Што значи PVU razmeknato? 38 +3 сум и така ми пишува на извештајот.Уште немам никакви болки ниту чеп паднат.Деновиве не проаѓаат,вчера мислам со снегов дека се истрипав уште толку ко да се враќа времето назад а не да иде напредКако ги поминувавте вие деновиве последни?Не ми се иде никаде ради вируси и грип а мислам збеснав дома веќе.
Ти си била при крај мила, нели е нормално при крај да се потекува, јас повеќето што ги знам пред пораѓај дури и лицето им се менува. Со близнаци си кај тебе ќе е поизразено. Имаш закажано или природно ќе пробуваш?
Вторникот супер димерите, петок прекинав клексан, саботата приметив отоци. Сега не се тоа страшни отоци да ми се смени личен опис, но не сакав да оставам да дојде до тоа, па да си прашам за искуства. Исто во вторникот правев и кс со мокрача - уредна. Притисок следам, во ред е. Од друга страна и премногу работа имав деновиве, менувавме спална (лежај), се бафтав со алишта, може 7-8 машини во 2 дена извртеа, кречевме вчера, па чисти, бриши…. Треба малку да одмарам повеќе… Да, ќе видам денес утре како ќе биде, па ако забележам поголеми отоци, пак ќе испитам ддимери и ќе се исконсултирам со до При крај сум да, може и нормално е што викаш… па и дека близнаци, да е поизразено… Инаку царски ќе сум сигурно. Првото ми е царски, но и да не беше така, сега се двете горе со главите, кај мене во ребра, едната е со газето доле, другата со нозете доле, секако мора царски. Ти до кај стигна? Како се наместени кај тебе? Да, ќе треба малку да кренам рачна… Фала ви девојки на сите за советите
Женски, во недоумица сум со положбиве на лежење-спиење. Читам по нет и што имам слушано најдобро е на лева страна, десна поретко, на грб да се избегава. Ај тоа за спиење генерално така и правам, со тоа што на десна ми е страв периодов едниот близнак ми е на десна страна и главчето и е скрос бочно и се си мислам ќе ја повредам ако лежам на десно на грб ми е ептен удобно, ама викаат по 28ма недела да се избегнува, јас ја терам 27ма моментално. На грб ми е позгодно него на страна некогаш… Некаде читав дека треба да си го слушаш телото.. Поголема ми е дилемата за преку ден.. на патолошка сум и поголем дел од денот сум на bed rest е тука 90% ми е лежење на грб целосно или полуседечка положба… Што мислите грашка ли правам? Јас сум поборник за тоа дека треба да де слуша телото и знаците кои ги дава, па ако осетам нелагодност веднаш менувам положба, но некогаш може и не е баш така
Јас избегнувам да лежам на грб, иако искрено никогаш немав спиено на грб сега во бременоста многу пати се осеќав дека сум на грб легната. За страните спијам и на двете повеќе на десна, е сега веќе колкови болаат па многу често се вртам во текот на ноќта. За на бед рест нека каже некој со повеќе искуство јас на почеток повеќе лежев ама и тогаш повеќе бев во полулежечка позиција.
Јас исто со две бев Почнав наеднаш да отекувам, дури десната нога огромна ми стануваше навечер, во патика не влагав И докторот даде совет, масажи навечер стапала, доле зглобови и од доле нагоре до колено повторувања. Уште истата вечер сред ноќ кога станав отечената нога ми беше поспласната од неотечената, после секоја вечер почнавме, јас ни оток ни непријатност немав, преубаво ми дојде, пред тоа се мачев, кревав насекаде нозе и ништо не помогна Димерите исто цело време ОК, така си отекував од голема тежина наеднаш
Јас сум 21 недела, рано ми е ама така уз муабет ја прашав докторката како би се пораѓала и ми рече каква и да е положбата царски пораѓај бидејќи се две. Исто ми кажа дека за близнаци до 37 ма недела е краен термин затоа ти реков ти фактички ептен ситно броиш. А плус си била доста активна деновиве, едно да е ќе имаш мака не пак две. Одмарај сега и ќе видиш како ќе ти е за ден два. Не верувам дека за неколку дена без клексан толкава промена би се случила. И мене ме чека средување, кречење ама настојувам побрзо да почнеме, се плашам дека ќе ми е тешко на така.
Јас имам ваква, две бремености истерав со неа, мене ми беше погодена, мека е внатре полнета како со топчиња
Јас пак цело време избегнувам на грб а сум 21, колковиве скапани ми се, болат ли болат. На лева не можам да спијам, претежно на десна па десниов колк и на допир боли. Ама чим било после 28 имам некоја недела за да се изнаспијам на грб.
Ќе пробам вечер, сигурно ќе биде подобро И јас си мислев до 37ма, ама докторов ми вика освен ако не ми пукне водењак порано, ќе чекаме полна 38ма… Како и да е, ситно броимееее
Дали е нормално некои денови помалку да се подвижни бебињата? 34 сум и некако овие два дена ми е баш мирничко, кога ќе го размрдам намерно знае да удри со ноџето и пак се смирува
Некоја да ми појасни што знае. Многу ниско ми е активирано парцијално. Врска немам од фактори на хемостаза Матичниот ми рече, нема гајле тоа не може да се корегира, штом се димерите во ред ништо не е страшно. Искрено мене ми се сумливо, затоа прашав за ваши искуства
Zdravo na site. Dali nekoja od vas gi pieala apcinjata flebodia (diosmin). Mi gi preprisa Jani poradi varikozni veni, ama strav mi e da gi pocnam .Inaku sum 18-ta nedela i primam kleksan ednas dnevno
Ми препиша матичната сумамед 3 дена по 1 ама две кутивчиња значи 6 дена терапија. плус полигинакс вагинални и тие гледам се антибиотски вагиналети. Колку време треба да помине од испиена терапија за да испитам пак следен брис? ако почнам денеска на 23 треба да завршам со пиење. Се надевам ќе се излечи со терапијава, колку што знам сумамед е јак антибиотик.