Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Batterfly93

    Batterfly93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    156
    Во врска со муабетов, и јас сум од оние кои се омажија и поради преселба во друга држава, одлучивме со сопругот прво ние да се средиме малце да застанеме на две нозе па потоа да планираме дете. Сепак тоа е дете, а не кукла и не е воопшто мала работа. Ама во меѓувреме добивав разноразни коментари, од типот оди кај овој гинеколог добар е ги средува хормоните, колкуу години си, аиии си ги имаш веќе годините, една пријателка пак секогаш ми викаше ајде ќе биде, јас бев збунета после муабетот, се осеќав ко да бев болна. Незнам зошто заќутував на тој муабет, наместо да и кажам дека не планирам бебе веднаш штом се омажам, а јас будалата само слушав и се нервирав.
    Искрено јас сум тип кој не сакам да брзам во такви важни одлуки, посебно не за деца. Не сакам да навредам никого нооо сум многу против оние кои се мажат и веднаш раѓаат, посебно ако се млади. Каде брзате, не ми е јасно, родител ќе сте цел живот, затоа мислам дека треба да се даде малце време еден на друг, да се среди стан, живот, барем малце, а потоа да се мисли на таква важна работа. Познавам мн мајки кои уште на 20год се мажат и веднаш на деца мислат, не ми се јасни воопшто, што ли мислат. Кога ќе седнам да разговарам пола од нив не се едуцирани ни малку за некои работи во врска со мајчинството, ниту пак биле спремни за раѓањето на бебето, затоа сметам дека постојат многу други работи на кои треба да се мисли пред да дојде бебе на свет, образование, работа, кариера, заеднички живот со партнерот итн. Точно е тоа дека бебе е најубавото нешто, но многу е лошо кога ќе слушнеш муабет од типот ако не беше мама ќе немавме со што да го изгледаме детето. Или пак кога ќе видиш како на детето му се спие ама мама мора да го испие кафето и да го испуши цигарот па детето легнува на земја покрај нозете на мајката и така заспива. Или пак мајка која го рани детето седнато на маса. И уште еден тон вакви случки сум видела. Срце ми се корнело и затоа сум многуууу против од раѓање на деца на млади години и неедуцирани мајки.

    Уште еднаш се извинувам ако навредив некого, но тоа е мое мислење.
     
    На WonkaMonkaa, Mimmi39, Cherry blossom89 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. jagoda777

    jagoda777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    646
    Пол:
    Женски
    Имаше понуда Лала 1900 денари со новогодишен дизајн/натпис а бела цела не знам дали уште имаат, пишуваше до потрошување на залихи.
    Дали ти вратија овиее од линков?
     
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.345
    Допаѓања:
    76.450
    Пол:
    Женски
    Дааа. Трета бременост и прв пат нешто такво искусив. Рано почнав да го приметувам, ама како растев ептен се гледаше. Пулсирање на едно исто место.. Прво мислев некоја моја артерија да не е :D Над папок, под желудникот некаде беше кај мене (некогаш полево, некогаш подесно, некогаш средина зависи бебе како беше наместено). И еднаш на ехо го приметив стомакот дека пулсира и начекав да прашам на лице место што е тоа :D Докторот го стави ехото и буквално изгледаше како бебе да диши. Вежбање на дијафрагмата за дишење... Има и доста видеа на Јутуб
     
    На Ani93, Baby Girl123, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.345
    Допаѓања:
    76.450
    Пол:
    Женски
    Фетално "дишење" е. Не диши диши, ама мрда со дијафрагмата. Имав можност да го видам тоа чудо и на ехо :rofl: Баш се ширеше и стеснуваше дијафрагмата и изгледаше како бебе баш да диши. Мн интересно, не е страшно да си знаеш.. нормално е. Мене со третово постелката ми беше позади и баш све си видов :rofl: И движења ненормално видливи, шетање на раце, нозе, колена... и тоа мрдање на дијафрагмата :lol: На скроз истото место што опишуваш и мене ми беше. Поспоро од срцебиење е, а побрзо од дишење.. Јас и видеа имам, го начекував баш често и видливо и до надвор ептен беше:)
     
