Ужасно е навистина..неможеш да си функционираш нормално,само си се жалам дека неможам и сите ми викат аман бре ти уште сега викаш а каде е јули... и така е ама навистина не е пријатно вака да те боли и целата способност ти ја зема едноставно. Магнезиум земам два пати по 400 друго не,ферона не земав незнам дали да купам,тоа беше за релаксирање и опуштање на матката,така?
И за грлото помага. Мене ми помогна ферона. Знам многу боли… јас на одмор плачев од што ме болеше. Маж ми ми викаше исто вака, на крај што ќе правиш. И ми пукаа доле коските. Абе како раштрафена. Бевме на мекици памтам летово и 500 степени беше, седев подолго… леле не можев да станам.. до кола не можев да се довлечкам. Мислев ќе ја оставам таму карлицата. Тоа беше језиво. А работев до последно, а канцелариска ми е работата, седење уште толку. И станував се шетав низ канцеларија ко чукната за да се размрдам зашто само така ми поминуваше.
Девојки, дали при поднесување извештај за комисија за боледување комисијата го прифаќа извештајот од приватна болница? Сесрата кај матичниот сакаше да ми закаже некаде на државно, ама и реков дека одам на приватно, и ми рече па добро. Иначе на сесрата не и фаќам многу здраво за готово.... Малце повеќе е конфузна...
Може ланолин, па дури е и препорачливо да се почне и пред да се роди бебето, како што е членката сега во тие недели да се користи ланолин за да нема многу мака со суви пупки, јас така правев и супер поминав со доењето. На бебето не му смета кога ќе почне да цица, безбеден е јас само знаев со чисто крпче да се забришам да не му е толку мрсно местото кај што ќе е фати пупката. Користев ланолин од ЛЕА-МАММА одличен е. Повторно од него зедов.
Пред да се роди си се мачкав 2 пати во денот, мрсно е тоа и си стои, а кога се роди после секој подој се миев со вода затоа што од плунката се сушат брадавиците уште повеќе. Потоа се бришев и ставав ланолин и така истата постапка после секој подој. Немаш штета од него, само корист.