Друшки мои ист случај сум и јас.Се испаницив пред 2-3 неделии кога поцнаа болките.кога одам или стојам подолго.Втора ми е бременост ама баш затоа ме фати страв пошто со првото немав проблем и многу ама баш многу пешачев.Веднас отидов кај матичната.Нормално е вели само бебушката е ниско и пожелно е кога може да се прилегнува и да пијам Магнезол два пати дневно. Денес бев на контрола и се е супер .Инаку сум 31нед.
Здраво мамички. Еве и јас пред малку се вратив од преглед, бев да си го видам душичето и е се во ред, тешки сме 1 кг и 100 гр. што за неделите е супер почнало брзо да расте ми вели докторката и се изедначив веќе не сум недела назад туку тамн по последен мензис како што сум и терминот го мењаме, тоа ќе го пишам во другата тема Колку ли е убаво кога само убави работи ќе ти кажат на преглед и среќна и насмеана до уши излегуваш од ординацијата ете јас секој пат се чувствувам така
Е штубавко за тие што биле на контрола и што си дознале што носат како му се бебушките јас одвај чекам да дојди другата недела за на контрола леле ми се фати повеќе од месец ипол море скоро два како не сум отишла на контрола ццц каква мајка сум јас ( п.с Докторот до 17 беше на одмор а јас од 11 сум кај мојте па ке си поседам до недела оти дојде и мм демек да ме земи ама ке си приседиме и двата плус некој ден ) Само се да биди во ред то ми е најбитно вака немам ништо мака освен болки околу стомакот што се нели нормални и не се страшни ај се заприказав јас само да ве поздравам на сите и не се секирајте по многу и одмарајте по повеќе
Здраво мамички како сте?По се изгледа како што прочитав пред малку Nadege се олеснила.Гледам пишувала во темата за пукнат водењак.Ако е така нека и е честито. Јас не ве следам баш пак се разболев, аман више од кога останав трудна што не ми се случи херпеси огромни, темпераура, кандида и сеа најново напад на желудник.Само што се вратив пред два дена од геникологот добив некоја тежина на желудникот, а внимам на исхраната оти и претходно си имав вакви проблеми со него.До вечер ми стана многу тешко дури се тресев од болка,ама не знаев дали можам да пијам нешто за него обично преходно користев Омепразол или Ранитал, и така машки ги истрпев болките ама потоа морав да повратам .А, за мене повраќањето ми е нешто најгрозно во животот се брои на прсти колку пати имам повраќано, ама сега немаше бегање.Барем на крајот ми олекна пак имав болки ама барем се издржуваа, блазе си им на тие кои можат лесно да повраќаат дури и сами можат да го испровоцираат, јас не можам така.Вчера вечер истата песна пак ме болеше дури и малку температура качив од што ми беше тешко, а денеска фала богу сум подобра. Се мислам да одам на доктор ама кај кој треба да отидам кај општиот или геникологот?
јас исто имам мака со желудникот, и оштата матична докторка ми рече дека можам да пијам по еден ранитал, затоа што кога ке ме фати желудникот не можам да се исправам е сега јас сум 27 недела и затоа ми рече дека нее воопшто штетно, ама ти прашај си најубо затоа што гледам дека си 19 недела, ама мислам дека и тебе ке ти дозволат поминати се првите месеци
I jas imam problem so zeludnikot,kako ogan da imam vo nego,me gori i pece od vnatre.Se sto probav ne deluva...abe se isturiv povrakajki.Smaceno mi e veke,nemam volja za nisto.Edinstveno ko ke se napijam casa kisela voda me opusta malce.
Здраво труднички. Како сте денес? Јас сум супер, од вчера бебчо го осеќам се почесто и се почесто и се посилно и баш си пливка од една на друга страна и кога го допирам стомакот и гледам како се подига , целата се топам преубаво чувство, дај Боже секоја да го осети ова кое го осеќам јас . Инаку имам едно прашање до веќе поискусните труднички или веќе мамички, од кој месец почнува да се лачи колострум или млеко од градите и дали кај секоја трудница се јавува првото млеко пред пораѓај или пак кај секоја е индивидуално? Јас имам забележано кога се туширам околу пуките да ми навира нешто како бели бубулички, веќе 3,4 пати го забележувам тоа ама само кога се туширам, инаку нема ништо, нормални ми се градите и пупките ниту ме болат на допир нит ништо. Па се прашувам како изгледа првото млеко кај трудницата ако може некоја од вас да ми објасни оти јас сум баш off и се едно нешто околу бременоста е ново за мене
Да тоа е првото млеко т.е. колострум мене ми се појави почеток на 7-ми месец , и исто како и кај тебе бели точкички
калиас, јас и ти сме тука некаде со термините, една недела сме разлика ама кај мене уште се нема појавено колострумот или како се вика тоа? е сега тие што се пред нас нека ни кажат на кој како што им се случувало. а темава нешто ни е замрзната
Без грижа мешиња, мене првата капка колострум ми се појави ноќта пред да ми пукне водењакот. А првото млеко почна четири дена после пораѓајот, баш денот кога си дојдовме дома, само сеуште немаше доволно за да се најаде бебушот, доволна количина се појави после една недела. Ич не му се секирајте за млеко.
сакам да ве прашам нешто што не знам колку би можеле да ми одговорите ме интересира за генетски преносливи болести? мој втор братуцед од на дедо ми страната детето е психички неарно сите други братучеди дури и неговиот брат се во ред...дали мислите дека постои можност за страв?
нееееее, јас мислам дека далеку е тој ген да фати, најчесто генетски преносливи болести се од мајка/ татко, дедо/баба, и вујко/тетка/чичко, а од другите речиси е невозможно.
па и јас мислам на дедо ми брат пааа неговата ќерка има такво детенце еве сите други братучедки што се изродија здрави прави деца,ама изгледа јас највеќе паничам чул те господ далеку било ама ете све ке му текне на човек кога е во прашање дете фала ти многу
Сењоритче, јас мислев дека колострумот е како млеко да треба да тече, не сум ни јас запознаена со тоа како,што,кога ...е сега кај мене , т.е. јас забележувам дека само при туширање,дали тогаш омекнуваат градите па се јавува тоа чудо или немам појма, само тогаш забележав како точкички бели како што вели и Коритсаки, ама околу пупките, не е на пупката, не знам дали ме разбираш и потоа штом се избришам исчезнуваат, нема ништо. Еднаш пробав да ја стиснам пупката може ќе потече нешто си велам, ама ништо
Јас преска бев на општ доктор и ми кажаа дека може парацетамол да пијам ако имам температурата и реглан ништо друго.Утре да си земам плави картони и одма ќе си го земам регланот истечеле ми биле од претходниот месец.
^ ако имаш температура натопи ги чорапите со вински оцет облечи ги и легни си умоткана во кебе и топло чајче ...
Па против гадење и повраќање е регланот, а мислам дека беше и против подуеност во желудникот.Претходно пишав оти имам проблеми со желудникот и затоа