Незнам Цветче, неможам да замислам како ти е.. исто и јас све он прави, ама ај тоа еве мајка го менува ама само тој знае да ме насмее тоа ми фали. Мораш да издржиш мушки што викаат за подобра иднина е на сите тројца , прави планови за таму, биди расположена за бебче да не биде под стрес, и ќе летнат месециве, барем да движиш ќе има подобри денови, сонце парк овде, следи попусти тука таму, хаха праќај го во шопинг, јас дома сум бед рест тоа ме утепува. Тоа што било претходно пробај да не го споредуваш сега. Распрашај се за патување и појди месец поседи таму, опреми се од овде све терапија. До крај седми мислам ги пуштаат да патуваат. И тоа имаат авиокомпаниве некои правила.
До 36 недела дозволено е да се лета и прекуокеански со потврда од доктор ако бременоста е без компликации, а без дозвола од доктор исто може прекуокеански до 28недела, така што за Германија нема да има воопшто проблем ако се решиш таму да одиш да се породиш.
Ќерками е 2 мај родена негде до средина на јуни може и крај ја облекував на долги тенки. Син ми на 21 јуни и тој почетокот дома на долги после ептен кога зажежа на кратки. Дома беше ладно надвор потопло беше отколку дома.
Е ова ми требаше како инфо… и мојава ќе биде јунска бебка и 58ци нарачувам на кратки, значи сепак да земам 5-6 бодиња и на долги а? Ова Ск збориме? Ја во јуни долги во живот не сум носела ама за бебе поима немам
Јас со второто во Германија се породив 3 Јули. Претходните недели беше пекол жешко. Дур лежев на клиника 8 дена исто беше пекол, пошо овде клими нема. И дента кога не пуштија од родилиште, паднаа температурите и заврна, во куќа е поладно и така. А јас за Јули имав тенки куси работи купено. Дур нарачав нови на долго, дур стасаа по недела две пак се стопли и ништо не стасав да му облечам. Колку е ова зезнато на почеток. Ама мислам дека Скопско Јуни е топло, особено ако си во стан, не ти требаат многу на долги, некое парталче колку само да го имаш.
Е да Германија јуни ваљда е како април во ск. Јас битно и го нарачав фустанчето бело што и го замислував за искачање од болница па дали со хулахопки или без ќе ја облечеме ќе видиме од времето и на кратки е и тоа … ако е променливо во транспортер со некое муслинче/кебенце и готово друго сакав исто да прашам… во самиот транспортер за искачање од болница пославте нешто под бебе или директ?
јас да ти кажам кога купував прв пат ооблека за бебе не знаев дека оделе и по бројчиња 50 53 58 и тн јас ги купував 0-3 така ги пишуваше и верувај кога се роди во сите пливаше дури на 2-3 месеци и беа така нормално точни ама кога ги приметив иако 0-3 сите беа со различни големини некое помало некое поголемо па така ги сортирав помалите прво ги облекував па понатака големите. Ќерками се роди 50 цм а син ми 53. 58 ти е големо ептен мислам за почеток. Многу се малецки бебињата кога ќе се родат Фустанчето можеш боденце на долги па фустанчето. А за транспортер можеш некоја тетра да постелеш он пак ќе се закопча . гледам има и готово подлоги за транспортер ама по мое џабе фрлени пари се тоа.
Абе и ја приметив, од majoral од солун бодиња 0-1 минијатурни кај нас 58ца поголемки што земав ми се … ја па мислев од бренд до бренд има разлика хахахха. Јас искрено и бројка на облеки немам осет колку да купувам…секако и на мекици носат еден куп ствари … сто посто ќе испоостанат еден куп необлечени сма ај нека има … прво ми е па мераци за дотерување
Да поише за навечер си викам за спиење на долги … ние сме во стан во скопје и топло е генерално, шознам како ќе биде оваа година
Јас на почетокот само ставав тетра под нив, или само во делот под главчето, само колку да не им допира директно на транспортер. Ама каишите да се слободни за правилно користење. Тенка е тетрата, ќебиња дебели не би ставала.
