Девојки можи глупаво е прашањево ама ме интересира дали некоја имала лажни нагони за во вц за по голема нужда додека лежам ми иди за во вц а кога ќе појдам во вц немам ништо
И јас се слагам. Јас сум прележана, доктор на клиника ми рече дека има врска сепак е вирус. Матичниот ми рече нема гајле. Најдобро да провери
36+6 сум денес... си велам има време уште 3 недели ама пак да не изненади порано други симптоми ништо немам
Токорелакс не можев да најдам па ги зедов овие сега за сега,докторот ми ги препорача токорелакс но сличен им е составот.Да не згрешив?
Јас со првата бременост. 2 саати одев на 15мин во вц мислејќи дека се нагони. А уствари било почеток на процесот за пораѓај. Зависи која недела си ти, јас во 9ти бев веќе.
Па мислам не си згрешила ја вчера го гледав составот. Во токорелакс има 600мг од таа алфалипоична киселина а во овие има 300мг. Штом ти кажал токорелакс значи од овие феронава можеш по две да пиеш и истиот ефект го има
Барав во повеќе аптеки немаше,а не сум од Скопје па ги најдов овие и ги зедов зошто ист состав. Инаку благодарам
@Karanfilce14 @Feniksgirl благодарам на одговор. Ги барав во повеќето аптеки ги немаше а не сум од Скопје. Се надевам малку ќе ме опуштат од грчеви и болка а и плус за цервиксот.Имавте некое подобрување со нив?
Какви ти се грчевите? Јас овие два дена нешто баш осеќам тежина на стомак кога одам и повремени грчеви, денес почнав и со провен пробиотик, пошто магнезиум не ми прави разлика…утре сум во систина кај мојава докторка одвај чекам да види што се случува
Имам и јас повремени грчеви најчесто ми се јавуваат навечер или во текот на ноќта и така исто како тежина како стврднување на моменти,пробиотик земам јас на провен исто еве скоро месец без него неможам да функционирам посебно кога ќе јадам и од малку јадење почне подуеност,гасови..страшно..се чуствувам како раскостена плус со болки во срамната постојано..
@medena147 Да не има ново мајкаа? те немаа Јас денес 36+5 за една ден сме разлика 25 март ли ти е термин, мене 26 ми е . Со лесно нека ни е
Јас пијам токорелакс од почеток, еве 20та недела терам, во аптеката во Систина ги има досега секогаш. Еднаш ги немаше во моментот ама ги нарачаа и истото попладне им стигнаа. Сега им се јавувам кога ќе сум за одење за да имаат сигурно.
Феминки денес на контрола 17нед+1 пак ми рекоа дека постелката е ниско да ставам утрогестан и да одмарам. Не ми е јасно бидејки на почетокот 7-8 недела виде дека е ниско примав утрогестан и одмарав после тоа се беше океј на контролите сега повторно утрогестан и одмор, и привремено имам болки како на сликата.(дали се нормални и како кога одмарате да не треба нозете на повисоко да ги ставам оти лежам претежно на лева страна)