Ај направи уште еднаш. Мене во исти ден , првиот пат ми беше така ептееен високо, за 3 саати проверив, беше во граници на нормалата. А вода пиев за машала во бременост. 5-6 литри како ништо ги пиев.
Сакам да испитам урина, а 2 пати сабајле и навечер ставам вагинално утрогестан. Влијае при испитување, најдобро вечерта да не ставам и сабајле да однесам мокрача?
И јас го добив истиот одговор како @princessgirl47 имав исцедок и ми рекоа и да е инфекција не можеме да дадеме ништо толку рано... Брисеви ми беа чисти неколку дена пред ивф. уште немам правено нови...
А инфекцијата ако се качи нагоре и направи беља? Има случаеви каде мора да се третира, да не наштети на плодот. Еве да не сте знаеле дека сте бремени , а сте пиеле антибиотик? Проверете се убаво и побарајте и други мислења. Ова само како совет од мене за вас.
Фала на совет, тоа беше мислење од двајца доктори и не барав трето. Остана така како нормално во бременоста. Сега веќе поминува 3 месец сигурно ќе правам брисеви.
Никој не треба да плашам ама има бактерии што добедуваат до пукање водењак ско не се третираат антибиотски… до 11-12 недела да се завршат брисеви и одма да се реагира со антибиотик што и да е … има случаеви за уринарна инфекција на блиска деугарка со голема болка при мокрење и најдоа антибиотик по биограм што е ок и за 8ма недела… си го износи дететото здраво право еве на роденден прв бевме пред еден месец… златна е буцка
Па има влијание, нема да биде валиден резултатот. Јас така заборавив скрос првиот пат и имав парченца бели во мокрачата од вагиналетата, резултатот секако не го сметав за валиден имаше траги, протеини, а немаше врска. Нареден пат веќе не ставав од утрогрстанот и си беше во ред.
Дали кашлањево штети нешто на бебето, 27ма недела сум вчера и денес кашлам до тој степен што ме болат мускулите на стомакот. Пијам чај, лимон, супа, грлото не ме боли туку ми е надразнето и ме тера на кашлање и тоа лоша длабока кашлица Утре одам на лекар, само во мисла ми е за бебето. @Ladyme те молам уште еднаш ако сакаш да пишеш кој сируп беше добар, кои пастили и дали е точно ако зимам прополис дека може да предизвика алергиска реакција иако пред бременост сум немала проблем со прополисот.
Не знам дали ги има во комбинација, јас едно по друго ги пијам и ми опушта мускулатура доста. Прв пат во живот сеа земам б6 и ептен ми се погодени вака заедно со магнезиумот. Ова ми е трета бременост и најлесно ја поминав без поголеми болки.
Женски со веќе едни бебиња вие сте ми инспо за совети … релаксатор од кога почнавте да користите? Еден куп другарки ми викаат џабе фрлени пари децава нејкат да седат повеќе од 15мин … ваши искуства? Овој ми искача цело време и движењата ми изгледаат нежни и ускладени https://www.instagram.com/p/DGiS5ZUsqZ-/?igsh=MWpmOXpteWhlOG85bA==
Нема да направи алергиска реакција прополисот ако немаш ти алергија пред бременост не се плаши, земи безалкохолен прополис, патили пантенол со ц од галеника можеш до 4-5 во ден. И ако е сува кашлицата ( не исплукуваш шлајм, ако е длабока само да не има слуз) Herbifit исландски лишај 3 x1 супена лажица, и мед чај камилица.
Мене ми дадоа амоксицилин да пијам за секој случај ( ми рекоа тој е безбеден во овие недели ) и да не правам брисеви во случај да има нешто а да не можат да ми дадат ништо за да се среди, па само да се исплашам. Ми рекоа да дојдам на клиника околу 12 недела да ми направат брисеви за се што може. Не сум паметна не знам што да правам па затоа прашав и тука за искуства, ова не ми го кажа доктор матичен туку специјалист на Гак
Јас имав железо 42, не во бременост. И испитав утредента во друга лабораторија беше околу 20. Образложение ми беше само дека варира. Кај мене беше од огромна доза витамини што ги земав подолго време.
Јас иста бев со исцедокот, кој патем уште го имам, 8ма недела. Прв пат кога отидов на гинеколог, некаде петта недела, направив брисеви, се беше чисто.
Не знам што да кажам антибиотик за секој случај нема … сите знаеме… а и не делуваат сите антибиотици кон секоја бактерија од друга страна брисеви пред 11та недела не се прават пошто е ниско плодот да не се пипка демек доле од предострожност и тоа разбирам… што ќе каже специјалист тоа прави … ќе дојде брзо 11та недела
Јас ете направив. А исто, оти не знаев дека сум трудна, мислев инфекција е во урина пиев антибиотик и тоа е тоа. Океј е за сега, не се направило проблем.
Бејби сестрами овој го има тој од енци менци лево десно што движи https://www.encimenci.com.mk/relaksator-iswing-light-grey-cangaroo-066bb007a16, ја ставаше внуката додека средува нешто во кујна и многу често заспиваше на него, има музика и јачина на движење, после 5 месеци почна на тоа да ја рани на него. Дека беше помалечка во килажа го користеше до кај 7 месеци. Разгледај го не е многу скап.
јас последниот пат исто така имав парченца бели им кажав таму ок ми рекоа и резултатите во ред во беа ...