Јас тие од сестрами работите што ги зедов све се по долго 0-3м ама потенките ги одбрав ептен тие како за спиење подебелките сепак не ми е така да ја оставам, и капчињата ги зедов, знам дека кога ја капеа навечер и ставаше капче. Сега незнам лани јуни беше топол ама пред таа година беше врнежливо и ладно. Здравје ќе видиме. Тие другите од зара што купив све е по кратки и кимоно. Зимно еве време кај мене во стан на клима сум температура макс до 23.. иначе 21 степен е. Што за мене е ладничко си сакам потопло Ама затоа преку лето пекол.
Капче не би ти препорачала за дома. Освен за сликање. По бањање особено никако. Замисли ти миеш глава и ставиш капа да ти се суши косата. Мора да диши кожата да се затворат порите. Бебињата преку главата си ја регулираат телесната температура. Цела терморегулација им се одвива преку главата првите месеци. Капче само за надвор и тоа ако дува ветер.
Мене првото дете ми е во јуни, ни еднаш не и ставив по долги. Беше многу топло. Боди на кратки и некое комплетче и ставав танко по долги. И тоа беше првата недела, потоа кога почнаа жештини само по боди по кратки беше. И педијатар така ми рече и за бебето било подобро.
зависи, јуни лани беше пекол, ама некогаш знае да биде и врнежливо и свежо, зависи како ќе се погоди почетокот на летото
А за спиење како правеше? Јас и земав шпикознина на долги без ногавици, а и кратки неколку за со евентуално летна вреќичка. Јуни може зезнат да е па од се земам јас, малечки 50/52.
Еве и јас да споделам мислење за облекиве. Првото мое е родено крај на мај, навечер спиеше по боди и долги шихозни, покриен со тенко памучно ќебенце, ова вака цело лето. Преку денови зависи од денот реално, но секојпат сум се водела и по нас, ако мене ми е жешко и се потам, нема да го облечам по долги сигурно. Секако ви требаат и по долги и по кратки бодиња, па дури и хеланки/тренерчиња може неколку кратки. Во однос на големините, јас сепак мислам не треба да се претерува со тие најмалите, пошо еве мојов тие не ги ни облече, ко 3/4 му беа пошо беше поголем. Мислам да почекате до 36та недела да се види колкаво е бебето па ќе докупите ако треба. Капче никогаш му немав ставено, само на искачање од болница едно тенко памучно и толку. Мојов многу се гребеше, па првите месеци му ставав ракавички на рацете понекогаш, доволно ви се 2 до 3 пара. Тетра пелени користев за се,за покривање, за пресоблакање, за во количка, за на гости, за други луѓе кога го зимаа, и за бљуцкање. Друга работа што мене ми беше многу корисна е тие мрежите за бањање што се закачуваат на коритце, царска работа по мое. 2-3 пешкирчиња со капче тие што се ќе завршат доволно работа. Од козметика сеуште користам Мустела, иако еден период многу му беше сува кожата па се префрлив на маслената купка од Биодерма + крем исто од Биодерма. Супер задоволна од двете. Еуцеринот и Уријаж многу јако ми мирисаа за мој вкус. Најголемо откритие за пеленска регија и потпарување ми ее Крем за потпарено, баш така се вика од Еурофарм. Се друго што пробав не беше ни приближно до ова. И овој сеуште го користиме.
Исто и за спиење, боди и по долги танки шпикозни и летно ќебенце памучно. Ракавички на рачиња сум и ставала за да не се греби случајно. Во секој случај по неколку пара добро е да имаш од се. Но јас еве од тие најмалите воопшто немав, се ми беше од 0-3. Веднаш ги израсна. Но зависи и до детето со која килажа ќе се роди.