    На LiquidLuna, Ani93, Baby Girl123 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.379
    Допаѓања:
    18.005
    Пол:
    Женски
    да ама баш како дишење го осетив движењете како да е изморен нз како да објаснам како срцето да му чука. мн чудно затоа се исплашив

    ова веќе ми има логика објаснување баш така беше поспоро од срцебиење а побрзо од дишење.
    да сум мирна барем сега.
    викам што стана работава зошто вакви движења на бебе. Исто и мене со третово на заден ми е постелка и многу подруги и поинтензивни се движењата има разлика.
    фала ти мариз за одговорите.
     
    На LiquidLuna, Ani93, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Кога сме кај перницата да прашам до сега користам обична перница ја преместувам како шо имам потреба ама веќе станува потешко. Сега влегов во 7ми месец дали се исплаќа да земам сега перница? Не знам дали е подобро со неа тоа ме интересира
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lavitaebella

    Lavitaebella Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2023
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Кажете продавница за појаки градници од кај да земам , имам од сара фешн ама ме боли грбот не ми прават добра поддршка
     
    На jagoda777 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.052
    Допаѓања:
    3.516
    Се исплаќа, како во кутија си легнуваш :lol:
     
    На LeNora му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dijana DM

    Dijana DM Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.481
    Пол:
    Женски
    Da 1000 den samo pernica. 1300 so navlaka. Ovie na lala mi gi falese edna koleska. Ne e mala razlika. Se dvoumam od kade da naracam.
     
  10. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    5.550
    Сега во трет триместар ти треба најреално и најмногу, а не дека е незаменлива. Работа врши исто како повеќе перници, јас пример претходниот пат лежев со сите перници дома што ги имав, значи цела спална перници беше, ама многу болки имав.
    Ако ти врши работа и обична перница не земај, нема нешто вау ефект, освен што не се замараш со 100 перници наеднаш.
    1400 ти е од Сомниа, прескокни ги овие.
     
    На LeNora му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    286
    Не знам дали се истите.
     

    Прикачени фајлови:

    На Dijana DM, Autumn Love и jagoda777 им се допаѓа ова.
  12. Cvetce_

    Cvetce_ Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Жени кога ви се зголеми апетитот во бременоста ?
    Јас сум 16 недела и буквално ми иди слон да изедам.
    Обично слабо јадев пред бременоста, 49 кила бев :)
    Сега ништо не ме наситва, дури гледам можам да јадам, леб и благо не јадев ич а сега си каснувам, благо не толку ама сепак.
     
    На Надеж♥️ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. jagoda777

    jagoda777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    646
    Пол:
    Женски
    Јас до скоро 10 недела немав апетит, ама затоа последнава неделааа ...постојано сум гладна (waiting)еве и сега се мислам што да јадам а си легнав веќе:D
     
    На Cvetce_ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. arwen93

    arwen93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    @Feniksgirl
    Од истата причина и ние не брзавме за бебе се селевме, чекавме да се стабилизираме финансиски, не сакам по секоја цена да родам дете па после мачи се, снаоѓај се како знаеш. Ама тоа е прост народ мора нешто да се збори…
     
    На Sladjask, Feniksgirl, TeodoraMJ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    410
    Јас па со апетитот и килажата тука па тука, 15 недела има денови со сила уста да отварам за да каснам нешто така малку ама има и денови што можам да јадам посебно брза храна или нешто манџа месо не можам никако, а и на 2 пати така стрвна се прејадов па после вецето го посетував.
     
    На Cvetce_ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    403
    Мене после 18та, јаглехидрати и шеќери:lol: само што ќе завршев со јадење размислував што ќе јадам следно. А до тогаш ослабена 7кг со повраќање до инфузии.
     
