Исто и мене ме буди сабајле во 4 редовно последниве месеци и си клоца те лево те десно. Вознемиреноста твоја секако ја осеќа дополнително. Денес чекаме подобри вести и од двете држам среќа другарки
Женски од вчера имам болки во стомакот и грчеви онака како да ми треба пробиотик изгледа нешто од храна, од магнезиум не се смирува кој пробиотик го пиете во бременост?
Можеби не е за тука прашањево ама некоја ќе знае да ми одговори. Во рана бременост сум 6 недели а вчера имав контакт со детенце на кое вечерта му излегоа сипаници и баш кога беше кај мене е заразно. Инаку јас сум прележана од сипаници како мала, ама сум во мисла да не му штети на плодот. Ако има некоја ваков случај да ми кажи па утре сум на контрола кај Др. ќе и кажам
Братучетка на мм во Словенија живее, остана бремена исто како мене со ивф, ја прашувам што зема од терапија, ништо ми вели само фолна. Како ништо? Пролутекси, витамини? НИШТО од сам старт, роди здраво право девојче. Не знам зошто нас овде не предозираат ама кога ќе ти речат шубе ти е да не пиеш. Иначе најмногу ми беше страв со притисокот, не знам дали сум се напила, ако прескокнам ќе рипне, ако се напијам а веќе сум зела дан падне ептен. А посебно па ко утнав со кардиопиринот крај беше. Јас мислев дека само јас сум изгубена ама еве читам сите сме заборавиле, а како не би па не е едно. Чуден е овој мозок труднички, пред некој ден другарка дома на кафе ми се јавува сестра ми да ми каже нешто. После 5 мин јас се преиспитувам зошто ми се јави, не се сеќавав, и се јавив пак да ја прашам. Белки ќе се средиме по пораѓај а? Замислете, му сменав пелена- не знам, го наранив - не знам
Не испитува торч антитела за варичела. @Jas05 побарај упат стриктно за варичела антитела, а уште подобро и до инфективно уште денес, има опција да примаш профилакса ако не поминале многу саати.
Ако си сигурна дека имааш прележано не прави ништо. Нема никаква опасност. Јас не бев сигурна и испитав во авицена 1100 ден
Сигурна сум дека ми се прележани на 8 години. И после тоа ти кажаа дека нема опасност за плодот? Пукнав од грижи 5 години го чекав ова бебче
Менува секако, ама во приказнава најбитно е дали имаш антитела (кои би ги имала доживотно во 99% од случаите ако си прележала) или не. Затоа ти пишав да се консултираш со инфектолог, ќе те оправи најубаво.
Ај да си прашам овде, ве има со повеќе бремености и по активна тема е Сега во вц кога бев гледам на бришење многу малку светло розева крв, Чепот ќе е? Не беше ни лигаво. Болки повремени ама не се стални и јаки веќе неколку дена. Инаку сум 39 полна од денес.
Кога летна времето За 2 дена влегувам во 33 и почнува таква некоја паника да ме фаќа дека ќе се породам предвреме, едвај чекам четврток да одам на контрола и да ми кажат дека се е во ред Од што не сум спремна ништо, на маж ми му направив список со слики што се треба да купи и детални инструкции што да прави ако се породам неспремна А боледување не пуштаат никако, да можам јас да одам да испазарам да средам се што треба Викендов имав некои болки ниско доле во стомак и кај препоните, на неколку пати ми се случија ама си викам ај ваљда е нормално дека пристиска бебе веќе тежи па не отидов на дежурен Ништо, ми текна дека со првата бременост секој ден пишував тука, а сега дали 2 пати, па ми дојде желба да чкртнам нешто