Едвај чекам да ви пишам во темата Се породив. Значи сите соседи ги испраќам на работа, ме научија веќе дека дремам на тераса до 6-7 и ми мафтаат кога ќе тргнат хаха. Не можам да легнам на лева страна, тврдо ми е, го чувствувам, на десна па ме рита со нозете, на грб кога легам тешко ми е за дишење... Како вампир сум. Подочњаци до колена имам од што ми се спие... Сите ми даваат термини, брат ми 13, мајка ми 15, ја сакам утре зашто и јас сум на 17, маж ми вика 25 секој има некое претчувство и никако да погодат. Има време до 30, ама ја се надевам дека ќе подрани, едвај чекам да ја видам
Само со лесно нека биде, @SelinaKyle , ќе ја гушнеш наскоро ќеркичката... кога ќе биде спремна да ја видите ќе се појави!
Се додека ти не чуствуваш тешкотии и немаш комплицирана бременост можете до крај да си имате односи. Со навлегување во деветтиот месец како што пишаа предходно дури се препорачува поради составот на спермата која може да предизвика отварање. Во текот на останатиот дел од бременоста со кондом. Од една страна поради горенаведената причина, од друга поради склоноста на трудницата кон инфекции.
Е цуцки, јас сум жива мрза во бременоста, а поготово и тоа што сум 2,5 месеци на боледување... ептен се размазив! Вршам само основни работи по дома - ручек, местење кревети, пуштање машина и евентуално бришење прашина! За се друго е дежурен мм! Се погоди вреден и послушен, ама некако ми се чини дека душа му вадам, дури ме гризе совеста што сум толку распекмезена... ама јбг... после толку маки за се сум плашлива и не сакам да ризикувам! Ќе надокнадам откако бебули ќе ми го развесели домот, тогаш ќе летам
И бре мами, машала ептен сте се распишувале денес. Јас завршив денес со гостите, расчистив и седнав да ве видам @Bebulleee ти си трудно, гарант.И јас имав многу нередовна менструација ми немаше дејдено речиси 5 месеци и повеќе,ама кога останав трудна си знаев, некако потсвесно телото ти кажува.Бев направила еден куп евтини тестови за почеток и се негативни.Не верував баш на резултатот и купив поскап тест и одма покажа дека сум трудна околу 3 недела.Утре обавезно направи си тест со утринска урина и чекаме да не израдуваш. Туку сакаше да ве прашам нешто.Има ли некоја од вас пиено лактолоза во бременоста против запек? Јас си купив и почнав веќе втор ден, имам подобрување, само некако пак ми е шубе.Читав на интернет, нема ништо за несакани ефекти во бременоста.Истото го пишува и на кутијата.
Што е тоа лактолоза? Природно нешто ли е? Сепак биди претпазлива - консултирај се со доктор или фармацевт! Веќе пишував, јас запекот го решавам со ЕВАКОЛ, прашок е тоа, ми го препорача гинеколог, и има добар ефект! Ќе испијам 2- 3 врекички (после оброк по една) и десетина дена немам проблеми и после пак...
Грешка во преводот.На лактоза(млечен шеќер) мислев.Барав повеќе имформации на бугарските форуми и таму се преведува така. За природно е природно, ама најдов дека кога се разложува во цревата дека е шеќер не е баш најкорисно, може да влиае на цревната флора. Инаку зборував и со геникологот и ми рече дека ако имам голем запек да си правам микроклизми, не ми даде ништо да пијам Исто ми кажа јади јаболки и пиј вода 2-3 литра на ден , е не можам кило да изедам изедам 2 максимум 3 на ден,вода пијам многу и не помага.А, од запекот многу ми е тешко и што напнувам, страв ми е беља да не направам
@fairy88 другарка ми јадеше суви сливи, мислам дека и помогнаа, јас пробав ама не ми се убави, па незнам колку се корисни.
@fairy88 mene mnogu mi pomaga ovoshen jogurt koga nemozham da odam vo wc.. probaj nekolku pati kasni vidi dali ke se smeni neshto
За полесно олеснување: суви сливи, јогурт, овесни снегулки....и тоа на дневна база барем едно од овие.
I mene mi rekoa deka toa sto imam otoci e povrzano so problemite sto gi imam so bubrezite. Jas imam kamce i plus nekoi drugi vrodeni defekti na bubrezite. Inaku denes samo sto napraviv rucek , postoav na noze i odma kako se da mi e istuteno osetiv, kako padnat stomakot i celo vreme custvo kako da mi se moca. A eve do sega mi nemat nikoj doktor deka nisko go noda.
