Сите различно, мојата матична од 6 до 8ма препорачува брисеви. Ама јас не одев кај неа поради друг проблем, имав хиперстимулација па ме прати на гак да ме следат…
Чим имаш пиено антибиотик сега, ќе има лажно негативен брис ако направиш одма. Амоксицилин е со широк спектар и затоа ти го дале. Ти не осеќаш никаква мака само температура имаш? нешто што ти наговестува?
Мене ми е најнеискористена ствар. Воопшто не сака да седи и така си стои фаќа прашина. А од прв ден го ставав за да го заучам, ама не сакаше.
Јас за првото купив Мамару (што гласи за еден кој сите бебиња наводно го прифаќале) и го продадов во прва прилика, едина работа што не ја сочував. Син ми не сакаше да се нишка во него, после откако почна да лази се играше со каишите и штракаше тоа дугмињата. По мое, бебе кое сака да седи во релаксатор сака да седи сегде, и во релаксатор и во гнездо и во креветче да му врзеш играчки ќе му е интересно. Тоа што не сака - нигде не сака, ако сакаш и во ракета стави го. Ако имаш мерак и вишак простор по дома земи, или ако ти се понудат блиски да ти купат, ама дека е неопходна опрема - не е. Едини совет што можам да ти го дадам е да почекаш прво да му го видиш табиетот, ако ти стои дека ќе сака да го оставиш дури бркаш некоја работа тогаш купи (пикирај си претходно некој), во спротивно не фрлај пари и така во глобала поише од 5-6 месеци не користи.
Релаксаторот по правило е да ставиш бебе да се нишка или занимава, да ти нешто набрзина да завршиш. Пола саат, 40 мин највише. Не се препорачува бебе да спие таму иако многу ги оставаат, не е безбедно. Бебе треба да спие на рамна и тврда површина. Со првото дете релаксаторот повеќе го искористив кога почнувавме со вкусови. Од мерак имав земено една хранилка на киндеркрафт во која се заљубив на прв поглед, ама која немаше опции за седиштето да се навалува, па првиот месец пробуваше вкусови во релаксатор. Ќерка заседнува сама на 7 месеци и тогаш ја префрлив во хранилката. Тој релаксатор ми остана во Грција, за второто купив нов и воопшто не го искористив. Сега имам два за третово не мислам дека многу ќе користам било кој од нив, а плус и двата ми се стаени онлајн за шиткање, практично нови се. Ќерка ми кога беше будна не правеше проблем било каде да седи, па си ја ставав во креветче и си разгледуваше наоколу и таму ми беше најбезбедна. Син ми сакаше само во раце. Не е нешто неопходно ниту се препорачува од експерти. Плус како што ти пишаа погоре се користи неколку месеци само, кога бебето ќе има повеќе сила и ќе почне да се држи поцврсто и подисправа после 5ти месец веќе не е ниту безбедно да стои во релаксатор. Да го врзеш во раце и така да го чуваш исто не добро оти треба да вежба мускулатура. Во принцип, не е нешто што мора да се има.
26та недела coombs, 28ма за рогамот; искрено не знам дали може на гинекологија, мене матичната ми рече да го купам во аптека и кај неа ќе ме боцнат па фонд ќе ми рефундира 70%.. тука како да имав прочитано некои од членките дека биле на гак/чаир и е бесплатно таму, ако има некој искуство, нека сподели..
јас имам носено урина со аплицирање утрогестан од вечерта и биле уредни резултатите, исто имам и прашано во лаб, кога гледаат под микроскоп секако изумирале парчињата од вагиналетите.
