско. И ова од луѓе кои и не се баш дел од секојдневен живот.
     
    На LiquidLuna, WonkaMonkaa, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  9. 1RedLipss

    1RedLipss Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки
    Ќе ве замолам за совет и утеха. Бремена сум 19+ и вчера се случи мала незгода. Се сопнав и паднав, но не на стомак. Успеав да се прилсгодам на колената и да се задржам на раце. Коленото ми е малку повредено, стомачето не го ни чепнав, но сега страв да не некако со тресокот можам да го повредам бебуш или да се опуштам. На контрола сум за 6 дена.
    Се обвинувам себеси но знам стомачето дека ми беше безбедно :(
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  10. GIGI69

    GIGI69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2021
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    Честитки :l:
     
    На ray111 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Да еве братучетка ме носи на прегледот во пон, докторкава ми кажува за грлото и на крај вика мн е мало за зреење инекции мора да издржиш или дома со лежење, серклаж што и да е па и ако треба болнички ќе се издржи до 36-37 недела. И се расплакав во кола така од беспомошно се осеќав и братучетка ми вика ај нема паника па ни прва си ни последна да се породиш во 7ми месец, незнам што идеш толку по лекари седи си дома само те паничат, еве другарками и рекле нешто стара и е плацентата и не иде ни по лекари не тестот го правеше скапиот ти што ми го кажа ... и викам вози те молам и не коментирај не ми се живциве арни несакам да ти кажам нешто да се нервирам после... ама не е она со лоша душа.. она е без речник и незнае што да каже како да го каже тоа жално има години не е мала ама ете викам човек се гради во животот, книги има фала богу, има поучни раб на интернет само има два типа на луѓе викам кои остануваат во едно место и битно е шетање, облакање, оговарање и луѓе кои читаат се градат себеси со кој и да седнат знаат да разговараат да дадат совет посвесни се на околината и на животот. И така бирам пријатели барам позитивни луѓе... избегнувам максимално негативни. Околку мене колку сакаш проста раја (во однос на понашање) ама тоа е некои ти се фамилија некои надредени мора да си во контакт.
     
    На BellaBibi, Ani93, Dijana DM и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Ух тоа ми е најголем страв, идам и само надоле гледам во врвки во нозе... Незнам дали осеќаш болки во половината стомакот? Нормално тоа што е набиено те боли нозете рацете. Ама мислам нема простор за да се плашиш ако немаш удар на кук стомак кичма... Сепак нешто ако осетиш во текот на денот оди на ургентен. Знам не живееш тука така?
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    1.945
    Допаѓања:
    4.838
    на сите им е интересно, ние не сме толку заинтересирани, а сите околу нас се опседнати, не ме прашуваат како сум, него дали дознавте пол, викам аман напорни сте веќе :D
     
    На LiquidLuna, arwen93 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  14. 1RedLipss

    1RedLipss Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Во Германија живеам а сме тука на одмор, наутро си летаме назат. Немав удар никаков на кук, половината, директ на колено се приземјив. Болки немам никакви. Знам дека безбедно ми беше телото, но црвот ме јаде :D се исплашив повеќе
     
    На Ladyme и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  15. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    5.543
    Ништо не му е на бебуш, не може да се повреди така, плодова вода делува како амортизер. Мене син ми со клоца ме удри еднаш директно во стомак дури се игравме, а и колку пати ко ќе спие со нога ме има мавнато, сега со перница врз мене спијам :D.
     
    На Ani93, 1RedLipss и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  16. Ljiljana1986

    Ljiljana1986 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2023
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    478
    Пол:
    Женски
    И ти си скроз во право. Кога ќе го вратам филмот назад, најблиските пријателки и роднини никогаш не започнале први разговор за мојата ситуација, не дека не им е гајле туку дека не сакаат да ме повредат, ако почнам јас значи сум спремна да разговарам. Од друга страна пак ,,помош,, ми била нудена од сосем небитни страни. Ама тоа е, секакви не има. Битно е да е се во ред, кој што сака нека си зборува.
     
    На LiquidLuna, HappyAsItGets, Dijana DM и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.281
    Пол:
    Женски
    Баш ова сакав да прашам / кажам ,сум слушала дека комплицирани случаи од приватни знаеле да пратат на државни.
    И баш сакав ако има некој такво искуство да сподели.
    Нема ништо не грижи се, мене така уште не бев сигурна дека сум ќерката ми седна на стомак ама со скок ,без воздух останав значи првите недели. Па се беше ок. А и гинекологот кажа дека не може ништо така да се случи вика какви сообраќајки преживеал плод тоа ништо не е :) секак за 6 дена си на преглед и ќе си го видиш.
    П.с ако сепак не си спокојна оди и тука нека те видат.
     
    На Autumn Love и 1RedLipss им се допаѓа ова.
  18. Bulka12

    Bulka12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2017
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    jas sum 17+5 so bliznaci i vchera i jas padnav. Se javiv vo bolnicata i me prashaa dali imam povreda na kolk, grb ili stomak. Im kazav deka padnav na kolk i na glava, pa mi kazaja da odam da vidat dali e se vo red. Srekja bebushite bea vo red. Dokolku si padnala na kolena, nemalo shteta
     
    На 1RedLipss му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mevljana Babuli

    Mevljana Babuli Нов член

    Се зачлени на:
    Вчера
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki imam edna molba do vas dali nekoj od vas ja imal mojata situacija Jasum vo 7 mesec od bremenosta imam vo gradite zolto kako mleko i temperatura
     
  20. 1RedLipss

    1RedLipss Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам девојки, се смирив малку. Сепак ми е прва бременост и е со ин витро, борбата сите ја знаеме па чувствував грижа и страв
     
    На Autumn Love, Izzy_0504, Ladyme и 1 друга личност им се допаѓа ова.