Јади мед, или направи прегорен шеќер со млеко и путер(маргарин) ќе ти омекне грлото да не кашлаш или превриена кока кола.Можеш и да направиш раствор вода , сол и сода и гаргара да правиш. Ако кашлаш суво пази со сирупите за кашлање да не земеш за искашлување бетер да те надразни а немаш што да исфрлиш. За прополисот и на сопругот така му рекоа во аптека не смее прополис, а во друга аптека му ги дале овие...
Јас користев од одма, бебе супер го прифати и спиеше и по 2 часа. Седеше во него додека го собираше сигурно до кај 6-7 месеци.
Сигурно посебно би имале повеќе ефект, бидејќи знам дека има едни во комбинација ама сигурно немаат многу б6 во нив.
да потврдам само-џабе фрлени пари користев од другарка, многу малце се користи, ако имаш земи од некој, ако не, не знам колку вреди да купуваш ...
Ајде да прашам, препорачано е од седми месец да се започне со масажа на перинеум.. имам масло од веледа на поклон дали сте правеле некои членки од тие што сте породени? моја блиска колешка ми рече се масирала три месеци, значи првородка, иде на цтг во ремедика сабајле и рекле еден прст воденаќ не пукнат и да дојде др ден на цтг пак. И она вика јас дојдов стаев исправ една машина, подсредив бев пазарев се вратив почнаа болки мн чести, исповратив еднаш, два пати до вц диареа некоја и вика таман да се јавам на мм се облакам а на 5 мин болки.. отишле Ремедика отворена 8 прсти и се породи попладнето ист ден. Докторката Симонида и рекла дека може да помогнале многу масажите што ги правела долго време и воопшто не ја шиеле природно се породи.
Од тука што сум читала знаев дека жалфија не се пие во бременост, може само гаргара јас ни тоа не направив. Чај од прегорен шеќер правам и камилица. сега земав пантенол и сабајле ке одам на лекар. Во право си, тешко се наоѓа искусен фармацевт или техничар па се со резерва ги слушам.
Јас сум фармацевт и пак се консултирам со многу постари од мене и поискусни. Така да еве ти кажувам од искуство и доктори слушаат преставници, еве во таа бранша сум и више све се зема и се вработува.. до вчера со аргета и елит кафе работат и подаваат за лекови. Незнаат орс раствор што е.. само на бизнис се гледа не на едукација на доктори и на сопствена едукација.. затоа кога читам што пишуваат и на форумот што им нудат искрено немам сила да пишувам и да се објаснувам на секого. Има и инфо мн на нет може да се прочита. Ќе помине не се нервирај мене три пати ме фати од декември до средина февруари сега дома сум на бед рест... не примам никој болен. Мм му реков а осетиш нешто ич не иди дома кај мајкати директива
А тек чекај кога ќе се роди, па дека девојче. Со причина рекле татина ќерка. Јас ти препорачувам да позајмиш од некој. Нашата во сѐ седи. Ама пак позајмивме, си ужива во него. Се е до детето. Ама не фрлај пари за џабе.
Многу добро те разбирам, јас не сум медицинско лице меѓутоа внимавам колку можам да се едуцирам што од суплементи, што од козметика, храна и слично. Се пазам, ама ете ме фати само грлото се надевам дека така и ќе остане без тт и последици. Нема нервози, се што дошло само со лесно да поминува.
Јас сакав да земам за секој случај да имам дома пастили, во Зегин ми ги понудија истиве. Ми рекоа дека се супер и безбедни за во бременост. Баш ја прашав аптекарката за прополис, ми рече дека смее, дури и домашен (со алкохол) дека апсолутно никаква штета неможе да направи од 5 капки по доза. Па не знам.
Не ги употребив. Ми помогна гаргара со сол и сода бикарбона и овие ми останаа. Ако не си алергична јади мед. И уште ова го знам како ефикасно а природно сецкаш еден кромид и ставаш ред кромид па мед пак кромид па мед и ќе го оставиш во фрижидер преку ноќ. Земаш по потреба колку сакаш од течноста само, како сируп.
https://mamma.mk/perinealna-masaza/ На линкот убаво е објаснето. Само се проепорачува 4 до 6 недели пред породување.
Некоја во Систина или на државно да се породила со провокација?Како иде процедурата?39 +5 сум но сеуште нема знаци...ми спомна докторот дека ќе почекаме уште па ако нема ништо ќе пробаме со провокации...Прв пат сум трудница и баш ми е се ова ново.Не знам ни дали треба датум да договорам дали да чекам...