Da ne te lazham ama da se rasprashash. Sega posledno slushnav deka ce odi na penzija. Od koga e ili dali si otishla ne drzime za zbor. Za dr.Lile stanuva zbor I vazhi za edna od najdobrite detski kardiolozi. Jas mislam deka vo 25nedela pravev pregled.
Во четврток ќе одам да испитам скриен шекер, докторката ми рече овие 3 дена да јадам по 100гр. чоколадно секој ден, дали и вие сте добиле ваков совет пред ова испитување?
Јас ова го имам прочитано во лабораторија, пред огт тест да се јаде 100 грама благо, предходниот ден, торта, чоколадо или сл. И дури сега ми текна деновиве, баш и јас ќе прашував.
Не разбирам ова со скриен шеќер па фала богу ќе ти биди шеќерот висок ако кркаш благо неколку дена и ако испиеш гликоза пред да ти мерат. Ова само кај нас е ваква пракса кога се испитува или секаде тоа го практикуваат ? Мене матичниот ми рече ако бебе е поголемо од тоа што треба после 20 недела, ќе провериме скриен шеќер, значи по индикација. За скринингот за срце во 20 недела исто на болница ми рече една докторка кај специјалист за срце мора а матичниот вика дека тој си прави скрининг, има современа апаратура и 4 д, стручен е па сега се двоумам дали кај него или да одам на клиника кај специјалист
Мене не ми кажаа такво нешто ниту матичниот гинеколог, ниту докторот од Систина, а не ми спомнаа ни од Avicena кога закажував… Го имам прочитано на форумов од повеќе членки, но не јадев јас по такво правило.
Тоа е целта на тестот да се види дали телото може да исконтролира високи нивоа на глукоза во крвта, како се лачи инсулин за време на бременоста. Мене матичниот ми има речено пред секое земање крв банана да јадам да не идам гладна и колку пати кафе со шеќер дека пијам сум пиела или сум каснала нешто благо и шеќерот ми е 3.8 - 4.1 Сега ќе мерам во среда тромесечен ако е исто низок не мерам скриен за да не седам во авицена, пишала една членка дека била и нашле стол за земање крв и легнала ама има многу вируси
Јас само да си поплачам дојдов. Ќе умрам од болки во кичма, ни лево ни десно. Цела недела бев на боледување, си реков ме пушти, појдов денес на работа, ха ос. Три пати повеќе ме боли. Не знам од хормони ли е, од хернијата ли ми е, ама не се справувам најдобро. Не знам ни со работа како да направам, уште не знаат, рано е за патолошка по мое мислење, зарем уште во 8ма недела и не знам. Како ми појде, ден се немам израдувано
Во Биотек во Кисел Вода има посебна просторија каде се седи и не се мешаш воопшто со другите пациенти . Незнам како е во другите Биотек лабаратории ама во КВ е така.
Лејди од ова ми е и мене многу страв, вируси и сл. Дополнително што си имам фобија од игли па и самиот мирис во лабораторија или болница ме ужаснува и многу често кога сум тамо ужасно ми се лоши, врти, се случило и да колабирам. Првиве боцкања ок ги поминав, ама три саати седење не знам. Избегнувам стресни моменти колку што можам. Ако може да се помине само со тримесечен, би било супер и за мене.
Ох од седењето изгледа на работа ти е... сестрами од прв ден е на патолошка. Ако немаш опција да работиш од дома не се мисли многу и не се мачи отвори. Јас првите два месеци од дома работев, после 12 недела се вратив па два месеци и пак еве сега бед рест... може да не се исфорсирав ќе си бев раат до крај. Иначе пробај јас дека си имам хронична болка во кичмава сега е појачана се мачкам со Canna Ice Therapy крем ме опушта намалува болка го опушта нервот. Ама ако е мн интезивна болката прашај за терапија неколку дена да се смири нервот.
32 гн сум , вчера и денес имав ептен малку некој зеленкаст секрет али многу малку. Дали е нормално ? Секако на следен преглед ке се консултирам со гинекологот, но чудно ми дојде сега одеднаш
Пред две год. кога го правев тестот за скриен шеќер во Биотек со лап топот си бев. Ем си завршив работа ем брзо времето ми помина. Иначе е чисто и нема никаква миризба на лабараторија и болница.
Работев 5 месеци од дома, сега не ни сакам зашто ми беше пренапорно. Инаку кичмата ми е партал мене. За малку избегнав операција. Затоа оваа бременост ме фати неспремна малку, неопоравена сум уште. Ах леле ах, ќе морам патолошка, тоа е, зашто е пренапорно од дома да работам, седењето ќе си го јадам плус нервозите од работа. P.s се намачкав едно ментол улје, се надевам не е штетно зашто
Девојки да ве прашам дај кажете вие што сте со царски породени колку време ви траеа болките од тие пусти болки ми е мн страв а толеранција на болка имам 0
За 10тина дена си како нова. Сметај 5 дена во болница, и како што поминуваат деновите, болката е се помала и помала.