    На Cvetce_ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Batterfly93

    Batterfly93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    156
    Исто и јас имав период кога почнав многу да јадам, мислам дека после 20 недела некаде, посебно благо иако никогаш не сум јадела многу благо. Но можам само да те советувам да внимаваш, затоа што тоа прекумерно и неконтролирано јадење може да доведе до покачен шеќер, што и се случи кај мене. За среќа ја нормализирав исхраната и се вратив во нормала, но ако малку се опуштам со бел леб, чоколадо, газ. сокови, веднаш ми се качува шеќерот.
    Затоа внимавај што јадеш, а нее бремена сум и јадам за двајца…
     
    На Cvetce_ и Kejt362 им се допаѓа ова.
  18. arwen93

    arwen93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Како осеќаш дека ти е покачен шеќерот? Има некои симптоми или кога го правеше тестот со глукоза ти кажаа?
     
  19. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    Незнам од која страна да се гледа искрено и јас сум почнала семејство на 31 сметам дека е касно... ама немало никој кој да ми помогне ни мене ни на сопругот тој е 34 све сами создаваме. Сум размислувала така да образование, раб, дом па дете ии поминува времето. Парови кои ете имаат помош можеби решено станбено прашање па искористиле период да прошетаат и побрзо да се земат. Не гледам причина зошто не и на 26-27 да створат семејство. Па и порано ако некој има бизнис и нема желба да учи на факултетиве наши државни. Пола свет фукционира со колеџ од две години, или академии. И се фаќаат за работа. Најголемите бизнисмени се луѓе со најмало образование. Во главно финансиите играт многу улога. А тоа ние што сатот го поместуваме биолошки и све потешко се создава семејство од што се чека да се исполни све . Идеални години за жената за раѓање се 25-26. Тело брзо заздравува, појако е, днк е помлада, се има повеќе енергија за децата итн. Искрено незнам дали годините се во прашање или општо карактерот на луѓето знам и на 31 неспособни за себе а не за дете затоа не ги класифицирам и на крајот секој бира свој начин на живот кој е многу краток за жал.
     
    На WonkaMonkaa, Iva.T, Ljiljana1986 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. NewMember23

    NewMember23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2021
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Не си во право за муабетов ич и го правиш истото осудување што го прават врз жени кои не родиле веднаш.
    Пред се, неспоредливо статистички е колку телото на жената полесно пребродува бременост во 20тите, ако гледаме од тој аспект.
    Второ, кога имаш помош од сеуште млади баби и дедовци е невиден благодет. Јас со задоволство би им помогнала на моите деца на истиот начин, здравје.
    Трето, кој вика дека се неписмени младите мајки? Зошто пак се натура небулозата дека животот ти завршил? Познавам милион жени кои родиле и едно и две деца млади и си продолжиле со образование, кариера и работат и успешни се. Не е животот од кога ќе родиш посветен само на детето, извини. Детето си има и татко кој ПОДЕДНАКВО е должен да му се посвети.
    Тука се надоврзува и твојата последна замерка, пиеле кафе, пушеле цигари, децата им спиеле по кафиќи. Извини, ама за да бидам добра мајка, не мора да сум од оние најопседнатите со кои повеќе не можеш муабет да направиш, освен какало, мочало. Мене па тие ме нервираат, бидејќи секоја жена која не е преопседната со постоењето на своето дете, веднаш е Содома и Гомора според нив. А уствари се несреќни бидејќи се неспоспбни да продолжат со својот живот личен, веќе се претворени само во мамички и крај. Ако сум мајка имам право и на себе да се посветам, па макар и тоа биле кафиќи и цигари. :)

    *ЕДИТ ова не го зборам од личен аспект, јас не сум родила деца премлада.
     
    На Iva.T, Cvetce_, Ljiljana1986 и 11 други им се допаѓа ова.