Жени влегов во 36та недела и откако ја почнав столицата ми е изменета имам како помека столица и почна и на сабајле и навечер да е така ... Некоја со сличен проблем да е вирус не верувам не повраќам не е нон стоп вака само два пати во денот
Вреќа не, кенгур имам од таму . Скапи се по мое, ама тоа е индивидуално. За почеток не ти треба со ногавички туку оние целосни, гледај долу да има патент, ете преку ноќ ако ти се искака да не мораш да ја вадиш од вреќа да ја расонуваш, него само раскопчуваш, мењаш и толку. Исто гледај и да е со патент напред, има едни што се само со копчиња кај рамениците, мислам дека се непрактични таквите.
Маж ми бришеше прозори пред некое време, овде е се облачно па топ изгледаа. Ама деновиве како букна сонце почна да се гледа како ги бришел така линии се гледаат. А ја да се пентарам сеа по скали и да бришам стварно не можам. До сеа се држев многу добро и бев доста поподвижна од претходната бременост, ама веќе кичма ми откажува. Пред некој ден праев полнети пиперки па 3 дена едвај станував од кревет. И да пешачам веќе не можам. Со трето сум да. Скоро 34та. Сеа на 4ти имам термин со доктор на клиника, да се договориме за точен датум за царски. Здравје во 38ма, или во зависност од прегледот ми рекоа може и 37ма да е. Ти како се чувствуваш сеа при крај?
Читам тука за вреќички и ај на гугл и оп реклама од овие на инста... да не прогуглаш нешто. Сестрами ја прашав имала од тие со ногавчиња за внуката од 6-12 не сум ја приметила јас зимово слабо идев ради бременоста и настинки па не сум во тек баш... вика за спиење само со неа змиската супер е. А тие од Ело ги има во бебехоме?
@Baby warrior јас давав тетра и кога некој ќе дојдеше и сакаше да го носи во раце па им ставав една преку рамо или кога одев некаде обавезно една на кревет каде го легнував.
Па од она што прогуглав се од едната страна како мушама да не протекува, а еве имало и еднократни. Јас ќе земам и тоа и тоа па нека има ќе се најдат за употреба сигурно
Мене ми треба време некогаш да ја сфатам разликата помеѓу некои работи така да скроз ми е шпанско село. На транспортерот и на количката се вади материјалот за да се испере.
@Yowannty Е супер ќе се тешиме со третово Колкави ти се другите две? Кај мене големата 5 ќе прави во мај а малиот две во јуни И верувам дека ќе ни биде многу забавно кога ќе дојде другиов член Истата и јас сум оваа бременост најзалежана сум и најболна од ноември сум со кашлање цел месец кашлав таман се посмирив сега месецов грипот ме фана. Инаку де можам де неможам ако една ден имам енергија за работа другата сум попара не ми се мрда. Се движам како патка тоа нели нормално е за девети месеци. веќе се е тешко кичма боли . доле се ме боли ама ќе се издржи уште малку. Многу малиов ме изморува де во раце е се по него да трчам периодов и тој болен па во болница бев со него 4-5 дена таму мн се изморив мислев пред време ќе се породам дома не спиеше ноќе се ми стануваше дека неарен и во раце да го држам па така да спие ајде помина и тоа сега шуќур добар е да не е за подрек и спие и јаде па поодморена сум. А со големава немам мака со нејзе веќе е лесно. И така се изнаприкажав си ги кажав маките Со лесно нека ни е само
Да се надоврзам на муабетот за вреќички, дали стварно има потреба од нив особено во целосно загреан стан со парно? Јас и сопругот преку цела година се покриваме само со чаршавот од постелнината, не сме ни имале потреба од кебе/јорган па си мислев и за бебе со тетра пелени и кебенце (зависи од сезона) ќе е доволно
@Feniksgirl знам дека не е лошо 4.4 но пред месец дена ми беше 5.1, затоа си викам да не се крати нагло. Имам уплав од претходната бременост ми беше 3 од 20 недела уште, но овојпат од старт поради крварење бев на дупли утрогрестан, дури и таа се чудеше како прва бременост пократко грло од сега. Изгледа сум го кренала со утрогестанот
Нормални се благи стврднувања во 25та/26та? Не се болни, не се не пријатни. Само како тврдо и како да тежи надолу стомак. Ова после шетање, стоење.
Како што оваа бременост сум болна, така до сега никогаш во животот не сум била. Што деца болни, што јас веќе и сила немам. Дали пиеш нешто за кашлица, инхалации можеш колку толку ќе ти олесни.
Ми се случи и мене еднаш минатата недела јас сум 23та, после подолг ден пешачење, после тоа легнав се напив магнезиум и како нова