Нормално е да е скрстено во бременост активирано парцијално време.Не ти е многу скратено мислам дека хемостазата ти е ок.
Штом ти ги препишал доктор специјалист зошто да ти е страв ? Овде ние сигурно не знаеме повеќе од него. Голема грешка правиме сите што се базираме на се што ќе прочитаме на интернет с мислењето на докторите го земаме некогаш во втор план. Слушајте си ги докторите тие најдобро знаат за вашето здравје. Тука можиш да прочиташ некој корисен совет ама кога се работи за терапија секоја трудница е индивидуален случај и секогаш треба доктор да се слуша, така да без грижи и помалце стрес Ве читам некогаш и за исхрана, за конзумирање на чаеви, за како да се спие, опуштете се, некаде ќе прочитаме дека камилица не треба да се пие во бременост, некаде дека е дозволено, буквално за се ќе најдеш дека во бременост не е препорачано да се конзумира, се е дозволено ако е во граница, освен нормално алкохол, цигари и слични штеточини Мене Јани ми рече колку можиш подалеку од интернет да читаш се и сешто, совет злато вреден. Порано нашите мајки и баби кога немало интернет буквално се јаделе и пиеле па раѓале без проблем здрави прави деца.
Девојки имам земено вакви организатори за во фиоките за бебето, прашањето ми е како да ги исперам/дезинфицирам без да ги уништам
Јас земав слични вакви - ист материјал, но со прегради, од Базаро. Си ги исправ во машина и ги пуштив во сушара. Као малку згужванки беа, ама штом ги наполнив си се исправија и се супер
Исто се како тврди од страната или.. на овие страните им се тврди како картон да има внатре затоа ми е страв во машина. Може да пробам со едно од малите
Не се плаши, Јани чим ти ги пишал треба да ги пиеш, друго диосминот е флавонски гликозид од цитрус, додаток е на исхрана делува на еластичноста на ѕидот на вените и капиларите. Плус можеш Магнезиум хлорид гел донвас и Веногел (див костен) да си комбинираш да мачкаш и нема да имаш отоци, грчеви, болки во нозете.
Заврши со терапијата па три дена да помине од вагиналетките па ќе направиш брис иначе нема да е валиден.
Ее не, меки се моите. Баш ќе земам и со тврди страници некои, немаше тогаш. Еве слика од моите како дојдоа, сите се со прегради внатре
Јас имам земено од Sinsay, така како тврди од страната како што велиш. Јас ги поминав на рака, со стара четка за заби Еве 5 месеци ги користам, не се мрднати
Супер се и овие ама јас за оние со тврдо се фатив. Ќе ги исперам на рака пред да почнам со алиштата од беба да ми бидат и тие чисти. Не ми се стават вака само