Слично сум и јас од 12та недела до крај лежев, ама сега со дете се надевам дека нема да треба. Докторкава не беше нешто исплашена, баш као океј е се за две недели дојди пак ќе мериме пак. За терапија имам само пре мама дуо, магнезиум, калциум, б12 и фолна плус аспирин. Баш ќе прашам за овие токорелакс што ќе ми каже.
@Ariel.20 Докторите сметаат дека ако е по 2.5 е ризично. Претходната бременост имав слаџ па тоа нагло го кратење грлото додека да се исчисти. Од првиот преглед сега прашувам што како ама ми рекоа немора да значи дека пак ќе има ама не се знае уште рано е за било каква дијагноза. Ке се прати па од 20та натака ќе сме виделе. Искрено стискам палци и за двете да не ни се случи истото. Јас се пазам колку можам ама моево е дете е ептен мало и бара и да ја кренеш да ја качам на кревет, во хранилка ,во количка за надвор. Исплашена сум неможам да се опуштам ни да се израдувам на бременоста како што треба.
Ставав утрогестан од 22 мислам до 35, сепак се породив во 36 и некој ден, ама бебето си беше зрело и 9 оцена му дадоа. Воопшто не мирував, не ми кажа ништо такво. Втората бременост имав крварења до 8 9 недела (на почеток немав појма дека сум бремена), ми дадоа од одма утрогестан, повторно не ми рекоа да мирувам и веднаш запре крварењето. Овојпат го пиев и ставав до 16 недела, па на прво мерење ми беше цервиксот 5 1 (19 недела), второ 23 недела 4.4. Тоа со мирување очигледно треба да се праша. Не кажуваат секогаш, а некогаш можда треба.
Дај Боже да не ни се повтори. Исто бев и јас со слаџ, кој не го гледаа или не знаеа што е па не му обрнаа внимание и се направи голема беља. Ептен низ годиниве истражував на оваа тема, за да знам што да очекувам и сегде исто пишува крварење со лежење доведува до внатрешна инфекција (не кај сите), а зошто и како незнам, малку има за слаџ низ нетов, повеќе искуства. Јас како функционирав предходно така и сега, со исклучок што не кревам тешко и навечер кога ќе легне ќерка ми јас легнувам и гледам серија или со мм си седиме и ништо не правам. Сега за сега се осеќам убаво. Прееска на кратко ми се врати цел филм од пред 5 години, цела таа паника и страв затоа и пишав, ама си викам да не си ја барам бељата, досега се е океј, за разлика од предходно. Јас сум решена да уживам сега, дека ич не уживав предходно, а со 23 год да ми се случи се тоа богами ме остаре предвреме. Сега не си давам да се осеќам лошо, не си скратувам ништо, дури и одмор планирам мм се чуди уште . Несакам пак да се навратам на тие месеци кај што сите ги изолирав, не им давав ни на моите дома да ми дојдат да не ми пренесат нешто, дека не знаеа од што е таа инфекција, сите се прскаа со алкохол пред да дојдат кај мене, маски носеа и се тресев за секоја ситница, одам во вц и ѕиркам да не крварам итн. итн. Несакам пак така и одбрав да се радувам и да не мислам на ништо лошо. Ако еднаш се случило немора да значи дека пак ќе биде. Со ќерка уште сега преуредуваме спалната, бараме облека за бебето, шетаме многу и она ко мене одмор уште сега па купачи си гледаме. Ова денес ми беше прв пат така да се испаничам, ама пак не си давам да ми трае. Ќерка за рака и во продавница се изнакупивме играчки и цел ден игра и смеа. Ништо добро не излегува од негативни мисли. Ако нема простор за паника, ако е се во ред, нема што бељата да си ја барам. Јас се изнаприкажав, извинете за долгиот пост
Исто еве крварење првите два месеци.. лежев, почнав на раб почна од 16 да се крати де има слаџ еден ќе каже па двајца нема... додека не дојде до 2.2 ии последно 26+5 сум и 1.3 сега терапии два пати антибиотици еве денеска измерено 2.1 пак ама и мн контракции имаше вчера редовни на интервали. Со магнезиум интравенозно се смирија утре идам дома и следиме на 3 дена како се движи. Лежење пак уште 10 недели пред мене .. со позитивна мисла.
Тоа крварењето какво и да е на почеток кафено црвено прави некоја инфекција внатрешно како заостаната крв којзнае како изгледа… после па од лежење уште толку. Мојата докторка од Систина во минатата бременост ми викаше… ах бе душо мора да те тешам дека не е страшно кафено е … ама не е без ништо, нечини ниедно крварење во бременост. Посакувам ниедна бремена жена да не види крв никогаш. Јас сега во вторава бременост секое одење во вц ми е терор, очите прво на гаки ми одат па после седнувам на шоља. Веќе сега крај на 6ти месец по малку почнувам да се олабавувам дека изгледа овојпат ќе станам мајка и ќе успеам … иначе тој страв останува засекогаш
Јас околу 6та недела имав крварење и тоа ептен малку, па ден денес прво тоа гледам, или ако осетам секрет одма мислам крв дека е..а и двеве последни недели ми се стресни и си викам не се нервирај да не си направиш беља, ама ај не се нервирај, и така цело време, кога возбудено, кога исплашено..
