https://www.facebook.com/share/p/162ifHHQ3k/ Baravte od alkaloid berovo, tuka ima. Tetra sto se x 3 vo kutivce jas gi zemav direktno po okolu 250 a tuka se 600. Kolku da gi razgledate prouzvodite ete link
Исто сме ние, 39+1 вчера на преглед ни контракции, ни болки, грлото ептен затворено… Ми рекоа секој ден да шетам и многу секс јас баш се надевав дека ќе се породам пред викендов ама којзнае
2 кила е, сега влегов во 32 недела, а допрва ќе расте уште повеќе. Е сега колку е и тоа мерењето точно не знам. Како и да е само да биде се во ред па ако треба царски така нека биде.
Не се загрижувај, таман си бебето си е доволно пораснато супер килажа, ќе следат плодова вода протоци, се додека нема загриженост од страна на лекар уживај, ако спомнат за пораѓај ќе раѓаш таман е и да се роди немаш потреба од паника. Еве јас конкретно сум 37 недела бебето одговара за 35. Ќе си нараснат после тоа. Земај повеќе течности конкретно вода, повеќе протеинска исхрана воведи јајца, месо, млеко. Во секој случај не се грижи и нормално контролата е на побрз период, јас одам на 1 недела на ехо и ЦТГ. Провери д- димери
Моето кога да одам на ехо се крие со рацете, никако не можиме убаво да го сликниме. На преден зид ми е и висока постелка, матичниот вика оваа недела треба да почнам да го осеќам, едвај чекам да го почуствувам
Пиев аспирин заради тоа заради тромбостатското време сега на 2 дена ми рекоа контрола почесто да биле контролите ама и сега гледав пред една недела едни мерки сега други со помала грамажа се ....како мерат и јас се чудам
Хаха исто и јас вчера бев, грло целосно затворено, се разочарав И јас се надевам за до крај на неделата, ама тешко изгледа
Не може да биде помало сега детето, ајде уживај и мерките кој знае како ги земаат кога ќе мерат убаво кога на брзање, првата бременост 2700 ми го измерија се роди 3030. Аспирин до 32 се зема недела, зошто уште го пиеш? Барем мене така ми кажаа сега клексани се боцкам
Мене специјалистот ми рече аспирин до 35 полна да пијам. Јас пијам ради протоците на матката, а не за ддимерите
Ај едно глупаво прашање Вие што сте се пораѓале во приватниве болници, дали сте им вртеле на докторите доколку добиете контракции или ви пукне водењак или што и да е што дава знаци дека процесот е почнат во некое незгодно време? На пример не знам која смена е и ми се случува ова во 3 сабајле. Да ѕвонам ли? Мене Котларова баш ми напомена кога ќе има нешто и сум на пат накај болница обавезно да и свртам, ама сега си мислам ако се случи ете во ниедно време, да вртам ли? Или кутрата жена да се вратила трета смена во 8 сабајле и само што заспала, јас да и вртам во 9 глупости размислувам ама ептен сум “незгодно ми е” тип на човек
мене минатиот пат ми пукна водењак во 2:30 сабајле, во 3:30 отидов во болница и самиот дежурен лекар ме праша дали би преферирала да ја викнат докторката што ме водеше и реков да и дојде за 20тина минути откако и се јавија… е сега сум слушала дека таа услуга се наплаќа дополнително бидејќи докторот дошол надвор од работно време, меѓутоа кај мене директно од осигурителна компанија и исплатија на болницата па немам информации околу тоа дали било наплатено.
Девојки матнезиум цитрат на now softgels од 400мг сега гледам дека пишува да се земат 3 таблети. Ова во смисла 3 таблети = 400мг магнезиум? Јас цело време земам по две муслејќи внесувам 800мг
Ако мислиш на овие, да. 400мг содржи во 3 таблети. Јас ги пијам три одеднаш по ручек и навечер пред спиење си растворам магнезиум цитрат од Џејмисон.
Бабати била во право. психата е страшна работа. Некогаш сами си го повикуваме лошото. Секогаш треба да се мисли позитивно и човек многу поубаво ќе се чуствува. Инаку девојки денес 36+6. Од утре официјално 37 полна недела. Од утре и официјално влегуваме во новиот дом. Бебушка ќе стаса на ново на чисто. На се преубаво И го пребришав креветчето утре ќе го склопиме. И веќе од четврток ќе перам постелнини и алиштенца бебешки Полека да почнам веќе да се спремам . Се надевам за една недела се ќе стасам оти толку е и времето уште три недели ако тера до крај ако е ко дада и бато уште две недели не делат
Да тие. Јас земав само по две мислејќи 800мг внесувам. Случајно сега прочитав. Знсчи за 800мг треба 6 да испијам? Знаш ли некои магнезиум цитрат што се две ќе внесам 800мг?