Кога ќе дојде бебе нема да имаш време да мислиш. Мисли позитивно и не се замарај многу и да си заборавила секогаш се докупува, доспрема од после. Само да се роди живо и здраво тоа е најбитно. Со лесно нека ти е за бргу ќе се излесниш
Јас се породив ден пред 39 та. 37 ма негде и некој ден, др ми беше на одмор и ми вика оди едно цтг нека ти направат и прати ми го. Одам јас, правам цтг и тој ми вика аааа тешко дека ти ќе ја дочекаш докторката твоја да се врати од одмор. Јас во шок хахаха. Праќам цтг, ми вика абе имаш болки ти, викам неее, ништо. Вика ај за пола саат уште едно и ќе видиме. Чекам јас пола саат со мм надвор, се препотувам, се преиспитувам 71615171 пати дали е спремно се, торбата не ми е спремна целосно, мм почнува да ми се смее, јас потресена. Правам второ, гледам нема ништо и правец во кола. Доаѓа др од одмор , одам на преглед , ааа ти имаш време, се гледаме за некој ден. Тој ден беше наредното утро. Може утре сабајле тука мекици да частиш
Девојки дали има нешто вистина во тоа дека ако маж ми е висок а јас сум ниска дека бебе може да биде големо и ќе морам на царски? Маж ми е скоро 1,90 јас сум 1,57… на последното ехо докторот ми кажа дека и се долги ноџињата дека ќе биде висока… и денес слушнав муабет дека од таа причина има шанси да не може да искочи природно. Ќе прашам и доктор само сакав да знам дали се има на некому случено вакво нешто…
Ние двајцата сме високи. Јас 173, маж ми 195. Долга и голема се роди ќере во 38ма. Царски сум дека карлично, иначе природно ќе беше. Не мора да значи, цимерката во 37ма, 4500 природно го роди, а она како тебе височка е и слбичка.
Двајцата сме високи, 50 цм се роди. За царски се гледа прво ширина на карлица,должина на бебе не би требало да е индикација за царски. Долго е, ќе искочат рамената и толку е. Нозете се најлесни за вадење За нозете и реков влечете ја, од мене толку
Утре сум на прво цтг да видиме што ќе кажат до каде сум ниту јас не знаам битно туркаме киселини повраќање и болки имам
Како го мерат тоа ширина на карлицата?? Мене ми рекоа ако е надолу природно ако е карлично царски ова со карлицата не ми го спомнаа
Ја мерат во болница. Карлично мора царски. Јас не би ризикувала природно со карлично. Ако си е со главчето доле природно ќе си почне.
Абе уште цтг не напраи ти сеа цели филмови. Ај да не се караме сеа. Пораѓај е пораѓај, не битно каков. Битно да сте живи и здрави и двајцата.
Во 8 недела од Имприл се префрлив на Премама дуо . Колку време треба да видам ефект од витаминиве убави нокти кожа коса Јас се осеќам како да се распаѓам заби ми се расипуваат, кожата сува сува посува не може да биде, косата исто ужас ...
Јас пиев Премама и мене и коса и нокти ми цутаа. Ноктиве поготово. Ама на толку повраќање првите три месеци, тек втор триместар се приметив хахах.
Пијте повеќе течности за кожата ако ви е сува, телото треба да се хидрира. Јас со Павловичева се мачкам по цело тело и само таа ми помага, ептен сува кожа имав а и зголемив внес на вода периодов.
Ја висока 180, пред бременост 75кила, ме има не дека ме нема Ми рекоа дека имам тесна карлица, измерено на ехо голема глава 36cm и рамена не ми текнува сега ,завршив царски, провоцирана 5 дена не се отварав бебе скоро 5кила излезе у скоро 43та недела Има мнооогу причини за да се заврши царски не е туку така. Ако немаш кукови не значи дека си тесна , или обратно. Како треба да биде ќе биде беба мора да излезе, битно на крај се да биде добро.