Вчера бев во аптека и барав бебешки прополис без алкохол, таму ме извадија од памет дека несмеам ништо и дека прополисот во бременост може да предизвика алергиска реакција. Ниту пастили ми понудија, наводно нема ништо што смееш трпи си и само чај од жалфија дека смеам. Ама денес не се трпи веќе стомакот ме боли од кашлање, мускулите исто се плашам нешто лошо да не предизвикам. Матичниот ми е прва смена, сабајле ќе одам ама реков и тебе да те потпрашам за нокеска барем да протерам, фала ти многу
Убаво ти викаат другарките Тие реквизити најдобро позајмени да ги земате, прво да си видите дали ќе сакаат па после да си трошите парите И ќерка ми беше од тие шо релаксатор, хранилка и некои други работи со очи не сака/ше да ги види
Мене специјалист од Гак ме водеше паралелно со матичната. Она беше таа што ми даде антибиотик. Матичната неможе да ти земе брисеви?
@jagoda777 или кој и да прашуваше. Инфекција (сп или ути) не може да "влезе внатре кај плодот", бидејќи плодот е затворен и заштитен, ама може да биде досадна, да крати цервикс, да пукне водењак порано (ради агресивни симптоми) од неа ако долго време не се лечи или да се пренесе на плодот при природно пораѓање, затоа и се прават брисеви 35 недела последни и секс не се препорачува пред пороѓај. Затоа не ви даваат антибиотик до 12 недела само ради исцедок, бидејќи во тој период поголема беља може да направи антибиотикот од самата инфекција. Ова ми го има кажано доктор, не лупам од ракав.
Јас овој го утепав од користење, прво лежи скроз рамно и на тврда подлога, така што погоден е за од ден 1. Потоа има додаток што поткрева на 30 степени, па потоа цело се крева на 60 степени, а се спушта кај ноџињата. Си седеше во него од прв ден и до кај година го користев како столче. Си го ставав во него до мене во кујна и му зборев што како правам, сегде низ станот. Не се ниша сам, но има вибрации (тоа се слаби, но го смируваа) и има музики бели звуци и некои песнички. На другарка малата исто еве сега има 7 месеци, вика најискористено нешто и е, сега веќе ми го врати пошто ќе се породам кај и да е, ама до последно еве го користеше. Е сега една членка имаше пишано - ако детето седи, ќе седи сегде - и бо количка и во седиште и во релаксатор. Моето беше такво, гајле немаше за ништо. Има деца што не сакаат да седат, па каков и да е релаксатор земи. https://bebehome.mk/product/tinylove-релаксатор-редизајн-сив2/
Додека не излегла кажи рецепт како да ја напраам таква да седи сегде шала на страна, сподели го моделот ако го има сеуште по продавнициве…фала женски на сите за искуствата знаејќи го маж ми како е превозбуден за све живо секако ќе се купи па макар и стоел у дневна цела година онака да го има
Го редактирав постот, сакајќи на крај да биде линкот, се изнапишав, па заборавив да го ставам Среќа брзо ми текна, па едитирав и го прикачив. А рецепт нема, ваљда до детето е. Јас од старт го ставав за спиење директ во креветче, па си заспиваше таму, за нешто вака преку ден во релаксатор, за возење задолжително во седиште и си седеше, немаше опција да не седи
Кај мене не испаднаа резултатите во ред и претпоставувам дека беше од парчињата вагиналети, сепак мокрачата што се носи не треба да биде контаминирана со други партикли тие прчиња што остануваат сепак се топат во мокрачата не може да испарат. Еве ако не испадне во ред сигурно нема да се базираш на тој резултат и ќе треба наново да правиш.
Те молам кажи ми во која аптека беше... неможе прополис а може чај од жалфија... жалфија може само да се прави гаргара локално не да се пие во бременост . Више тешко се наоѓа искусен фармацевт или техничар неможе тоа да го каже побогу. Не се плаши и да си пиела чај од еднаш не е проблем. Слободно земи си прополис безалохолен имаш во виола некој италијански, или на медифит 10% и прскај си 3-4 пати во денот. Сирупчето што ти пишав ако е кашлицата јака за два три дена ќе ја смири и дома мед лимун супа горен шеќер.
Ох ,јас се тоа знам ама многу голема траума имам уште од дете и запуштени ми се забите реално само заради тоа... Ајде ќе се јавам утре да закажам...