Девојки едно прашање во моментов сум 30+1 еве веќе неколку дена како ме болат рацете во лактите, дали е нормално. Не е од работа туку така од нигде никаде ме боли на моменти како да не можам да ги држам свиткани
Мене пред почеток на втор скрининг ми кажаа за срце дека треба посебно и бевме кај Драшко. На дел од другарките кај други гинеколози не им предложиле. Искрено не знам од што зависи.
На тема облека за бебиња, мој совет е да не ги наоблекувате бебињата по долги ракави во јуни. Дали дека моево се погоди с’клет невиден, буквално сите бодиња по кратки што ги земав за под шпихозни така ми стојат необлечени, а долгите бодиња ги користам самостојни без ништо доле со хеланки. И јас мислев така, плус зимско бебе дека мора да ја наоблечам ама бебево ми вриштеше кога е со повеќе слоја, а кога ќе ја расоблечам гуга од радост. Сега навечер во соба од 19-20 степени ми спие само во памучни шпихозни и доле со боси нозе и вреќа за спиење (сега почна со вреќа, на почеток ја неќеше, па и ставав мекано ќебенце). Преку ден една дремка во скафандерот на тераса и обавезно шетаме со количка имало/немало сонце. Капа само надвор ставам, по дома никако (иако ме пукнаа да сум ставала после бањање, што ми нема никаква логика).
Исто и мене, двајцата доктори (приватен и матичен) ми кажаа нема потреба. Приватниот ми кажа дека има таква опција, но според него не треба да одам, матичниот пак не ни ми спомна за такво нешто
Mene mi rece dr se e vo red kako sto gledam, nema nikakov problem ama mozes za sekoj slucaj da si napravis ako sakas. I koga postoi toa AMA podobro da si napravam od kolku da mi e na misla. Zakazav kontrola I za sreca se bese vo red kako sto kaza I dr
Да да нема потреба, јас се погоди двете беа на втор скриниг Др Афродита и Симонида.. од сите страни го гледаа, сите протоци, вкрстени, валвули, комори предкомори. Исто беше и на прв кога бев. Така да нема потреба дополнително. Кога има сомнеж за било што препорачуваат.
38 недела, протоците се паднати. Докторката вика може ќе пристигне порано од очекуваното, во четврток сега пак цтг. Што значи тоа порано? Може и неделава да бидне? А цтг-то ми е мирно. Леле не сум спремна, нека почека малку
Само да се надоврзам на муабетот кај мене докторот кога кажував со + пример сега сум 30+1 ја смета како 31 недела затоа што овие денови се денови од 31 недела. Така ми објасни.
И јас така сметам, ама сите различно затоа и прашав. При крај сум и почнува паника да ме фаќа да не се породам пред закажан царски
Здраво девојки Сите во бременост се мачат со запек и тврда столица, а јас од вчера и денес течна столица. Не сум настината, немам никакви тегоби, незнам дали е од исхраната, немам некои големи промени направено во храната. Но баш приметив денес кога ручав, и цревата веднаш почнаа да ми кркораат и после неколку часа течна столица. Дали може да е од хормони или? Незнам што да мислам. Не се чести столици како кај дијареа, два пати во денот можам да кажам. Од каде испадна сега ова.... Што да јадам за да регулирам?
Јас скоро цела бременост имам течна столица. Имам приметено дека после магнезиумот најчесто ми е така. Не знам дали има врска со то или не. Исто и после млечни производи
И кај мене е исто од почеток, се покажа дека е од магнезиумот. Прекинав магнезиум и пробиотик и се среди. Почнав пак па си се појави. Кај мене само наутро се дешаваше. P.S мене не ми смета, полошо би било запек.