Утре е денот на жената, денес ми излегоа триста постови како жената треба да е силна … јас воопшто не сум поборник да бидеме силни… зошто една жена треба да е нежна и заштитена… силна жена станува само кога ќе и се случи нешто лошо, зошто нема избор. Ако се видам себеси пред една година кога го изгубив првото бебе и денес, јас сум поинаков човек … којзнае дали за добро или за лошо. Затоа утре сите да прославиме да бидеме многу сакани и згрижени а не силни
Ама на крајот од денот, крвареле, не крвареле, имале слаѓ или не, се кратело или не се кратело грлото, предвремено породени или во 41 недела, инфекции, стравови за кои сме трбале или не сме требале да се грижиме… на крајот од денот, многу жени со сите овие проблеми па и поголеми донеле на свет, живи, здрави и убави бебчиња ❤️ Секоја труднуца си посакува лесна бременост ама мислам дека поважно од оваа лесна што викаат школска бременост е да донесеме на свет живи и здрави бебиња. Во најтешките моменти, ова треба да ни биде главната мисла, нашата крајна цел за која треба да сме спремни да издржиме се. Некои битки во животот не се добиваат лесно , а за некои само ние самите можеме да се избориме( без разлика колку и другуте да сакаат да ни помогнат)ама битно е на крајот да држиме во раце, живо и здраво бебе. Се друго лошо се заборава за миг ❤️
И кај мене го имаше па го немаше, на крај ми дадоа антибиотик не памтам кој ама знам беше доста јак, дури се мислеа дали да го пијам, две цели недели го пиев и го снема скроз слаџот. Мислам желудникот ми се дупна, ама барем се исчисти и здивнав малку. Плус октаницепт спреј 4 пати на ден по 5 мл, со шприц ставав месец дена. После 2 недели вагиналети ставав насабајле и навечер за да си ја вратам микрофлората. Од апчиња незнам што се пиев знам три пати на ден по една шака апчиња, што витамини што терапија за контракции дека процесот на раѓање беше скроз почнат кај мене, јас се отворив 1 цм. Знам метилдопа и спазмекс пиев, плус уште некои што не ги памтам, магнезиум од 1000, прогестерон депо се боцкав од почеток два пати неделно плус утрогестан два пати на ден. Правев се за да не се потресувам, гледав само смешни лесни серии, читав романтични книги, околу мене немаше никаква лоша вест или караница, ништо не правев и не ме интересираше буквално, лежење и си барав како да ми помине времето. Плеј стејшн си купивме, игравме јамб со мм, карти табла после работа. Натпревари за готвење знам следев и некако го исполнував времето. За по дома ангажирани беа сите освен јас. И поминува времето. Се што не беше поврзано со бременост ми ги тргаше мислите и времето си поминуваше. Те разбирам дека ти е тешко и долго со тебе ќе остане ова и знам дека од вака непозната нема нешто многу да ти значи, ама дур да трепнеш се поминува. Пет години поминаа и уште ми е ко вчера кога седев на земја пред купените работи за бебе и се молев што побрзо да поминат тие два месеци, да влезам во 9ти и да биде се во ред, си викав се ќе направам само побрзо да минуваат деновите. Сега ми е само сеќавање и имам нови мајчински предизвици . Тешко е психички да се издржи многу, треба многу ментална хигиена, бидејќи нечиј живот зависи од тебе, а рацете ти се врзани и се е оставено на Господ и Божјата милост. Знај дека се правиш што треба и моли се. Ќе биде се, имај верба, смирение и трпение. Тоа што го поминуваш ти го поминува и твоето бебе, знај дека ќе биде борец и тоа како мама. Утре ќе биде бебче, па детенце и ќе дојде и ќе ти каже те сакам мамо и ќе се стопиш секој пат. Ќе знаеш дека и да треба 1000 пати ова да го поминеш, ти 1001 пат ќе си спремна само за тие очиња што ќе те сакаат најмногу на свет. Брзо ќе поминат и тие 10 недели
Да Ариел, имаш поминато многу е психички тешко... вчера не заспав значи будна сум више два дена, сега си зборам себе да заспијам да одморам мозок.. сама сум немам цимерка, ја породија и во друга соба ја однесоа. Вчера читав вечерта една молитва малку да се смирам во 5 сат наутро ми дојде некоја паника дека и око несклопено и кога почнав да плачам и мм на паузи спиел па ми пиша баш тогаш го исплашив и зборевме еден сат се смирив. Ама не заспав цел ден. Реков денеска едно човече од нас зависи еве све што можеме правиме да му олесниме.. па другото е посилно од нас. Фала на споделеното искуство. ❤️
Се измерив, имам плус пет кг за две недели. Точно како почнав да пијам дабростон. Јадам два пати дневно, не е нешто најздраво ама ништо различно од претходно. Ми е страв искрено некое хормонско пореметување да не имам
Те запамтив дека сме исто со неделите, баш те мислев да не се породи До кај си? Има бебка знаци за излегување?
Ќе биде се во ред, мисли позитивно само макар колку и да ти изгледа тешко во моментов. Сакав да те прашам што е тоа слаџ? Читав низ постовите и не успеав да сфатам за што точно се работи?
Баш денес бев на цтг, уште нема, мирно си е. Јас затворена, болки немам… не знам што чека ми кажаа дека малку е намалена плодовата вода, а и протоците се намалени така да се очекува кај и да е. Понеделнички термински рекоа да дојдам сабајлето ако не излезе до тогаш. Не знам што ќе се случува ако не се отварам и тогаш ама ќе видиме. Да се доодморам викендов ако не Кај тебе каква е ситуацијата?
И јас пиев Панцеф заради уринарна и грип во исто време, во 13-14 недела, мислам дека побезбедно е апчето отколку високата температура, јас не успеав да ја симнам 8 дена