Најдепресивен момент од цела бременост ми е прередување на алиштата во гардероберот. Во 90% од нив не ме собира, башка што не знам ни дали ќе ме собере некогаш после породувањето. Ама дел од генералката ми е па да не правам одстапки. Пред да почнам си викам се ќе исфрлам и кога ќе дојде крајот гледам одвај две кеси полни, а некои работи со години не ги носам и пак ги оставам. Не знам дали е до мене или генерално повеќето имаме таков проблем.
Не фрлај ништо. Ќе те собере. Ја сум 34 36 број и после 6 месеци од првата бременост влегов во нив. Ќе си праиш диета и ќе те собере. Инаку и јас првите 2 3 месеца мислев готово, никогаш нема да влезам во старата облека. Сега знам дека ќе влезам. Е сега доколку доиш, може побавно да оди процесот. Ама сепак кога ќе спаднат хормоните, се се враќа. Секако, движење и асална исхрана мора.
Се тешам дека ќе ме собере барем во тоа што го изнакупив пред бременоста. Планирам да си бидам активна како и до сега, и на исхрана си внимавам уште пред да останам бремена ама не знам сепак мислам дека тешко ќе оди. Прво бебе ми е и нема да знам глава кај ми е, само се молам да се снајдам некако страв ме фаќа дали ќе знам што да правам
Епа ако не ти е од доктор препорачано да ги прекинеш што се мачиш, продолжи си како и до сега. Јас ти кажувам еден ден да пијам од Солгарот и така се осеќам. А добра фирма се , ама мене не ми годат.
Од секогаш сум го имала овој проблем, ги расклатив гардероберите, само купувам а не фрлам. Ама сега треба да направам место за два нови члена и само фрлам, зашто како што велиш повеќето со години не се облечени.Нешто ептен ново што е поклонувам друго се на ѓубре. Во суштина не ни знам што имам во гардероберот од што имам многу, а користам реално 30 %
Devojki dali nekoja ima naracano pernica od ovaa strana? Na 50% popust e i doagja mn eftina vo sporedba so drugite ama neznam dali e kvalitetna..
Нит доктор ми препишал нит ми рекол да не пијам сама си ги пиев и сама си ги прекинав ахахах јас солгарот ги пиев. А кој се така најјаки и најефикасни да си ги земам?
Јас обожавам decluttering, на секои 3 месеци прередувам/пребришувам и фрлам се од фиоки Како терапија ми е мене, чистам мисли со тоа. Еднаш цела нервозна средувам и мм вика уште јас ти останав во станов
Јас мислам дека наместо да направам место правам поголем хаос Јас немам проблем со чување работи, дома се ми е организирано, не сакам да чувам непотребни работи амаа кога станува збор за облека сфаќам дека тешко фрлам работи што ги носам најретко. Истото ми е и со книгите не можам да се одлучам која би ја разменила, а реално немам веќе ни место за нови па сега смогнав сили да разменам некои за да не купувам други веќе.
Јас направив таква чистка за време на ковид не знам што се не исфрлив. Мене ми е тешко од облеката да се откажам посебно од парчиња гардероба што веројатно сум ја облекла еднаш во три години и од книги. Се друго фрлам без проблем. Кај мене мм собира, јас фрлам и така во недоглед. Гледам да исфрлам што повеќе додека не е дома оти него се ќе му се најде за нешто, за некогаш, а уствари и нема појма после каде е и да му треба. А сега со нов член мислам дека ни треба многу повеќе место. Едно толку малечко бебенце, а се треба за него и мора да се исфрлат доста работи.
Јас во првата бременост од ѓумбир се истурив од повраќање, ама инстантно, како сега го јадам и за 5мин повраќам. Во вторава не ми ни текна на ѓумбир да помирисам. Не знам кај тебе како влијаел.
И јас да се пожалам денес, прв пат во бременоста осетив гадење денес. 17 недела сум Ама и се надминав денеска со пешачење, не знам колку км испешачив и тоа со ранец со книги на мене В банка ќе се струполев. Притисок нормален, шеќер измерив 6.6, имав доручковано во мала количина, те пола осмина бурече со јогуртче Изгледа забавата кај мене сега почнува, досега заборавав дека сум бремена
Не знам зошто не можам да прикачам слика, Фармамед е фирмата, 20 кесички по 375 мг. 415 денари се. Јас пијам по две во ден, ама кај и да е и по 3 ќе почнам
Јас ја имам Colombo. Пред скоро 3 год ја земав 2400. Пре пре задоволна сум. Стабилна, на неколку нивоа се крева/спушта, убав сунѓер има за да се пегла и има делче под даската да си ги ставаш алиштата што ти се за пеглање.
Па искрено не знам, сите овие работи ги пробав во рок од 10минути мислам. Не ни знам што и каков ефект имало Ама дефинитивно не би пробала пак, колку и да ми е лошо. Прегадно и луто.
Јас па мислев ѓумбир не смее во бременост, обожавам сок лимон и ѓумбир. Ми ја враќа енергијата. А има и во Кам смути мали шишиња и не ги пијам дека се со ѓумбир, а многу се убави...
Изгледа синојќа било посебна некоја вечер за проблеми на нас трудниците Се разбудив во 3 ипол сабајле препотена и со болка во близина на папокот, како со нож да ме исече некој, е така осетив, станав, отидов до тоалет и после ми помина болката, ама се извадив првично од памет да не му е нешто на бебуш. Сега сум добра фала богу...Инаку од денес сум 19 недела.
Пошто си праевме муабет за облека деновиве цело време на TEMU ми искачаат преслатки облеки за бебиња ама некако не ми дава душа да порачам за бебе од тему шознам што материјал е, иако пишува памук - а моделите преслатки. Има некоја искуство?