Хаха греота е да речам нешто.. му викам ај да ме фарбаш.. хаха вика знам?!? ајде му викам колку ќе утнеш, среди ме. Све прави сега дека лежам, па отиде ми купи на тел фарба одбрав и ме среди. Ме виде дека деновиве сум down ми треба промена.
Добро што пишавте сите дека осеќате тежина сите сме тука со недели и слични болки, баш сме друштво со мајско јунски бебиња ќе биде смешки у јули/август кога ќе се рашетаме по паркови со колички како ништо да не ни било
Ќе му кажам на докторот на контрола треба да сум петок чекам термин да ми каже, се уплашив прееска сега се движит 120 па 130 притисокот
31 недела сум ништо не осекав да ми е тешко за таков притисок, ама многу сум здебелена и водата што ја пија на мене се врзуват недај боже да почнам притисок да кревам
Ама ако утре појди кај матичната општа нека ти мери. Мене матичната ми рече сабајле вечер во 8 да мерам и да запишувам. Напрај една контрола барем 3-4 дена да видиш кога варира. и пулс број си јас рачно на откуцај во 15 секунди од рачен зглоб и множам со 4. И ќе имаш на минута пулс колку ти е. И јас имам живин за притисок хаха не верувам во дигиталниве мн мн.
Да искористам прилика додека се жалите сите и мене ми тежи мешко, последниве недела две нагло некако. Почнав да се движам како пингвин, се заморувам побрзо. 32 мм ми беше цервиксот минатата недела, докторката рече ок е. Ама имам промена во столицата, од течна и секојдневна дојдов до сува и на два дена. И кога мислам дека ме боли стомакот -матката најверојатно ме болат цревата ( ако останало некое долу пошто кога ми кркорат ги осеќам под гради). Се мислам самоиницијативно да зголемам магнезиум. Тие но спа ваљда доктор треба да ги препише или како оди? А маж ко некоја баба само трчка околу мене, не се виткај дај јас ќе ти сечам нокти, не клекнувај со споени нозе, не јади глупости,
А од која недела се мери притисок? Ја никогаш не сум имала апарат Обично ко ќе ми измерела мајка ми или некој ми е екстра низок ама по се изгледа дека сум навикната на тоа Као мора да се мери и запишува или ако општо си имала висок?
Добра вечер дами Јас со едно прашање... 22 недела и имам некои болки денес во стомакот, како цревата да се или мускулите, незнам ни јас сама. Не се константни болки туку при станување така напор кога ќе дадам. Имав вчера тврда столица и напињав малку па незнам дали е од тоа, или се шират мускулите... Дали е се ова нормално? А вчера бевме на контрола, бебуш е супер
Па ми рече така требало и јас сум со притисок 110 со 80 на моменти и 90 со 60... ама запишував и му покажав кога бев рече во ред е. Јас сум 26+3 денеска па претходната мерев.. и вака на почетокот исто ми рече.
Пулсот колку ви е ? Јас од секогаш сум имала над 100, ама мене и дури мерам ми се забрзува, инаку сега ми е од 90 до 110 некогаш, знам дека е океј во бременост да е поголем оти повеќе крв пумпа срцето.
Ќе појдам никогаш не сум имала висок притисок ама во бременост може се да биде и плус многу сум здебелена, се нервирам што матичниот гинеколог никогаш ни тежина ни притисок ми имат измерено, одев кај општиот доктор за да ми мери, јас колку што знам со првата бременост предходната докторка прво ми викаше да се мерам па ми мереше притисок
Ниту тежина ниту притисок ниту ми спомна дека треба некој Прва бременост ко изгубен германец сум Да не беше Фемина повеќе од половина од работите немаше како да ги знам
Среќа за првата бременост имав добра докторка за све што требаше да се испита ми даваше упати, а сега за вторава и јас си читам од тука и му кажувам што сакам да испитам на докторот иначе тој ќе ми дават само за крвна слика, можеби со мислите заминав предалеку ама прекламсија како се испитуват да не знаеш?
Мене матичниот гинеколог ми мери притисок, тежина и ги запишува мерките на бебето на секоја контрола (во мајчина книшка, и мене ми е прва бременост)
Ако имаш промена на притисок ќе осетиш и без апарат. Вртоглавица, главоболка, омалаксаност, гадење итн. Притисок и шеќер мерат секој ден тие кои имаат проблем со притисок и шеќер, ама не е лошо од време на време да се мери, поготово после 20 недела, ама тоа не значи дека треба со апаратчето да седиш под рака Од стрес ќе ти се крени некогаш, притисокот варира, битно е да не е константно висок.
Повеќе луѓе пишаа низ темиве, не знам точно во која, дека имаат јаки болки и пецкања под стомакот, долу ниско. Ми излезе видеово, па се надевам ќе помогне некому https://www.instagram.com/reel/DGlvUH_z1io/?igsh=d2g3ejV4NjFiaHYy