Женскии моии најубави јас сакам да ви посакам лека ноќ и че пробам да спијам и јас иако знам дека тешкоо...ви благодарам уште еднаш на сите за честиткитее и навистина сум среќна жена...имавме преубава вечер која се заврши со водење љубов.прегратки.бакнежи и верујте најважна е љубовта и слогата во бракот да се сакаме и да сме здрави,друго се ќе си дојде...секој ден со мм ми е празник,ми е Валентајн само што удрив туш,и си посакавме лека ноќ со мм јас морав да се укл сега и на вас да ви посакам лека ноќ
Добро утро мешиња. Еве ме и мене сабајлечки. Викендов построденденски со децата и мм низ дома. Читам за бебуле и чекам да пиши дека виде =!! Инаку да ви раскажам за роденденот! Јас сум таква што со месеци унапред планирам, па каква торта да биде, како украсена, за тортата две недели унапред имам купено се, бетар од децата сум возбудена за нивните родендени. За игротеката имав пред месец и пол закажано и платено. Имав најавено ДВАЕСЕТТИНА возрасни и толку деца. Не ми е прв пат во игротека да славиме, два пати годишно имаме родендени и секогаш во некоја друга игротека, зависи шо понуда ќе начекам, дали попуст, дали аниматор вклучено, па се отворила нова се затворила стара и сл, никогаш иста не се погодило. И секогаш секаде не пречекувале насмеани, прашувале кој е славеник, честитале, и некои ми велеле еве овде се чаши, тањири, слободно користете се, ние ќе ги чуваме децата, други велеле вие по децата ние ќе ги служиме гостите, некои вие уживајте ние ќе служиме и по децата ... сеедно важно секаде сум се осетила како добредојдена и гости сум чекала со чувство ко домакинка. А овде само што стигнавме добивме такви оштри погледи баш како да сум отишла кај подалечни пријатели ненајавена на гости и сум ги скорнала од спијање! Намуртени да те фати незгодно. И им ја подава свеки тортата да ја стават во фрижидер и таа се почуди, демек ние овде не ги чуваме во фрижидер тортите, мал фрижидер имаме!? Па дај жено на сред лето 30 степени е два саати надвор да стои па јас не би јадела а не пак на гости мои да почастам. Па некако со сите сили успеаа да ја стегнат во фрижидерчето накривена поткачена на шишиња, а превртуваа очи, зад грб слушав коментираа 'господ да чува од вакви и сл'. Од старт ме изнервира тоа ама ајде реков кулирај. Па свеки почна да си мести овали, оваа ко и привлезе и ги фати тањирите и ги истури кифлите назад, не тука тоа за друго е, ај седни си и вика ние ќе местиме, таа пак не сакам вели, сама сакам. Јас си трчав по децата, ама секое пресретување на поглед со вработените или газди кои и да беа, се чувствував како да ме стрелаат со поглед. Ај си почнаа гостите, и стигна еден пар, за нив немаше чинија и чаша и одам на жената и барам и ми вика најавивте 20 гости и толку имаме наместено, не може повеќе!?!?! Не ми даде чаша жени! Ми купи мм пластични чаши и бар за виљушки молев да ми дадат, се сожали ми даде ама пак нагласи 20 само требало. А најавив 20тина, секогаш се истите , никогаш не дошле сите нити пак по двајца, секогаш само мајката со деца, но сега ете денот таков и сите баш ми дојдоа и сите по двајцата, се на се 23!!! Им велам ќе си доплатам за плус гостите, мада 20тина за мене подразбира неколку плус минус, па 23 беа мајку му!!!!! Секое одење до фрижидер да си приземам пијачки ми беше најнезгодно нешто во животот, уште ме прогонуваат погледите! Искрено две ноќи место да спијам се нервирам и не можам да се досмирам од случкава, толку планирање, трошење енергија, па и сум платила колку што си била цената, фиксна за изнајмување на просторот, 2 часа, бројот на гости не ја диктирал цената. На крајот иако не заслужија ич, им доплативме! Од старт ми се уништи расположението, да немав уплатено претходно најискрено ќе си соберев се и ќе си заминев, макар и дома на крај ќе прославев, бар да се осетам ко домакинка ,ама ете помина, па и на крајот сепак тоа беше за децата, тие си поминаа преубаво, славеникот особено, па да не ми е целосно криво. Ете мешковци моите двовечерни нервози, мм ме изнакара шо се секираш за глупости, ама јас сум таква ете може со месеци уште ќе ми е неубаво
Јас кога останав бремена гинекологот ми рече НИКАКО да не оди сперма внатре,а за секс е индивидуално ако немаш ризична бременост дека може.
Јас имав страшни отоци во бременост,откако влегов во 5-ти месец па до сам пораѓај а немав проблеми со бубрези,ни со скриена шекер нит ништо а како бабура бев па спаднаа тек откако се породив.Немора да значи,ако се сомневаш можеш да си направиш едно ехо за да си мирна.