Уште за првото земав од Симпо, по нарачка ми ги правеа, затоа што креветчето не беше стандард димензии. Презадоволна сум, сега еве и за второво ќе го користиме (колку па бебе може душек да оштети). Супер тврдина, некој алое вера беше, хипоалерген. Пред 6 години 4000 го плативме, сега којзнае колку се рипнати цените. А водоотпорни чаршавчиња има преубави во Тила. Само горниот дел на душекот го фаќа и околу има два ластика. Си земав 2, нека има
Не знам точно кога ама на ехо сликичките ти пишува кој е терминот за породување. Таму кај што ти пишува која недела си, на истото имаш и термин кога ти е
Posleden pregled mi bese vtornikot vo Sistina pisuva samo datum na pregled kje vidam i na drugite bas
Јас бев директно, немав никој што иде.. овде помалите дуќанчињ ги земаат од нив ама поскапи се доста, пример 80 ден тетра пелена таму овде 110-120.. сега ако земеш повеќе менува. Јас купив 20 тетра пелени, и малечки како да лице беа по 20 ден, чаршафите по 150 во сите бои имаше. и Зедов едни како прекривачи 90 ден меки тие со ѕвездички и пеперутки се дебели. Бели клот тетра пелени 60 ден.
Овие тетра пелениве уствари освен за доење да бљуцне кога друго се користат? Гледам некои и ги повиваат со нив на почеток
Па сестрами ги користеше доста, и во количката си ставаше, сонце кога имаше исто ја покираше потенки дека да не ја гори сонцето, дома за на кревет ставаше ако полежи така дека блуцка, на тоа за пресоблекување подлогата имаше ставено да не и е ладно тоа како скај е нели. И уште до ден денеска си ги користи па и за лице бришење вака после јадење кога ја мие малечките. Да мн се поефтини таму, јас немав ниедна ми требаа и кај баба ваму таму кога ќе идеш додека е мала да ја легнеш барем знаеш твое испрано.
Штета. Немам кога да се шетам до таму, а баш ги отварав пред некој ден имаат веб страна ама не стоеше нигде за нарачка. Ги има некад во маркетиве по три пакувани, јас така имам земано, па ако ги види некоја нека апдејтира . Со здравје да си ги користите, што убави дезени имале за женско . Јас за малиов непрекинато ги користам од раѓање и веќе сите се искинати .
А еве и во памук пале ги има https://www.instagram.com/p/DBjJ31ZsNwE/?igsh=MWlnN25rdzRlOWFyZQ== цени не пишале
Може да ми кажеш како им е работно време. Да знам да се организирам ако одиме натаму да си земам и јас. Иначе многу се убави, баш убави дезени имат
До 4 часот секој ден и сабота мислам до 2 часот. Мн убав ден ни се погоди 10 степени, и воздухот чист си прошетавме и си купив све ❤️ еве и овие не сум ги прикачила