Ужас...Не можев да се помирам со фактот дека дома ќе седам ...Се чувствував како неспособна едно дете да износам без драми и седење дома ама тоа е се навикнав
Ќе се направам дека не го прочитав ова.. ама што е со размислувањево???? Ај стај си во глава дека ти и бебето сте најбитни. Каква неспособна побогу?
Ако доктор така ти кажува нема што да ти е awkward. Ти си најбитна сега и бебето. Ти си знаеш ама што па ти е гајле што ќе кажат на работа? Мислиш они да се на твое место awkward ќе им биде? Тоа не се драми тоа е реален здравствен проблем. Ама ти си знаеш ипак…
А што да кажеме ние што сме ја изгубиле бременоста баш од таа причина што требало дома да седиме а ние сме оделе на работа тешејќи се дека не е ништо и дека само “драмам”? За оваа бременост знаеш колку ми е гајле шефот и колегите што ќе кажат? Колку за ланскиот снег.
Ова не смее да се јави кај ниедна жена… два до три пати во животот поминуваме низ овој магичен процес на создавање нов човек на светов. Неспособни не сме … на некои им треба повеќе одмор и енергија да го поминат периодот зошто е ексклузивна трансформација на телото да донесе на свет нова душа… ич не се секирам кој што мисли, јас маж ми и детето сме најбитнисе надоврзувам на @arwen93 тие што сме изгибиле бременост ќе дуваме и на јогурт и секој што ме погледнува напреку кога ќе препрашам нешто или ќе гуглам нека си седи таму кај што му е место…мојата глава и срце поминале многу работи пред него
Ic da ne se zamaras za rabota ke kazes samo na odgovorniot I tolku, jas sto da kazam bev na patoloska pa porodilno pa cim trgnav na rabota odma ostanav trudna pa pak patoloska pa porodilno 3 godini kako ne odam na rabota ama sakav decata da mi se mala razlika rabota nema da mi bega kje rabotam do penzija sekako
Седев дома и не беше ич со драми. Не се ни осетив неспособна, баш напротив одлучив да седам дома и без нервози и стресови од работа и ретардиран газда, да имам мирна бременост. Најбитно во бременоста е ти и бебе да сте добри. Малце е досадно на моменти, ама ехеее филмови, книги, занимации еден куп се наоѓаат.
А јас што да кажам што кога останав трудна со првото не бев вработена воопшто. па мажотми ме осигура и плаќаше 6 месеци за да земам породилно. после 2 години пак трудна со второ пак невработена од што немаше кој да ми го чува детето градинката е од две години тука. пак сега трудна останав син ми кога наполни година пак ми плаќа осигурање и само он работи цело време. Значи ќерками 5 ќе прави јас сигурно уште две години нема да успеам да се вработам . И што да кажам и јас сум воопшто неспособна што не ни одам на работа. колку пати сум се почуствувала безвредна ама пак си реков јас носам живот во мене и дома гледам уште два. затоа ја имам најубавата и најмачната работа МАЈКА! И сега за третово за една недела е прашање дали ќе фанам породилно касно ме осигура на 15 март правам 6 месеци од осигурување а тогаш ќе бидам 38+3 не смее да се роди до тогаш. Значи ќере после 15 можеш слободно
Едно прашање.. да се избрукам и да прашам. не си го можам веќе трудничкиов мозок.. може да биде лошо ако сум испила две токорелакс апчиња ? По безвезално нешто ми се нема случено. Во животов немам утнато апче или терапија.. сега внукава околу мене јас со витаминиве во раце и најверојатно две сум лапнала. Составот го гледам магнезиум, б6 ама таа алфа липоична киселина ми го мати мозокот и не е мала дозата во едно апче 600 мг.
Нема проблем не се секирај, јас по две ферона пијам ист состав, дневна доза треба да е 600 мг алфалипоична по правило.. ама ги даваат по едно, иначе месечна терапија ќе е 1800 ден.
Јас тоа се исплашив што секаде пишува по 600мг дневна доза и да не се надминува, а ја 1200 сум испила хах. А не се разбирам многу во витаминиве. Во фероната сега гледам 300 мг има алфа липоична киселина ама во токорелаксот 600мг. ти благодарам
Девојки имам едно прашање ама незнам колку добро ќе успеам да го објаснам. 22+2 сум, и стомакот на моменти ми станува премногу тврд трае некое време и после ќе се опушти. Исто имам приметено и кога се движам наеднаш ми се стврднува, осеќам ко некоја нелагодност долу и како да ми се тегне кожата, ко да ми го влече нешто стомакот надоле. Дали е ова нормално?
Еве иста недела сум и јас и истата ситуација е и кај мене.. пред некоја вечер од памет се извадив случајно се пипнав како топка ми стоеше и за неколку секунди пушти.. секаде каде што прочитав пишуваат дека е нормално ама нека кажат пак по искусните
Мене ми се случуваше истото и една ноќ од страв отидов во Систина на дежурен. Ми рекоа нормално било… откако ми кажаа и се смирив следните такви појави побрзо ми поминуваа.
Нормално е, лажни контракции или бракстон хикс се викаат. Во трет уште поизразени ќе се. Зголемете на магнезиум.
Кај нас бараат потврда од матичен гинеколог дека стварно сум трудна за да ме ослободат од ноќна работа, сменска, дежурства и да одам само прва смена. Пишува дијагноза, која недела и печат и потпис од матичниот.
Од како влегов во 9ти ме уби несоница. Обавезно станувам ноќе во ниедно време и свежа како да сум спиела нз колку саати. и се мачам да заспијам и не бива треба да помине време за да ме фане дремка нова. и додека сум заспала се разденило за да станам. а претходно што убаво си спиев дури не станував ни за во тоалет до толку бев комирана. освен кога имаше период син ми кога не спиеше. Имате ли вие несоница?