Мајки и идни мајки, Какво креветче имате за бебе? Дрвено или монтажно? До колку кг или години? Само уште тоа ми остана и сега се мислам дали да земам до 7 месеци такво платнено или директ дрвено до 3,4 годинки…
https://topolino.mk/product/krevetce-bambi-belo-bambino/ Samo na pocetok ke ja trgnam pregradata predna za da mi e spoeno krevetceto so spalnata da ne stanuvam navecer
И за првото дете, а и сега, имам дрвена лулка/креветче за до 5-6м, а потоа монтажно креветче. Синко го користеше креветчето до 2.5 год, после тоа го префрливме на голем детски кревет во детската. Овој пат ќе видиме како ќе биде
Тоа значи дека не се врзува железото. MCV, MCH, MCHC се исто битни параметри, големина на еритроцитите, конц. на хемоглобин во еритроцити, или резултатите не се точни.
Сега ќе го пробам, знам дека за мигрена препорачуваат ама за тоа никогаш не ми помогнало, сега не ја осеќам ко мигрена така да баш ќе пробам, фала ти. И јас сум со мигрена со години, пиев и лекови одобрени за неа низ текот на бременоста ама ова сега не го осеќам баш идентично ко мигрената… ме боли десната страна над окото кај челото ама не ми е пулсирачка како кај мигрената (која секогаш ми е на лева страна) туку баш само силно стегање и бодење ама ненормално боли. За разлика од типичната мигрена што си ја имам, сега немам некои нагони за повраќање или заматен вид и сличните симптоми, туку само неподнослива болка. Бев до сега со топла облога во едно ко перниче што си го имам нарачано од интернет ама не бре не ме пушта… ајде ќе го пробам сега советот од членката погоре, па после со фенне знам што ме снајде денес. Како и да е фала многу на советите!
@Guns N` Roses @Ladyme MCV, MCH, MCHC се во ред, еритроцити и хематокрит се паднати. Се консултирав со општата матична. Нејзиниот совет е без железен препарат, само Б12 и вит Ц, исто како на @Ladyme
Знам дека меракот е голем на почеток, ама од мое искуство земи си монтажно, не дрвено. Имам дрвено и секој ден се мислам да го продадам и да купам за второво монтажно. Син ми ич нема спиено во него и само место ми зафаќа. Монтажното ако ништо друго ако не го користиш лесно можеш да го прибереш, ова кај да го ставам .
имам дрвено, затоа што не слушав, овој памет да ми е ќе си купев транспортно, мој совет да си купиш транспортно ти е. @Autumn Love исто и ја се мислев дали да го продадам и сега да си купам транспортно за второво, ич не го користевме ни ние, ама тогаш мерак ми беше дрвено да имаме
транспортно можеш да го шеташ сегде и низ цела куќа многу полесно и да го користиш како игрална после. дрвеното е топ додека не почне да мрда, да се пика измеѓу решетки раце да заглавува, па оградици, па не се ставале вакви, па такви. ја не го користев многу, одамна спие со нас, од 8 месеци негде.
Мене ми послужи ко остава за алишта кои чекаат ред за диплење и ко ограда да не ми паѓа од спална, не дека беше скроз бескорисно . Ама па немаш кај да го прибереш. Плус ова што викаш, кај сакаш по дома шетај го, плус на одмор, за викенди ако одиш исто можеш да си го носиш. И мене сите ми велеа земи монтажно ама ко не слушам тоа е.
модел како првото @Autumn Love да и мене сите ми збореа, ама не слушав иначе моето е одамна спакувано и однесено во подрум пошо сме кнап со простор, а додека беше тука исто во него алишта чував
Здраво на сите Во 13та недела бев болна две недели со температура, примав антибиотик. Денес сум 17+5 и повторно качив 38.5, пијам парацетамол, но страв ми е да не завршам пак на инфузии и антибиотик. Сакам да прашам колку пати во текот на бременоста сте пиеле антибиотик?
Новит сушари со топлотна пумпа може било каде да се наместат. Нема пареа нема одвод. Ние купивме и и најдовме место во соба
Внуката од 6 месеци спие во дрвено во своја соба, претходно имаше тоа што е до кревет ама оделено помало, не поврзано за креветот до 6 месеци беше во спална со нив. Сега е више година и два месеци си заспива се буди во дрвеното креветче и нема некој проблем. Све е навика како ти и детето ќе се навикне. Не ја земаат во спална, само кога има температура тоа било еднаш. И на одмор идат со транспортно од мајками или бараат соба со креветче детско.