Тие недели одприлика и јас бев со таква ниска температура само навечер се качуваше крвна слика беше уредна. Повеќе течности пиев, туширање со млака вода и цедени портокали и лимони плус ѓумбир со мед и лимон за 3 дена одприлика престана да се качува темп. Парацетамол не пиев одбегнував, секако не обожавам лекарства да пијам освен кога морам. Мислам дека е ниска температурата и штом не качува дека не е страшно. Сепак си рано во бременост и телото се уште се навикнува дека има страно тело во него и таму треба да остане
Mozes propolis sprej bez alkoholen decki I za nos aqa maris baby sprej 100 % priroden. I kako so pisa jadi med , cedi limoni, caevi. Pred 10 dena me fati nastinka grip kojznae sto bese so zatnati usi bev, I po preporaka na Dr taka se lecev.
Мене грлото не ме боли го спречив со лизобак и пантенол пастили,ама носот ми е чешма,јас утре треба да одам да договорам дали петок или понеделник ќе ме пораѓаат.Како ќе биде незнам вака со носов,среќа немам ништо друго ама ме плаши.
Јас сум од денес 38 недела,фала му на бога до сега супер бев,ама денес станав со растечен нос катастрофа. Утре сум на цтг и треба да се договорам со докторката дали ќе ме пораѓаат петок или понеделник ќе бидам царски првото ми е царски,мада и ова ми е попречно поставено нема шанси за природно. Ти како си?? Кај ќе се пораѓаш се одчучи? Јас тука Велес пак ќе се пораѓам.
И јас ушиве некако чудно ги осеќам, како до таму да ми стига болката од грлото. А не е нешто многу болно ама е сепак е тука ништо, ќе земам и спреј па ќе терам така, се надевам нема да качувам температури и да паѓан во несвест фала ти!
Девојки дали е страшно високо железо прв пат ми се случува инаку секогаш е во нормала пред 10 дена прпверував беше 15.8 границата е до 26 денес излезе 36 или нешто влијание има премама сношти ги испијав кај 10ч а сабалјево во 7:30 мо земаа крв
На почетокот и јас имав високо железо, па матичната ми кажа да ги прекинам витамините некој период додека да се регулира железото. Не ги пиев 3-4 недели, железото се врати во нормала и си продолжив со пиење. Сега е во нормални граници.
Црп се испитува. Седиментација не. Црп не дава лажни и не е нормално да е покачено во брмееност. Седиментација е нормално, ако црп е покачено значи има нешто.
Дане имаш слабо вода пиено, малку подехидрирана да си , или не им се добри нешто направени испитувањата со реагенсите нешто.
Можно е ако е до водата најмногу по 1л во денот пијам ајде утре сум на контрола таму ќе видам што ќе кажат Ти благодарам
Јас сумамед пиев таа недела со бронхит бев... Јас малку подесно ,работам во седечка позиција 8 часа седам воглавно и кога ќе станам ми се закочува тука и ми крцка ми иде да викнам некогаш од болка Ама ете не сум стигнала да прашам гинеколог шо да се прави исто под градата десна ме боли напати како здрвено ми е Седиментација секогаш ми пишува гинеколог дали дека со висока почнав па да ми ја прати или шо е во прашање не знам. Овој и ме караше дека ми е многу висока јас знам дека е од непцата ама толку ми е страв од стоматолог и си седам на уши
Да може да даде лажно висок резултат, ако слабо пиеш вода а мокриш често. Не се плаши консултирај се. Пиј вода повеќе.
Редовни контроли на стоматолог се препорачува да се прават. Мене непцата ми беа ужасно воспалени и мислев дека имам циста, ме заболваше и грлото и ми сметаше многу, мислев настинвам Бев пред три дена ми чистеше забен камен и баш ми рече многу пазење на оралната хигиена и масажа на непцата, затоа што можи беља да си напрајме и на антибиотици да завршиме на крај Непцата се поосетливи во бременост и затоа сака многу внимавање. Мене ми рече на контрола за 10 дена да видиме дали ќе се смират, еве има подобрување уште од вториот ден откако ми исчисти забен камен.
Исто и мене вака, и седнувам боже се на страна некако ама џабе, кога треба да станам ми се плаче. Вчера проодив малку повеќе после некое време и во половината ми отиде болката едвај стигнав до дома. Како пиеш, заедно имаш маг. и б6 или едно по друго апченце?
Како рано за испитување. Урина од почеток на бременост, секој месец испитував. Брисеви исто ми земаа на почеток, за ако има нешто да се третира, да не дојде до полошо. И уште на самиот почеток имав бактериј, која ако не ја третирав, можеше да се прошири и нагоре и да направеше беља. Пиев и антибиотик. Бев исплашена за антибиотикот, ама се исконсултирав на неколку места и сите ми рекоа подобро да пијам, отколку да оставиме да се шири.
Женски инекцијава рогам за тие што се со негативна крвна група на гинекологија ја имаат и ја ставаат или сами си ја купувате па таму ја ставаат? И ако ја ставаат таму пак ми треба упат од матичен гинеколог ? Како иде процедурата? И во која недела се правеше coombs