Подобро е, грлото се зголемило малку и продолжуваме со мирување. Незнам може и времево дека затопли ама не се издржува.
кај мене вчера така беше го немаше цел ден скоро и да клоцнеше мн млитаво нежно. а денеска еве повеќе клоца и ударите се појаки. мислам дека е нормално. некогаш се поактивни некогаш по малку. Срам не срам да си се пожалам - значи гасовиве ме умреа ужас . ве молам кажете ми дека не сум единствена со овој глупав симптом на бременост
Супер баш ми е мило, џабе си се плашела сега продолжи да мируваш со добра мисла и уживај Искрено секоја промена јас ја препишувам на бременоста и хормоналните промени
До пред да останам бремена постев цели пости, сега искрено неможам … едноставно си пробувам од се и божиќниот пост неможев да го постам, само си земав благослов од отец. Оние кои постат нека им е лесен и благословен постот @ShtruMfeticka ти постиш ?
Не, јас секој петок постев и од тоа се откажав кога останав трудна. Здравје да се опоравам после пораѓај ќе постам пак
Денес да, без масло ама некако тешко ми оди. До кога терам, ќе терам. Секако ќе го прекинам постот, за некоја недела на пораѓај сум
Баш заради тоа, ќе постиш следна година здравје. Сега пред пораѓај не ти треба да ти паѓа имунитет и сл.
Јас сакав да се причестам првата недела. Поп ми даде благослов да постам прва недела со масло и да се причестам. После до Велигден рече јади све само месо и месни производи никако, дека ептен си во таква состојба
Јас постев 15 години по ред, лани во бременост и оваа година зашто дојам не постам. Има време кога да постиш. Бебе влече многу, затоа поубаво да не постиш.
Со здравје да си го користиш. Јас земав фиокар, ми се гледаше како попрактично ама ќе земам и шкафче можеби понатака. Имам сега за сега во детската шкаф ама преполн ми е си наши ствари
Фала поубав да си купиш. И ова го преполнив сега за сега со наши ствари, ама привремено зошто и за нас ќе купуваме голем плакар. Иначе фиокар не земав зошто креветчето што планирам да го земам ќе има голема фиока со три прегради и плус наткасна ќе има како пресоблекувална, па ќе ми биде тоа доволно мислам дека.